Скај: “Република Македонија – Скопје“ на кирилица е новиот предлог на Нимиц
Името “Република Македонија – Скопје“ напишано на кирилица е новиот предлог на специјалниот посредник на ООН, Метју Нимиц, јавува грчкото радио “Скај“ повикувајќи се на извори од централата на ООН.
Нимиц го предложил тоа име на синоќешната средба меѓу преговарачите на двете страни Адамандиос Василакис и Никола Димитров. За разлика од минатите средби каде Нимиц даде повеќе различни предлози сега тој понуди еден предлог.
По средбата со преговарачите Нимиц изјави дека предлогот не е сто проценти прифатлив за двете држави, но се надева дека ќе го разгледаат сериозно и ќе најдат решение.
Тој призна дека во предлогот ја вклучил географската димензија. Уште не се знае дали предлогот ќе биде за меѓународна или билатерална употреба.
Меѓу двете страни повторно нема согласност, но Нимиц очекува брз одговор. Прашањето за името треба да биде решено до 3 април, кога на самитот ќе се одлучува за членството на Македонија во НАТО.
Republika Makedonija - Skopje.
1. Како што кажа Мацедалиен, за цел свет ќе бидеме познати како Скопје (или Скопџе)
2. Латиничен изговор: Република Македониџа - Скопџе
:nenene: