Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Јас би рекол дека она интересното допрва следи ... :)
Добро да, ама во овие 20 дена се навикнавме некако на да ги гледаме кошаркариве на секои 2 дена, сеа чудно ќе ни биде до олимпијадата. :)
 
Еurobasket 2011, meh, just youtubeit.
 
Замислете денес да имаше референдум за името. Во целата еуфорија какви ќе беа резултатите.
 
Јеп + близнаците поискусни поради ова што помина :)

Војдан потпишал за некој Украински тим а се шушка дека може и во Италија да игра...со самото тоа што ќе игра во појака лига тој добива на искуство и за година дена би гледале 3 пати појак Војдан под услов да потпише во Италија.Самарџиски ете го и тој потпиша за тим во Литванија што значи дека и тој како и Војдан ќе треба да стекне повеќе искуство и да гледаме доста појак Предраг од овој на ова европско првенство.
Од дечкиве очекувам доста на наредното европско кој што едвај чекам да дојде :)
 

Како шо напишав поназад ,на потег е МКФ и Агенцијата за млади и спорт.А за ваквите позитивни ефекти (станувањето на децата од компјутер) благодарност до кошаркарите.

Баскетот повторно затропа по дворовите, се вадат обрачите и таблите од подрумите и гаражите
icon_at_textsize.gif


Колку малку треба да се разбуди надежта. Огромниот успех на македонската кошаркарска репрезентација ја сплоти нацијата и го врати во маалата спортот кој сериозно е загрозен од компјутерските игри и интернетот. Младите се идентификуваат со кошаркарските херои, се вадат подзаборавените обрачи и табли кои татковците одамна ги ставиле во подрумите и гаражите, баскетот повторно затропа во дворовите на зградите и по улиците.


1.jpg


3.jpg

Со посилен натпреварувачки дух од кога и да е и разбиени комплекси малата Македонија врти нов спортски лист. Успехот сигурно нема да дојде сам и преку ноќ, но еуфоријата која се создаде по извонредниот успех на македонската кошаркарска репрезентација треба и мора да се искористи и правилно да се усмери огромната позитивна енергија што овие денови силно се чувствува.


2a.jpg

На „Мирче Ацев“ повторно се игра кошарка​

Подвигот што го направија нашите кошаркари верувам ќе поттикне многу млади да се испробаат во кошарката, па кој знае, можеби тука некаде околу нас во нашето маало ќе изникне некој нов Антиќ, Илиевски, Стојановски, Самарџиски, Гечевски или ас од калибарот на нашиот Мекејлеб(овски).

20.09.2011 00:01


Горан Момироски​

Прочитана е : 76 пати​



© 2011 Ohridnews.com
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
....аииии што ли беше сега ова, каков дочек, ауууу страшно !

Одличен дочек, ја глеав првата половина, а втората ја глеам на Сител 3.

Она што ме нервира се репортерите од Шител. Вакви аматери неам видено.

Ивона: Перо Антиќ има највише тетоважи по глава на жител ахахаххахах :tapp: И едно сто пати така се изнасмеа глупо, ми идеше на живци.

Се надевам дека пречекот на ракометарите ќе го пренесува Игорче или некоја друга телевизија:D
 
Шител репортажа...искрено се прашувам како кошаркарите не ја фрлија од автобус.

Каде живеете во Скопје? - Јас не живеам во Скопје (Соколов).
Епа тогаш каде седите кога сте во Скопје? :pos:

Значи што и да прави Сител џабе е, мора на крај да излезе лањо производ од се што ќе пипнат...

Ја да сум го Динго, ни бонове не дајем :icon_lol:
 
Полошо неможеле да смислат!!!!!!!!!!! :mad:

Сакавме да имаме прослава за паметење, совршена како што им доликува а сега ќе биде обична со неколку илјади што ќе добијат топлотен удар.
Колку ли само погрешно мислеше... ;)
Сепак испадна преубо, достоинствено, како што и доликува за овој успех...море, преќекот беше како да се Европски шампиони! Едно големо БРАВО! Денес се почувствував многу горд, горг што сум во овој момент тука во МАКЕДОНИЈА, горд што сум МАКЕДОНЕЦ! (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom