Од друга страна, причина плус заради што те прашав е затоа што кога веќе зборуваш за правниот систем на Р.М., а се нафаќаш да цитираш членови од закон и нивната контрадикторност со смислат ана правниот систем во Р.М. ондак зошто не почнеш со Уставот? Тој и онака ти е основната рамка за она што тебе те интересира. Е сеа бидејќи бараш контрадикции сами по себе, мене лично, како правник, воопшто не ме загрижува ова со дискриминацијата на хомосексуалците како и одредбите кај биометриско-потпомогнато оплодување. Повеќе ме загрижува фактот што во Уставот на Р.М. стои дека секој има право на работа и дека има еднакви шанси при вработување и стапување во работен однос, додека истовремено имаш Закон за Работни односи од 2005 година кој е менуван и лоботомизиран, небаре франкенштајн, и ниту се знае кој пие и кој плаќа. Дури ни законодавецот не знае да го толкува тоа чудовиште што го има направено.