За жал не е возможно, иако навистина изгледа ептен нелогично. Веднаш, со самото впишување во именикот на адвокатите (и добивањето на лиценца) ќе мораш да почнеш да плаќаш придонеси, познавам еден мал милион случаи кога адвокати отпочнале со работа дури и по 2-3 години од впишувањето во именикот, а подоцна биле задолжени да си ги платат придонесите за целото време (како да работеле). А ако извадиш лиценца само, а не отпочнеш самиот со работа како самостоен адвокат, туку се вработиш кај друг адвокат, тогаш не плаќаш самиот придонеси, туку твојот работодавач и во тој случај не постојат погоре опишаните погодности.