- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 708
- Поени од реакции
- 727
За жал не е возможно, иако навистина изгледа ептен нелогично. Веднаш, со самото впишување во именикот на адвокатите (и добивањето на лиценца) ќе мораш да почнеш да плаќаш придонеси, познавам еден мал милион случаи кога адвокати отпочнале со работа дури и по 2-3 години од впишувањето во именикот, а подоцна биле задолжени да си ги платат придонесите за целото време (како да работеле). А ако извадиш лиценца само, а не отпочнеш самиот со работа како самостоен адвокат, туку се вработиш кај друг адвокат, тогаш не плаќаш самиот придонеси, туку твојот работодавач и во тој случај не постојат погоре опишаните погодности.Ммм паметно. Мене ми останува дилемата...бидејќи моментално чекам вработување во приватна фирма (катастар, имотни работи, правен консалтинг), дали ако ете да речеме во јануари извадам лиценца морам и да отпочнам со адвокатура (не ми е логично да морам), отворам канцеларија или се вработам како адвокат или јас истата можам да ја извадам, да ја имам, а адвокатура да почнам кога јас ќе решам?