Ауф!!!!
Вака сега:
Жалба до апелационен суд, како прво, во која жалба пресудата ќе биде обжалена поради сите причини за изјавување жалба:
- неправилна примена на материјалното право
- повреда на Законот за парнична постапка (формалното право)
- нецелосно утврдена фактичка состојба
Во таа жалба ќе биде наведено се она за кое сметате дека е погрешено, а кое го наведуваш и во твојот пост. Последна инстанца е врховниот суд, со поднесување на вонреден правен лек (Ревизија, Повторување на постапката). Инаку, за да стигнеш дотаму е потребно првин да поминеш низ Апелацијата, а според она кое јас го знам, Претседателот на судот е еден навистина принципиелен човек, за судиите незнам.
Можно е судија да биде истеран од работа од Републичкиот судски совет, кој ќе ги именува судиите, но кој сеуште целосно не е оформен (не се избрани уште три судии, мислам), и слободно може да напишете една претставка до него.