Правите разлика во облека и шминка за дневно излегување и за вечерно излегување?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
...Да, правам разлика. Преку ден е некако полежарно, нема дречлива шминка, нема фризуре. А навечер е поинаку ама сепак нема претеруање.Ама кога збориме за мене но има некои кои воопшто не прават разлика ден-ноќ.мразам тоа
 
...Па и не баш...Може имам малку повеќе шминка на мене... Но стално ја носам облеката во која се чувствувам најкомотно, така да, речиси и да нема разлика меѓу појата дневна и ноќна облека...
 
Не правам разлика туку сум параноична на овие работи! Кога некое парче облека го носам преку ден, останува запечатено за преку ден и толку. Се случувало и да купам нешто за излегување, па од што ми е убаво и не толку свечено, да го облечам преку ден и на тоа останува. Не го облекувам истото за излегување никогаш повторно.
Обожавам на работа или на кафенца да шетам по патики или балетанки со поопуштена облека, но знам често и да се поддотерам. Знам да облечам и некоја штикла и пообична сукња или фустанче или малку повеќе шминка и за преку ден. Тоа се разбира не се работи со кои излегувам, туку само понеспортски варијанти во кои се чувствувам удобно и во моменти кога имам појќе нерви за спремање.
А за вечерните излегувања ... леле ужас. Штом облечам еднаш нешто, шубе ми е да го облечам истото пак, посебно ако се работи за фустанче кое не се комбинира со ништо. Па секое наредно излегување (секако морам да признаам дека ретко шетам) обавезно купувам нешто ново. Макар ситница да е, морам да сменам! Посебно облеката која ја купувам за свадби или за други посвечени моменти ... ах, сите тие парчиња ми се по еднаш облечени и ми скапуваат во плакар. А толку се убави, мамата нивна.
Морам да ја сменам таа одвратна опседнатост, пред да бидам спремна да отворам цел бутик со апсолутно нова облека!:nesum::)

Со шминката не правам поголеми промени. Постојано ставам препорачан крем и пудра на лицето. Преку ден тоа го надополнувам само со скоро безбојно карминче и римел, а за вечерните излегувања ставам и сенка, која исто така ретко ми е нападна.
 
Нормално. Преку ден само крем, пудра, маскара и сјај за усни, а навечер и сенка за очи...А за облека, се случува во сабота на кафе (за преку ден) да носам штикли, ама поретко, посебно зимава, а недела обавезно за на кафе си сакам по патики. За на работа мора некоја средина да се најде, значи ни ептен дотерана ниту пак спортски. :toe:
 
преку ден ептен спорт сум и без шминка-за излегување дотерана,нашминкана...
 
преку ден у некоја лајт варијанта -џинс ми е секојдневие , за вечерно се знае малце поразлично :) :) Ме нервираат типови што не разликуваат па и у 15 ч се како елки , жалосно:nesum:
 
za denski neutralna sminka,sjajce na usnite, poniski cizmicinja ili cevlicinja.
za navecer pojaka sminka,karmin,sjaj,crno kreonce,maskara,suknicki,cevli ili cizmi na stikla..
 
За шминка искрено не правам разлика, на моите скромни 15 години доволно е само маскара,креон и малку пудра(или воопшто да не ставам). Понекогаш ми се случува да ставам светкава сенка на очите ама скоро и да не се приметува.
За облека пак, правам разлика(ама не некоја голема.. токму поради мојата возраст).
Денски сум секогаш во патики и само патики, а за навечер облекувам штикли, ама пак зависно од тоа кај излегувам. Претежно носам само во саботи кога одиме по дискотеки, а за се останато не ни носам.
 
за шминка и не правам толкава разлика, зошто никогаш не користам премногу и нападна шминка. преку ден обично ставам пудра, руж, сјај за усни и креон, а вечер на истото додавам само сенка и маскара и поретко кармин
а за облека правам донекаде, главно во маичките кои гледам да ги поделам на дневни и вечерни, а може да се случи да излезам навечер и по фармерки што сум ги носела и во дневни прилики.
Со други зборови сакам да бидам природна и не вршам некоја значајна трансфомација од дневно во вечерно излегување (освен во посебни прилики), но гледам колку толку да ги разграничам и да му дадам белег и на едното и на другото
 
Да, правам разлика во облеката обично. Преку ден сум секогаш со патики, по спортски сум облечена, а навечер...па зависи каде одам, обично штикли носам, ама сепак не сум многу свечено облечена, едноставно не обожавам да се опретерувам со накит и со некои светлуцави парчиња облека, сакам нешто едноствано, убаво и секси. Се случува и да облечам патики за вечерно излегување, се зависи од расположение и место. Шминката ми е скоро иста, не се шминкам нападно, најчесто користам само пудра, римел, креон и руж и за преку ден и за навечер. Може некогаш и сенка за навечер, ако и се сака на другарка ми да ме нашминка :icon_lol:
 
праам разлика за дневна шема обично ставама маскара руменило сјај и тенок слој пудра а за вечерно искачање ставам и сенка туш зависи од облеката и кармин
 
СЕ знае. навечер шминката би требало да е понападна и по интезивна додека преку ден би требало да се употребува послба и понежна шминка.Барем јас така правам
 
Не правам голема разлика.

За преку ден, за во школо и за на кафе, што се однесува до облека, се облекувам колку што е можно поедноставно. Кога станува збор за шминка, римел, понекогаш многу малку туш или моливче, и кармин, тоа ми е стандардно и за преку ден и за навечер.

За искачање, во однос на облеката, ми се случува доколку се случи да бидам принудена да одам на некое пофенси место да облечам и фустан/суќња, ама тоа е премногу ретко. Штикли не носам, освен зимно време чизми на многу ниска штикла, кои можам и преку ден да ги носам.
Сепак, имам 16 години. За штикли и свечена облека имам уште 10 години пред да почнам да ги применувам. Доколку почнам да излегувам на места кај што тие се задолжителна униформа.
 
Мала разлика има во шминката. Туш, римел, перли и кармин користам со тоа што навечер, разликата е подебелата линија на тушот и со тоа повеќе се истакнуваат очите, карминот исто е повпечатлив. на пример црвен :icon_lol:

Што се однесува до облеката, голем дел од неа не ја делам на вечерно и дневно излегување. Повеќето ми се туники и преферирам хеланки, па така да можам да ги носам и преку ден и за навечер, нормално ова второво се комбинира со некоја по екстравагатна маица. Штикли постојано носам, па зависно од обврските бирам дали ќе облечам пониски или повисоки.
 
Па да, дење сум по кежуал, а навечер обожавам да си се дотерам по мерак :) Без претерување, секако..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom