Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Наброени се, тие кои ја разбираат бинарната логика и тие кои не, вкупно 10

Е ми, дека се? :confused:
--- надополнето: 18 април 2012 во 16:59 ---
Јас не ја знам, ти ја знаеш?

Ц....
Ај Ти кажи ми ја...:D
--- надополнето: 18 април 2012 во 16:59 ---
А имиња и презимиња ЈОК

Зш бе?...
 
Е ми, дека се? :confused:
Ѓомити инџилер си да го .., Си се скарал со бинарните.
01 што ја разбираат бинарната логика
10 што не ја разбираат
Вкупно 10 (бинарно)
Ц....
Ај Ти кажи ми ја...:D
Е роди бабо дете ебаго, ти кажувам не ја знам :D
ЗТ
 
Колку ми е познато, „бинарно („0/1„, или „вклучено/исклучено„) „размислуваат„ само дигиталните уреди а не разумните битија.

Токму така, Мики, токму така ;)

Се‘ што не е православен верник, може да биде било каков верник. Верник во природата, верник во животните, верник во тотемите, верник во науките, верник во самиот себе, верник во овој или оној идол....

Не е точно. Некој може да биде и атеист, а некој може воопшто и да нема став по ова прашање. Такви се, на пример, идиотите. За крај, имаш и професионални (природни и патолошки) скептици, кои по дефиниција се спротивни на верници. ...или можеби ќе кажеш дека и скепсата е верување во неверување?!?

Пошто со математиката се занимава само родот човечки, а човекот е дел од природата, тогаш, каде „постои„ математиката? Таму, овде, некаде?...

Тоа и Е проблемот со твојата перцепција во случајов. Математиката, Мики1, не постои! Математиката е ментално конструиран систем. Математиката е АПСТРАКТНА категорија. Тоа што овој систем од алатки се користи во сите останати науки треба доволно да ти посочи зошто истата едноставно не може да се смета за природна наука. Математиката е јазикот со кој се објаснуваат природните науки. Во научна терминологија, математиката е БОГОТ на науките.

Хммм, ова „природно-математички, „сепак „иде„ заедно а не одвоено, така да математиката, тешко дека ќе ја одвоиш од природата, небитно што и аритметиката и геометријата се прилично апстрактни категории, својствени за човековиот ум а не за било чиј ум...
Сепак, не иде заедно, туку одвоено. Тоа што придавката природно-математички е одделена со тире треба да ти каже дека тие два збора едноставно не одат заедно. Затоа и служи тире-то - за да спои два збора кои не се за заедно, нели? Тоа е у IV-то одделение.

Математиката и тоа како можеш да ја одвоиш од природата. Прашај како!
 
Многумина се запнаа околу „нетрпеливоста“ на слободната волја на човекот и семоќноста на Бога, т.е. околу конструкцијата: ако Бог ја знае иднината, човекот нема слободна волја.
Ова го тврдат бидејќи премолчено го „сместуваат“ Бог „во времето“.

Времето, пак, ние не знаеме дали постои или не... единствено го „препознаваме“ според промените кои ги посматраме со свои очи и разум (ден, ноќ, физички промени на нашите тела итн.), и така го дефинираме. Што не е сосема погрешно... од наш аспект.

Значи ние се менуваме (растеме, созреваме, старееме, умираме)...
Меѓутоа, Бог не е „во времето“, туку е „Оној , Кој вечно постои“ (1.Мој. 3,14). Не е променлив. Тој Е.

Да не редам цитати, поентата ми е дека ние, луѓето, го гледаме она што е „во времето“ (т.е. е времено) и тука постои научен метод и појаснувања на настаните, причините и последиците, т.е. постои наука, која е плод на нашиот разум: се служиме со својот разум и го разбираме светот околу нас втемелен во времето, карактеризиран со свои мерливи промени...

За вечното (или она што е „од другата страна на времето“) знаеме од опитот на некои луѓе кои го виделе она што „око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна...“ (Исаија 64, 4). И да, тука не е применлив научниот метод. Оти тој е „од времето“.

P.S. Ова се однесуваше на една расправија со Ставрогин од претходните страници, а и индиректно за „предестинациското“ (мислам дека беше оригенистичко) сфаќање на постапките на Јуда Искариот, спомнати погоре, извинете ако „одлетав“ од тековната дискусија. :)
 
Колку ми е познато, „бинарно („0/1„, или „вклучено/исклучено„) „размислуваат„ само дигиталните уреди а не разумните битија.
Хм....што мислиш дали следнава поставеност на работиве не е бинарна:
Добро и зло, Ангели и Демони. Пекол и рај. Грешник и верник.....?:)
 
Многумина се запнаа околу „нетрпеливоста“ на слободната волја на човекот и семоќноста на Бога, т.е. околу конструкцијата: ако Бог ја знае иднината, човекот нема слободна волја.
Ова го тврдат бидејќи премолчено го „сместуваат“ Бог „во времето“.

Времето, пак, ние не знаеме дали постои или не... единствено го „препознаваме“ според промените кои ги посматраме со свои очи и разум (ден, ноќ, физички промени на нашите тела итн.), и така го дефинираме. Што не е сосема погрешно... од наш аспект.

Значи ние се менуваме (растеме, созреваме, старееме, умираме)...
Меѓутоа, Бог не е „во времето“, туку е „Оној , Кој вечно постои“ (1.Мој. 3,14). Не е променлив. Тој Е.

Да не редам цитати, поентата ми е дека ние, луѓето, го гледаме она што е „во времето“ (т.е. е времено) и тука постои научен метод и појаснувања на настаните, причините и последиците, т.е. постои наука, која е плод на нашиот разум: се служиме со својот разум и го разбираме светот околу нас втемелен во времето, карактеризиран со свои мерливи промени...

За вечното (или она што е „од другата страна на времето“) знаеме од опитот на некои луѓе кои го виделе она што „око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна...“ (Исаија 64, 4). И да, тука не е применлив научниот метод. Оти тој е „од времето“.

P.S. Ова се однесуваше на една расправија со Ставрогин од претходните страници, а и индиректно за „предестинациското“ (мислам дека беше оригенистичко) сфаќање на постапките на Јуда Искариот, спомнати погоре, извинете ако „одлетав“ од тековната дискусија. :)
Па што дури и да е така. Воопшто не е битно дали ти можеш да видиш "од другата страна на времето“. Госпот може, бидејќи е сезнаен, да види што е и од оваа и од онаа страна на времето. И ете, знае, ама пак не знае што ќе одлучи нашата слободна воља.
 
Историското време, овде, ние го набљудуваме како линеарно, како причинско - последичен след на настани и не ја знаеме иднината оти сеуште не сме ја создале.
Бердјаев вели дека егзистенцијалното време не е линеарно, туку попрво би можело да се претстави како точка.
Ако Личноста живее во „време“ кое не е „филмска лента“ (т.е. Личноста егзистира „надвор“ од историското време), тогаш времето не „тече“, поимите „минато“, „иднина“ и „сегашност“ губат смисла... оттука и „знаењето на иднината“ и „предодреденоста“....
И да, на тој начин, слободната волја на човекот и Божјата семоќ (ми се чини) не се исклучителни....
 
Што е до мене, Бердјаев може да тврди дека времето е во форма на ќурка. Времето постои со се термините минато сегашност и иднина и е физичка величина неопходна да се опише еден систем во нашиов универзум, а богами и самиот универзум. Во моментот пред да го напишам ова, ентропијата на целиот универзум беше помала од сегашниов миг, кога го пишувам постов. Подоцна, кога ти ќе го читаш, ентропијата ќе биде уште поголема и со секој нареден момент се повеќе и повеќе ќе расте. Затоа, во нашиот универзум е еднозначно одредено што е минато, што сегашност, што иднина, и оттука е законот за каузалитет кој не може да се прекрши токму поради ваквата секвенцијалност на настаните. Госпот кој создал таков универзум мора да знае што ќе се случи во секој момент.
 
Е, добро де... шо реков јас поинаку?!
Нели напишав дека времето единствено го препознаваме преку промените? Дека промените се мерливи и дека преку нашиот разум ги осознаваме и дефинираме, па на некој начин го дефинираме и времето?
А Бог е непроменлив и затоа - надвор од времето.
Според тоа, нашата перцепција на времето базирана на промените не може да биде основа да заклучиме дека Бог ја „знае иднината“. За Некој за Кој времето не постои, не може да постои минато, сегашност и иднина...
 
Болдираните ти се претпоставки, ти тоа не го знаеш, и да постои бог ти не можеш да кажеш што за него постои и дали е непроменлив, не си му рамен за да го знаеш тоа.
 
Нели напишав дека времето единствено го препознаваме преку промените? Дека промените се мерливи и дека преку нашиот разум ги осознаваме и дефинираме, па на некој начин го дефинираме и времето?

И ерекцијата се мери само преку препознавање на промената. Нема што ти да го осознаваш и дефинираш, времето е утврдена димензија со најелементарните закони на универзумот.

За Некој за Кој времето не постои, не може да постои минато, сегашност и иднина...

Сезнаено битие мора да знае за се, вклучувајќи и за времето, бидејќи тој самот го креирал таквиот универзум во кој времето тече според тие утврдени законитости. Ако не знае, не е бог, туку ситен заебант.
 
Што е до мене, Бердјаев може да тврди дека времето е во форма на ќурка. Времето постои со се термините минато сегашност и иднина и е физичка величина неопходна да се опише еден систем во нашиов универзум, а богами и самиот универзум. Во моментот пред да го напишам ова, ентропијата на целиот универзум беше помала од сегашниов миг, кога го пишувам постов. Подоцна, кога ти ќе го читаш, ентропијата ќе биде уште поголема и со секој нареден момент се повеќе и повеќе ќе расте. Затоа, во нашиот универзум е еднозначно одредено што е минато, што сегашност, што иднина, и оттука е законот за каузалитет кој не може да се прекрши токму поради ваквата секвенцијалност на настаните. Госпот кој создал таков универзум мора да знае што ќе се случи во секој момент.

Времето како физичка величина постои само од причина што ние имаме потреба од тоа за да ги лоцираме и опишиме настаните а не како физичка реалност.
 
Исто е и со сите мерки, за сите сме створиле потреба да ги измериме
 
Времето како физичка величина постои само од причина што ние имаме потреба од тоа за да ги лоцираме и опишиме настаните а не како физичка реалност.
Времето и просторот се испреплетени во една целина која се нарекува просторвреме, и таа итекако е реална физичка реалност. На времето влијаат брзината и гравитацијата и токму затоа сателитите мора да се штелуваат, поради различната брзина поради која тече времето на првршината на земјата и во орбитата. Доколку времето беше имагинарно, тогаш немаше да има потреба од такви приспособувања.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom