Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Болдираните ти се претпоставки, ти тоа не го знаеш, и да постои бог ти не можеш да кажеш што за него постои и дали е непроменлив, не си му рамен за да го знаеш тоа.

За ваквото знаење ти реплицирав на една друга тема.
Сосема е точно дека не можам никогаш да Му бидам рамен, ниту да Го „осознаам“ и тука веќе настапува големата разлика на источната (апофатичка) мистична и западната (рационалистичка) теологија.
Јас не сум „квалификуван“, ни по образование, ни по спознание да спорам понатаму, но, прифаќајќи го знаењето на оние од пророштвото на Исаија, цитирано погоре, ќе ги спомнам „За Божествените имиња“ - свети Дионисиј Ареопагит и „Правилно исповедање на православната вера“ - свети Јован Дамаскин (и двете ги има на македонски јазик во издание на Табернакул и Икона, соодветно).

Сезнаено битие мора да знае за се, вклучувајќи и за времето, бидејќи тој самот го креирал таквиот универзум во кој времето тече според тие утврдени законитости. Ако не знае, не е бог, туку ситен заебант.
Законитостите (научни) ги создале луѓе како мене и тебе, како апроксимации со кои најдобро може да се опише она што е „во времето“, па ќе се осмелам да речам, го конвенционирале и самото време (преку мерки и стандарди). Не гледам како тоа ја исклучува семоќноста и сезнаењето Божјо? Велам само дека, по моето сфаќање, за Некој Кој Е безвремен, знаењето за времето е неспоредливо поинакво од нашето, кои го набљудуваме историското време како време кое тече....
 
За ваквото знаење ти реплицирав на една друга тема.
Сосема е точно дека не можам никогаш да Му бидам рамен, ниту да Го „осознаам“ и тука веќе настапува големата разлика на источната (апофатичка) мистична и западната (рационалистичка) теологија.
Јас не сум „квалификуван“, ни по образование, ни по спознание да спорам понатаму, но, прифаќајќи го знаењето на оние од пророштвото на Исаија, цитирано погоре, ќе ги спомнам „За Божествените имиња“ - свети Дионисиј Ареопагит и „Правилно исповедање на православната вера“ - свети Јован Дамаскин (и двете ги има на македонски јазик во издание на Табернакул и Икона, соодветно).
Некако насловиве не ми личат баш дека се однесува на материјата за која стана збор, зарем Ареопагит и Дамаскин му се рамни за да знаат?
Бај д веј го има и Кастанеда на македонски, со вот, биг дил...
 
Не можеш да знаеш ако не ги прочиташ, нели? ;)
Тоа со македонскиот јазик, сакав само да кажам дека се лесно достапни. И супер дека го има и Кастанеда на македонски... it is a big deal, indeed!
 
Законитостите (научни) ги создале луѓе како мене и тебе, како апроксимации со кои најдобро може да се опише она што е „во времето“, па ќе се осмелам да речам, го конвенционирале и самото време (преку мерки и стандарди). Не гледам како тоа ја исклучува семоќноста и сезнаењето Божјо? Велам само дека, по моето сфаќање, за Некој Кој Е безвремен, знаењето за времето е неспоредливо поинакво од нашето, кои го набљудуваме историското време како време кое тече....
Не, ич да не се осмелуваш. Законитостите на универзумов не се создадени од луѓе, туку се откриени и верифицирани од луѓе. Ја не зборувам за "историско време", што и да ти значи тоа, ниту за мерки и стандарди, туку за длабоко елементарна физичка димензија на универзумот. 200 години термодинамика тврдат дека е така и нема ниту еден аргумент против. Времето тече еднонасочно, од минатото кон иднината и ништо не може да го промени тој факт. Затоа каузалноста е неизбежна. Богот може и безвременски и севременски и врнежлив да биде, ама мора да знае што ќе се случи во секој нареден миг. Ова е наука, не алифатична мистична филозофија на св. екрем невропатит.
 
Некако насловиве не ми личат баш дека се однесува на материјата за која стана збор, зарем Ареопагит и Дамаскин му се рамни за да знаат?
Бај д веј го има и Кастанеда на македонски, со вот, биг дил...
Знењето не е рамнење со Бога, напротив откривање на ниво на личносна релација, во која човекот има можност безгранично, вечно, неисцрпливо да осознава и да знае.
 
Знаењето Е рамнење со бог. На обичен смртник не му е достапно да знае, посебно за божјата природа (ако постои се разбира). Гностицизмот одамна изумре, не затоа што му поминало времето, туку поради неможноста да се знае.
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:27 ---
Не можеш да знаеш ако не ги прочиташ, нели? ;)
Тоа со македонскиот јазик, сакав само да кажам дека се лесно достапни. И супер дека го има и Кастанеда на македонски... it is a big deal, indeed!
Се и не може да се прочита, и 9 животи да имам па е малку. Еве ти штом си ги читал кажи дали е или не е поврзано со прашањето.
 
Не, ич да не се осмелуваш. Законитостите на универзумов не се создадени од луѓе, туку се откриени и верифицирани од луѓе. Ја не зборувам за "историско време", што и да ти значи тоа, ниту за мерки и стандарди, туку за длабоко елементарна физичка димензија на универзумот. 200 години термодинамика тврдат дека е така и нема ниту еден аргумент против. Времето тече еднонасочно, од минатото кон иднината и ништо не може да го промени тој факт. Затоа каузалноста е неизбежна. Богот може и безвременски и севременски и врнежлив да биде, ама мора да знае што ќе се случи во секој нареден миг. Ова е наука, не алифатична мистична филозофија на св. екрем невропатит.
За болдираното си признавам lapsus mentis, требаше да напишам дека се откриени и објаснети (апроксимирани) од луѓе.... Времето тече од минатото кон иднината за нас, кои сме променливи и кои го „гледаме“ времето преку промените (пр. диференцијалното сметање е незаменлива алатка на секоја сериозна природна и техничка наука), и тука сме кул. Јас не го порекнувам научниот метод, само велам дека не важи за сите случаи, или не одговара на „неинтересни“ прашања.
Поентата со времето не ми беше дека Бог не би знаел што се случува „во времето“, напротив.... но, доволно... онаа последната реченица ми боди очи, игнорантна е и нема поента во понатамошна дискусија....
 
Знаењето Е рамнење со бог. На обичен смртник не му е достапно да знае, посебно за божјата природа (ако постои се разбира). Гностицизмот одамна изумре, не затоа што му поминало времето, туку поради неможноста да се знае.
--- надополнето: 19 април 2012 во 00:27 ---

Се и не може да се прочита, и 9 животи да имам па е малку. Еве ти штом си ги читал кажи дали е или не е поврзано со прашањето.
Да, ако гностицизмот го разбираме како интелектуална категорија, а не како егзистенцијално, личносна. Тогаш не се рамниме, ниту мешаме со Бог, туку осознаваме безкрајно.
 
Сега да не мешаме баби и жаби, се знае што е гностицизам, а гностици нема и не може ни да има
 
... онаа последната реченица ми боди очи, игнорантна е и нема поента во понатамошна дискусија....
Не, не е до реченицата. Со твоиве теистички логички вратоломии се доведе самиот во безизлезна состојба.
 
Сега да не мешаме баби и жаби, се знае што е гностицизам, а гностици нема и не може ни да има
Затоа и сакам да направам дистинкција, за да го укажам потенцијалот кој му е даден на човекот.
 
Не, не е до реченицата. Со твоиве теистички логички вратоломии се доведе самиот во безизлезна состојба.

Не, туку сфатив дека можеш да дискутираш со луѓе кои имаат барем основно ниво на почит, а не се служат со навреди и омаловажувања секојпат кога немаат што да кажат...
 
Затоа и сакам да направам дистинкција, за да го укажам потенцијалот кој му е даден на човекот.
Кој е тој потенцијал и од кого е даден, јас мислам дека човек нема потенцијал за севкуипното знаење, всушност не знаеме ништо и нема ни да знаеме. Ни за 5 ни за 100 ни за 100.000 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom