DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.557
Смртта ќе дојде пријателе, нема што да ја повикуваш или да ја успоруваш. Ќе дојде тогаш кога ќе и е време и нема да те праша дали сакаш или не, дали си спремен или не. Ќе те земе, а ти ќе тргнеш по неа послушно. Смртта е дел од животот. Ако животот не го осмислиш со присутноста на смртта, пријателе твојот живот е промашен. И на Оној свет, сите ќе отидеме. Многу брзо. Што се неколку години, или десетици години? Ќе поминат како секунда, и одеднаш, ако даде Бог, ќе бидеш дедо на некое свое внуче и ќе знаеш дека дојде времето. Вчера како да беше средно, денес, колку брзо помина ова времето, а кој ти гарантира дека ќе дочекаме старост? Парите, теориите, атеизмот, психологијата????? Ќе заминеме пријателе, на Оној свет, сакале или не.
Нема „оној свет“. Никој не го видел, никој нема кредибилни информации за тоа. Се' се тоа бладања и набадања.
Употреби го животот за овој свет! Направи нешто корисно тука. Престани да се плашиш или да се надеваш од/на тоа што не следи после. Не биди глуп да го изарчиш единственото време кое си го довил како Јоан на надеж или во страв за /од нешто што не постои!