Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Народот тогаш бил прост и вулгарен. Ниту сега не е поинаков. Оди на пазар да видиш колку се уки и културни.

Тоа што не ти се допаѓаат работите што ги читаш не значи дека не се точни.

Народот е прост. Види ја државава каква ни е. Проста и вулгарна, како политичарите кои ја водат и народот кој го стрижат - прости, неуки и плашливи.

Значи сега и народот кој верува во Бог е прост и вулгарен, зошто верувал во Бог. И како доказ го даваш македонскиот народ. Е силен ти доказ. Барем си кажа што мислиш за народот во Македонија кој верува во Бог.
Па слушајте вие христијани, муслимани, протестанти и сите кои верувате во Бог, отсега па понатаму по „научната дијагностика“ на атеистите вие сте класифицирани во рангот на прост и вулгарен народ кој верува во Бог. Па немојте да се лутите, зошто „атеистичката вистина“ боли.
 
Значи сега и народот кој верува во Бог е прост и вулгарен, зошто верувал во Бог. И како доказ го даваш македонскиот народ. Е силен ти доказ. Барем си кажа што мислиш за народот во Македонија кој верува во Бог.
Па слушајте вие христијани, муслимани, протестанти и сите кои верувате во Бог, отсега па понатаму по „научната дијагностика“ на атеистите вие сте класифицирани во рангот на прост и вулгарен народ кој верува во Бог. Па немојте да се лутите, зошто „атеистичката вистина“ боли.

Народот кој верува во Бог е проверено и потврдено попрост и понеук од оние кои не веруваат во Бог. И фактички и статистички. Тоа е сиров, неутрален факт. Бројки ти се покажани и истражувања цитирани. Секоја чест на исклучоците. Од двете страни.

Ти поени сакаш да штекаш на сочувство од публиката, па макар тоа биле и брача ал-каеда со кои си копате очи на истава тема!?!?

Ех, Јоане, Јоане...
 
Народот кој верува во Бог е проверено и потврдено попрост и понеук од оние кои не веруваат во Бог. И фактички и статистички. Тоа е сиров, неутрален факт. Бројки ти се покажани и истражувања цитирани. Секоја чест на исклучоците. Од двете страни.

Ти поени сакаш да штекаш на сочувство од публиката, па макар тоа биле и брача ал-каеда со кои си копате очи на истава тема!?!?

Ех, Јоане, Јоане...

Зошто еволуираш? Или тоа ти е во навика? Ај сега ќе се корегирам, не биле прости и вулгарни, туку биле малку попрост и понеук?, ја испушти квалификацијата вулгарен, да те потсетам, па еволуираш дека имало и исклучоци. До каде ќе те одведе оваа еволуција?

Јас не барам никакво сочуство од публиката, демек ние сме глумци во театар, ако ти си глумец, јас не сум. Но вакви „научни квалификации“ за цивилизацијата на еден и повеќе народи со цифра скоро до милијарда, да се нарече „прост и вулгарен“ затоа што верувал во Бог, заслужуват повеќе внимание и анализа, бидејќи овде се крие крунскиот доказ за непостоењето на Бог.

А тоа ти да не им се умилкуваш на муслиманите, и тоа „прост и вулгарен народ“ да не важи за нив, или пак и тие се „прост и вулгарен народ“ зошто веруваат во Аллах? И тие ли се приклучени во оваа категорија?
 
Значи сега и народот кој верува во Бог е прост и вулгарен, зошто верувал во Бог. И како доказ го даваш македонскиот народ. Е силен ти доказ. Барем си кажа што мислиш за народот во Македонија кој верува во Бог.
Па слушајте вие христијани, муслимани, протестанти и сите кои верувате во Бог, отсега па понатаму по „научната дијагностика“ на атеистите вие сте класифицирани во рангот на прост и вулгарен народ кој верува во Бог. Па немојте да се лутите, зошто „атеистичката вистина“ боли.
quote_icon.png
Напишано од Јоан



Многу сум прост, ајде те молам објасни што е или што се тоа гремлини?
http://forum.kajgana.com/showthread...јанството-II&p=4180330&viewfull=1#post4180330
:baeh:
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?
Чекај сега! Нели ти самиот рече дека си прост? Јас реков ли нешто такво? :) И што се фаќаш како давеник за сламка, за било што, само да не одговориш на прашањето? Ај пак ќе го прашам трета среќа, може ќе ми одговориш ти или Мики сеедно:
quote_icon.png
Напишано од MIKI1
Тие кои тврат дека го виделе овој или оној, вклучувајќи го и Елвис, тоа се луѓе кои имаат проблеми од психичко-душевно-духовна природа. Оние пак, кои Го виделе Христа Богочовекот, се блажени, оти станале достојни Боговидци уште во овој Свет.
Ова е тврдење а не објаснување! Зошто едните се луѓе кој имаат психичко-духовни пореметувања а овие другиве биле блажени?:toe:

Според кое мерило и критериум одлучи?
 
Чекај сега! Нели ти самиот рече дека си прост? Јас реков ли нешто такво? :) И што се фаќаш како давеник за сламка, за било што, само да не одговориш на прашањето? Ај пак ќе го прашам трета среќа, може ќе ми одговориш ти или Мики сеедно:

Да, реков дека сум прост и не го познавам или ја познавам тој/таа греминили, некоја си твоја пријателка или пријател, и те повикав да ми објасниш кој/која е зошто јас таков/таква не познавам. ти имаш многу пријатели, па и тој/таа греминили, и тоа не е ништо лошо бидејќи за пријател имаш некој кој ти одговара по карактер. Ти вероватно си ја запознал или си го запознал и сте лични пријатели. Па запознај ме со твојот пријател греминили со кој поминуваш доста време и вероватно влијае на твојот живот со ставовите кои ги има. Изгледа дека имате исти ставови.
 
Да, реков дека сум прост и не го познавам или ја познавам греминили, некоја си твоја пријателка или пријател, и те повикав да ми објасниш кој/која е зошто јас таков/таква не познавам. Ти вероватно си ја запознал или си го запознал и сте пријатели. Па запознај ме со твојот пријател греминили со кој поминуваш доста време и вероватно влијае на твојот живот со ставовите кои ги има. Изгледа дека имате исти ставови.
Не си негов тип! Он сака "посложени" особи! :pos::pos::pos:
Туку....прашањето?! Не ми ескивирај, одговори ми.
 
Не си негов тип! Он сака "посложени" особи! :pos::pos::pos:
Туку....прашањето?! Не ми ескивирај, одговори ми.

quote_icon.png
Напишано од SparroW
Од почетокот на човековото постоење се сменале многу религии.

Но, од тој почеток до денес, постои една нишка на луѓе, кои се носители на човековата мисла,
кои не верувале во актуелната за тој период религија на вулгарниот и прост народ.

Платон, Сократ, Аристотел никогаш не верувале во Зевс.

Галилео Галилеј, Никола Коперник, Стивен Хокинг, Карл Саган, Албер Ками, Шопенхауер, Славој Жижек.

Ако Никола Коперник веруваше во таа Црква и тој Бог,
во кој што верувале пак ќе нагласам, простиот и вулгарен народ, околу него,
сега ти пријателе, ќе мислеше дека Земјата е центар на Универзумот.
И за жал, таа лага ќе беше укотвена во твојот мозок, како несоборлива вистина,
само затоа што твојата Црква и свештена книга, ти го кажува тоа.
(Свештената книга со главен и одговорен уредник Симеон Петар, зошто од многу книги за Исус, ти ги сметаш за свештени само 4 што Свети Петар и неговите следбеници, ги одвоиле за твое уживање)
 
quote_icon.png
Напишано од SparroW
Од почетокот на човековото постоење се сменале многу религии.

Но, од тој почеток до денес, постои една нишка на луѓе, кои се носители на човековата мисла,
кои не верувале во актуелната за тој период религија на вулгарниот и прост народ.

Платон, Сократ, Аристотел никогаш не верувале во Зевс.

Галилео Галилеј, Никола Коперник, Стивен Хокинг, Карл Саган, Албер Ками, Шопенхауер, Славој Жижек.

Ако Никола Коперник веруваше во таа Црква и тој Бог,
во кој што верувале пак ќе нагласам, простиот и вулгарен народ, околу него,
сега ти пријателе, ќе мислеше дека Земјата е центар на Универзумот.
И за жал, таа лага ќе беше укотвена во твојот мозок, како несоборлива вистина,
само затоа што твојата Црква и свештена книга, ти го кажува тоа.
(Свештената книга со главен и одговорен уредник Симеон Петар, зошто од многу книги за Исус, ти ги сметаш за свештени само 4 што Свети Петар и неговите следбеници, ги одвоиле за твое уживање)
:icon_roll
Јас те прашувам едно, ти ми одговараш петнаесто! Ова е прашањето:
quote_icon.png
Напишано од MIKI1
Тие кои тврат дека го виделе овој или оној, вклучувајќи го и Елвис, тоа се луѓе кои имаат проблеми од психичко-душевно-духовна природа. Оние пак, кои Го виделе Христа Богочовекот, се блажени, оти станале достојни Боговидци уште во овој Свет.
Ова е тврдење а не објаснување! Зошто едните се луѓе кој имаат психичко-духовни пореметувања а овие другиве биле блажени?:toe:

Според кое мерило и критериум одлучи?
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?


Јас сум Човек. Не тврдам дека сум атеист или христијанин или муслиман. Ако веќе би бирал нешто, би избрал агностик.
Постојат прашања на кои што сакам да добијам одговор. Љубопитен сум. Но, знам дека не постои скратен пат (Господ) за прашањата.
Мора да се помачиме. Сум се родил со разум, но без знаење.
Сето знаење кое што и јас и ти сме го стекнале со годините,
е благодарение на научи умови од минатото,
кои имале храброст да посумљаат во одговорите на твојот Господ.

Види, дури и Микеланџело од минатото, скришум, иако во животна опасност од твоите истомисленици, ти покажува кој е Господ.

4fuFa.jpg


17371.jpg


И еве ти уште една интересна слика

brain-cell-universe-1.jpg


--- надополнето ---

Па еве штом велиш дека постојат само „4 свештени книги“ што светиот апостол Петар и неговите следбеници ги одвоиле, претпоставувам дека ги знаеш и како се викат тие „свештени книги“ па напиши ги и јас да ги научам кои се.

http://en.wikipedia.org/wiki/Gnostic_Gospels
 
Mozebi ne e na pravo mesto postot moj no sepak dobro e da se vidi i ako ima nekoj do MPC da dade svoe mislenje

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА СИНОДОТ НА МПЦ

Македонската црква ќе пее по српски ноти



Синодот на Македонската православна црква донел скандалозна одлука за враќање на српското ‘мокрањчево’ народно пеење и за негово повторно изучување во средната Богословија и на Богословскиот факултет, а најверојатно и во православните храмови, за сметка на источното православно византиско пеење, дознава ‘Публика’.

На својата последна седница на 17-ти овој месец, македонските владици се согласиле тие и сиот клир на МПЦ да им се вратат на ‘српските корени’, бидејќи, според нашите сознанија, на дел од црковните великодостојници, посебно на поранешните белградски студенти, им било тешко да го научат византиското пеење.

Целиот парадокс на македонските православни христијани е тоа што е повторно наметнато прашањето на една туѓа, во минатото окупаторска црковна традиција во Македонија. Станува збор за црковното пеење во нашите цркви и една насилно наметната традиција против православниот македонски народ.

Со развојот на историските настани и придобивките за некои земји по Првата светска војна, во 1918 година, Македонија потпаѓа под српска окупација, односно влегува во рамките на Кралството Југославија како Јужна бановина на Србите. Во исто време, на македонската црква ~ е наметната и српска црковно-окупаторска власт. Во тоа време, тогашниот државно-политички режим на Кралството, територијално и духовно е поробен и наметнати му се црковно-национални интереси и традиции од Србите. Во минатото сме виделе голем број сведоштва за србизација на македонскиот народ и култура, но, во исто време, тогаш е извршена и интервенција над вековната црковна традиција во земјава, па црковното пеење во Македонија од источна традиција било принудно заменето со т.н. ‘мокрањчево’, т.е. црковно народно пеење кое за промоција на новосрпството, пред крајот на 19. век го основал српскиот композитор Стеван Стевановиќ - Мокрањац.

Токму поради тоа, дел од клириците, што по потекло биле Македонци, долги години биле жртви на црковен терор, со оглед на тоа што во сопствената земја биле принудени да се откажат од својата традиција и да станат робови на туѓа.



И Србите го исфрлаат Мокрањац!



Поради таа репресија, осоколено од прогласувањето на независната република Македонија во рамките на СФРЈ во 1945 година, три години подоцна, дел од македонското свештенство, неможејќи да ја поднесе неправдата, свикува црковно-народен собор на кој одлучува да ги започне првите чекори за обнова на македонската традиција и да се избори за своите права. Малку подоцна, во 1956/57 година, Македонската православна црква добива некакви условни права од Српската црква, но и тогаш продолжува лицемерната политика на црковно-државните власти во Србија, поради што МПЦ во 1967 година, самостојно прогласува автокефалност и се издвојува од СПЦ. И покрај ваквиот потег во тоа време, српското влијание во македонските цркви продолжило уште долго и ја наметнувало својата црковно-политичка пропаганда. Влијанието било посебно забележано во црковните училишта, со оглед на тоа што во нив одамна бил заменет стариот црковен кадар со нов - српски! Стравот кај локалното население и огромниот притисок и тортура од страна на државните комунистички власти над неистомислениците, го принудил народот да ја прифати наметнатата српска традиција која станала дел од македонскиот народ и пред с` на нашата православна црква.

Периодот на едноумието и атеизмот за време на комунистичкиот режим, исто така на одреден начин ‘помогнал’ тој процес да продолжи и МПЦ долго време била жртва на овие наметнати услови.

Но, и покрај ваквите услови, византиското пеење живеело со векови во нашата култура и во народните песни, кои биле нотирани токму со источно-православната нотација. Во 19. век, македонските црковни дејци како Калистрат Зографски, Хармосин Охридски, Манасиј Поп Тодоров и други, направиле реформа на византиските црковни ноти и преведувајќи ги мелодиите од грчки на словенски јазик, ги создале првите книги со нотно пеење уште за време на Отоманската империја.

Со обнова на монаштвото во независна Македонија во последната деценија на минатиот век, започна и обновата на старата црковна традиција и борбата против туѓото влијание и туѓите црковни традиции во МПЦ. Сите млади личности, монаси и верници, кои својата младост ја жртвувале за доброто на својот народ, неуморно го започнаа процесот на духовна преродба на македонскиот народ. Во манастирите и дел од храмовите во Македонија повторно се врати старото, изворното, источно (византиско) црковно пеење, кое насилно било искоренувано од нашата православна традиција претходните години.

Токму благодарение на пожртвуваноста и макотрпната работа на новоформираниот црковен клир на МПЦ, во 2004/2005 година, во Македонија се создадоа услови источно-православното црковно пеење и официјално да се врати во духовните училишта и да се обнови нашата вековна традиција. Светиот архиерејски синод на МПЦ тогаш составил комисија во состав: митрополит струмички Наум, архимандрит Партениј и д-р Јане Коџабашија (екперт за византиско црковно пеење), по што подоцна и официјално било одлучено во Православната Богословија (средното училиште) и на Богословскиот факултет да започне изучување на источното црковно пеење, за што бил вработен и стручен кадар. На тој начин, по многугодишно духовно ропство, во македонското православие конечно е исправена една голема историска неправда. Во моментов, ширум државава речиси и да не постои храм каде што на богослужбите се слуша српското народно пеење. Сепак, југоносталгијата кај поединци во МПЦ очигледно с` уште живее.

Оттаму и одлуката на Синодот на македонската црква, донесена на последното заседание на 17-ти овој месец, според која во македонската богословија повторно е вратено изучувањето на мокрањчевото српско народно пеење!

А за апсурдот да биде поголем, ова црковно пеење дури и во Србија полека се исфрла од употреба, па во угледниот Ковиљски манастир, во Хиландар на Света Гора и во сите свети српски храмови на Косово - веќе ечи византиското, односно источно-православното пеење кое и се изучува на Богословскиот факултет во Белград! Во Романија и Бугарија и во другите православни земји, пак, одамна единствено функционира само источното пеење, додека во Русија допрва почнува да се изучува. Значи, иако и самите Срби и останатите правлославци ширум светот ја разбраа пораката дека византиското е единствено светоотечко пеење, само македонските архиереи го мислат спротивното!



Удар врз борбата за македонската култура



Според нашите информации, на седницата на Синодот на МПЦ на која е донесена оваа себепотценувачка одлука, единствено биле против владиците Климент, Наум и Методиј, односно она ‘младо крило’ во нашата највисока црковна власт, наспроти старите владици, од кои поголемиот дел имаат дипломи од Богословскиот факултет во Белград и на кои очигледно дека им е поблиско српското народно пеење. ‘Старите српски кадри’ во свештено-монашкиот клир на МПЦ изминативе шест-седум години не можеле да се навикнат на единственото вистинско православно пеење, па си се вратиле на ‘корените’!

Во борбата да бидеме признаени од Српската црква, сега голем дел од негативно настроените владици во Синодот на СПЦ ќе ни се смеат, а расколникот Јован Вранишковски ќе ликува што нашите владици одлучиле да му се вратат на српството. Сега останува само да ја прифатиме понудената автономија од Србите и да станеме дел од Пеќската патријаршија, велат нашите извори.

Портпаролот на Светиот архиерејски синод на МПЦ, дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, ни посочи дека оваа одлука на САС е само времена, а не трајна.

- Додека се создадат посоодветни кадри што ќе бидат способни да предаваат старомакедонско пеење, предавањата на Богословијата се пренасочуваат на т.н. ‘мокрањчево пеење’. Онаму каде што знаат да пејат славомакедонско црковно пеење, ние апсолутно нема да го исфрламе. Само треба да се создадат услови и потоа с` ќе биде вратено на старо. Сега-засега, паралелно ќе се изучуваат ‘мокрањчевото’ и византиското црковно пеење - напоменува владиката Тимотеј.

Но, работата е далеку посериозна и според високи црковни лица од МПЦ кои не се согласуваат со Синодот на нашата црква, ваквата одлука е удар врз борбата за македонизмот и македонската култура. Во одбрана на источното-православно црковно пеење треба да застанат сите интелектуалци во државава, велат тие.



Идните богослови ќе учат од осмогласникот на СПЦ!



Иако образложението на предлагачите од САС на МПЦ за враќање на мокрањчевото пеење во македонската црква било дека во иднина ќе бидат применувани и двете пеења, според нашите информации, Синодот веќе подготвува да го исфрли псалтивниот воскресеник - осмогласникот (тоа се осумте мелодии што се образец на едно црковно пеење) за источно пеење, што пред две години беше издаден како синодско издание и чиј автор е Манасиј Поп Тодоров. А, на негово место да биде вратен осмогласникот на Српската православна црква на Мокрањац. Со оглед на тоа што на МПЦ ќе ~ треба долго време да добие авторски права за издавање во Македонија на тој осмогласник, можеме само да замислиме како идните студенти, псалти (црковни пејачи) и хорови, за да ја добијат оваа црковна книга со ноти, ќе мора во иднина да ја порачуваат од Белград, а на неа како издавач е потпишана нам непријателската Српска православна црква!

Потрагична е и информацијата дека во иднина уште студентите од 4-та и 5-та година на Богословијата ќе го изучуваат византиското учење, а оние од 1-ва, 2-ра и 3-та година, како и идните студенти - ќе мораат да му се вратат на српското пеење. Без работа ќе останат и двајцата професори по источно-православно пеење, од кои еден е и д-р Јане Коџабашија, експерт по источна музика, кој докторирал на оваа тема во Букурешт.

- Не се работи за одлука за менување на источното со српско црковно пеење, туку во недостиг на стручен кадар, само за идните две-три години правиме замена во првите генерации на Богословијата - ни изјави митрополитот европски Пимен. ‘Апсолутно не се работи за исфрлање од употреба на византиското пеење, напротив, ние имаме наши кадри пратени на дошколување во Солун, Грција, токму на источно православно црковно пеење, кои откако ќе го завршат школувањето, ќе дојдат да предаваат на Богословија. Значи, сега само ќе се ангажираат двајца професори во 1-ва, 2-ра и 3-та година на Богословија од наредната година, кои ќе предаваат ‘мокрањчево’ црковно пеење, додека не се врати нашиот кадар од Грција. Тоа стои и во Синодската одлука’, додава младиот владика Пимен.

Но, дали ќе биде така и дали оваа одлука, како многу други одлуки на Синодот на МПЦ ќе биде само ‘екскурзија со умот’ на нашите владици без компас или навистина ќе опстои и сите во иднина ќе пееме по српски ноти во нашите православни храмови - останува да видиме.

Бобан Нонковсиќ
 
Што значи источното византиско пеење?

Осмогласникот на Манасија Поп Тодоров дава детално објаснување за тоа што значи источното (византиско) пеење во православието. Според Поп Тодоров, на територијата на Византија, но и во другите православни кралства и царства што повремено или трајно се издигнувале во текот на историјата, се негувал специфичен вид пеење, кое денес е познато под две имиња: источно црковно пеење и византиско пеење. Според некои музиколози, ова црковно пеење ја апсорбира во себе сета музичка уметност што е создавана во Византиската империја. А, според други, терминот византиско пеење ја опфаќа целата христијанска музичка традиција, од првите моменти па до денес, музиката пред основањето на Константинопол, но и таа по пропаста на Византија во 1453 година. Тоа значи дека тука не спаѓа само пеењето изведувано на грчки јазик, туку и на јазиците на сите православни народи.

Источното црковно пеење во своето музичко искуство и сознание ја содржи мелодиската инспирација од старозаветното пеење, но и мелодиските елементи што ги добило од допирот со музиката на нехристијанските народи. Под поимот на ова пеење се подразбира една фаза од христијанската богослужбена музика што го довела до совршенство изразувањето на верата преку пеење и кое во својата многувековна историја како стожерни ги задржало следните вредности: Дамаскиновиот осмогласник (систем од четири автентични и четири плагални гласови); Трите основни скали (дијатонската, хроматската и енхармонската; Невматското музичко пеење; Вокалниот карактер на пеењето.

Најстариот систем на знаци за нотирање во источното црковно пеење што се развил уште во 6. век, а се употребувал до 14. век е познат како екфонетска нотација (читање со висок глас). На почетокот се користеле нотните знаци на античките Грци, но поради нивната комплексност тие биле исфрлени од употреба и се вовеле нови знаци т.н. невми. Бидејќи византиското пеење со текот на времето растело квантитативно и излегле на површина нови напеви, се јавила потреба за проширување на постоечкиот нотен систем и почнал процес на екфонетскиот систем во четири фази: Палеовизантиска нотација (се користела од 9. до 12. век); Медиовизантиска нотација (од 12. до 15. век); Неовизантиска нотација (позната и како Кукузелова нотација, бидејќи Св. Јован Кукузел е нејзин автор, а се користела од 14. до 19. век); Хрисантова нотација (од 19. век па до сега, кога е само упростено кукузеловото писмо).

Постојат четири стилови кои се употребуваат при источното црковно пеење: Рецитивен (припевен) стил, кој се изведува слободно, без ограничување во однос на интензитетот на ритамот; Ирмолошки стил (се одликува со забрзано темпо на пеење и е едноставен и концизен); Стихирарски стил (се употребува при изведба на посвечени песни и сите оние што се самогласни); Пападикиски стил (се пее во бавно темпо, при што на еден слог од текстот се пеат голем број тонови).

Какво е српското мокрањчево народно пеење?

За да се шири српскиот национал-романтизам, во 1908 година, композиторот Стеван Стевановиќ - Мокрањац создава осмогласник за т.н. српско црквено пеење во кое, наводно, ги става нотите според пеењето на старите пејачи и познавачи на српското црковно пеење, како Јован Костиќ, архимандритите Арсениј Бранковиќ, Кирил Јовичиќ и други црковни лица од Српската православна црква. Според објаснувањето што Мокрањац го дава во предговорот на својот осмогласник, кој со благослов на Синодот на СПЦ и тогашниот патријарх Герман е отпечатен во Белград во 1964 година, кога тој започнал да го пишува црковното пеење во ноти, мелодиите и нотите ги пишувал со брзината со која му пееле неговите советодавци.

- Токму затоа, овие песни ги создадаов во силни бои, мелизми и т.н. трили, а во овој осмогласник ги вметнав старинските мелодиски фигури, кои можеби би можел и да ги упростам, но така би ја загубиле својата вистинска мелодиска карактеристика. Сепак, во ова издание ги избегнав сите китења и претераните игри со грлото на одделните тонови што нашите стари пејачи ги употребувале - појаснува Мокрањац во предговорот на својот осмогласник.

Под редните броеви 1, 2 и 3 во оваа книга се наоѓаат одделни мелодиски отстапки (варијанти), но не е поделен ритамот на мелодиите во тактови, бидејќи авторот објаснува дека во српските народни песни и нема онаков такт, каков што се подразбира во музиката. Тој посочува дека српските црковни мелодии се смислени да бидат најпрости и во дводелен такт.

Целиот осмогласник е напишан во тонот Еф, што, според Мокрањац, е направено за учениците да немаат многу работа и мака околу читањето на разните тонски родови, туку сите гласови да ги читаат во едноимен дур и мол. Нотацијата на песните е во осум гласа (баритон и тенор), за пејачите полесно да можат да ја најдат висината со која ќе ги започнат мелодиите.

izvor

Prvo go smenaja imeto od MPC vo ohridska arhepiskopija sega i peeketo ke bide na sprksi sto e sleden cekor ???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom