Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Смртта ќе дојде пријателе, нема што да ја повикуваш или да ја успоруваш. Ќе дојде тогаш кога ќе и е време и нема да те праша дали сакаш или не, дали си спремен или не. Ќе те земе, а ти ќе тргнеш по неа послушно. Смртта е дел од животот. Ако животот не го осмислиш со присутноста на смртта, пријателе твојот живот е промашен. И на Оној свет, сите ќе отидеме. Многу брзо. Што се неколку години, или десетици години? Ќе поминат како секунда, и одеднаш, ако даде Бог, ќе бидеш дедо на некое свое внуче и ќе знаеш дека дојде времето. Вчера како да беше средно, денес, колку брзо помина ова времето, а кој ти гарантира дека ќе дочекаме старост? Парите, теориите, атеизмот, психологијата????? Ќе заминеме пријателе, на Оној свет, сакале или не.

Нема „оној свет“. Никој не го видел, никој нема кредибилни информации за тоа. Се' се тоа бладања и набадања.

Употреби го животот за овој свет! Направи нешто корисно тука. Престани да се плашиш или да се надеваш од/на тоа што не следи после. Не биди глуп да го изарчиш единственото време кое си го довил како Јоан на надеж или во страв за /од нешто што не постои!
 
Може ли да објасниш тоа што од вчера те прашувам! Што е тоа според кое се разликуваат луѓето со психички пореметувања, кој тврдат дека го виделе Мики Маус, Елвис Присли итн....и оние кој тврдат дека го виделе Исус? Зошто едниве се со душевни пореметувања, а другиве се "блажени"? Ако сретнам некој на улица кој тврди дека го видел Исус, како да направам разлика дали е за во скопје десно, или е "блажен"?

1. Мики Маус и Присли јас ги споменав како „случаи„ на нечија „очевидност„. Значи, разликата помеѓу оние кои ги виделе Маус(от) и Присли и оние кои Го виделе Бога, се состои во нивната духовно-душевна подобност да видат „некого„. Луѓето кои имаат тешки душевни проблеми, на пример, вродена повреда на нивните души, во Црквата се нарекуваат „симнати од умот„.т.е. поединци кои немаат осет за реалност и кои живеат во некој друг Свет. Тој нивен дефект може да биде последица и од генетска грешка, но почесто, и од демонско влијание врз нивните души. Така, луѓето со тешко душевно растројство, под влијание од демноите, можат да кажат дека го виделе и Зевс и Маниту. Нивната маана е очигледна и за здраворазумните луѓе.

2. Оние пак, кои Го виделе Бога, се поединци кои, заради својот побожен и покајнички живот, стекнале ексклузивно право да Го видат својот Бог и Спасител. Таквите поединци, никогаш нема јавно (или пред други луѓе) се се испофалат дека Го виделе Бога-таа нивна Боговидност ја дознаваме на друг начин.

3. Оне пак, кои само веруваат, и тие се сретнале со Бога-во своите срца. Секој кој има способност интровертно да ја увиди својата огревовена природа, да увиди дека е огревовен, и кој почнал да живее покајнички живот, тоа е показател дека таквиот поединец Го почувствувал Бога во себе.
 
Значи оној што го видел Исус, ама не зборува јавно не е луд, а оној што им раскажува на другите дека го видел е луд?
 
Начелно, во право си.
Само, немој сеа да ми вадиш зборој од контекст па да ја „упрскаш„ целава дискусија.

Да појаснам: ако некој навистина Го видел Христа и почне да се фали со тоа пред другите, таквиот практично сам себе си пресудил, оти ја злоупотребил средбата со Христа за самопофалба.
 
Не бе, што има да вадам зборови од контекст!
Е сега бидејќи установивме дека оние кој јавно одат и им кажуваат на другите дека го виделе Исус се луди, како да и веруваме на Марија Магдалена кога трчала и на сите им кажувала како го видела Исус?! :toe: Дали сега значи дека таа била луда, и дека Исус не воскреснал?
 
Не, не е така. Воскресението Христово не го мешај со можноста за Боговидство. Тоа што Христос им се јави на жените-мироносици, има своја подлабока логика и смисла а не само просто појавување Христово пред жените.

Имено, како што преку Ева, се случи првиот грев, .т.е. како што жената згреши во Рајот, така и преку жената-Мајката Божја Богородица, во овој Свет, дојде спасението за родот човечки, преку Христовото раѓање. Како што во Стариот Завет, жените беа третирани „второстепено„ во однос на мажите, така Христос, јавувајќи им се на жените-мироносици, го враќа достоинството на женскиот род во Новиов Завет.
 
Абе види....не ме интересира мене подлабока смисла, едноставно разликата помеѓу луд човек кој тврди дека го видел Исус и оној кој стварно го видел! Еве поконкретно поставено:Што е разликата помеѓу Марија Магдалена како тврди дека го видела Исус, и некој што избегал од душевна болница и го прави истото?
 
Еве поконкретно поставено:Што е разликата помеѓу Марија Магдалена како тврди дека го видела Исус, и некој што избегал од душевна болница и го прави истото?

Нормално, секогаш „..има уште...„ па затоа може да останам недоречен.

Марија Магдалена, иако грешна по природа, се покажува како достојна да Го види Христа, ради Христовото неограничено човекољубите, кое ги сака луѓето иако се грешни. Марија од Магдала како и Апостолите, Го видоа Христа воскреснатиот со телесни очи. Боговидците го чувствуваат Христово присуство покрај нив, а тие Го гледаат Христа не со телесни очи, туку со духовни очи, .т.е. со ум, способен да ги (со)гледа духовните битија.

Така, ако некој се фали дека Го видел Христа телесно, тој или лаже или е демоноопседнат, што му доаѓа исто. Појавувањето Христово во тело не е вистинит настан, туку демонска измама, оти и демоните можат да се појават во физички облик.

Од друга страна, за да може некој да биде Боговидец, треба да биде достоен да Го види Христа. Таман работа ако секој шарлатан, кој очигледно дека живее гревовно, почне да кажува дека Го видел Христа, а таквиот очигледно не живее според учењето Христово. Никој не може да Го вида Христа а самиот да не е Христов.
 
Не, не е така. Воскресението Христово не го мешај со можноста за Боговидство. Тоа што Христос им се јави на жените-мироносици, има своја подлабока логика и смисла а не само просто појавување Христово пред жените.

Имено, како што преку Ева, се случи првиот грев, .т.е. како што жената згреши во Рајот, така и преку жената-Мајката Божја Богородица, во овој Свет, дојде спасението за родот човечки, преку Христовото раѓање. Како што во Стариот Завет, жените беа третирани „второстепено„ во однос на мажите, така Христос, јавувајќи им се на жените-мироносици, го враќа достоинството на женскиот род во Новиов Завет.

Ќе вријаш, Микииии... че вријаш ради овие 5-6 лизнувања деновиве... А да си тргнеш ти накај дома час поскоро, пошто сатанистов ќе те стаи у салама ако продужиш вака уште некое време ;)
 
Нормално, секогаш „..има уште...„ па затоа може да останам недоречен.

Марија Магдалена, иако грешна по природа, се покажува како достојна да Го види Христа, ради Христовото неограничено човекољубите, кое ги сака луѓето иако се грешни. Марија од Магдала како и Апостолите, Го видоа Христа воскреснатиот со телесни очи. Боговидците го чувствуваат Христово присуство покрај нив, а тие Го гледаат Христа не со телесни очи, туку со духовни очи, .т.е. со ум, способен да ги (со)гледа духовните битија.

Така, ако некој се фали дека Го видел Христа телесно, тој или лаже или е демоноопседнат, што му доаѓа исто. Појавувањето Христово во тело не е вистинит настан, туку демонска измама, оти и демоните можат да се појават во физички облик.

Од друга страна, за да може некој да биде Боговидец, треба да биде достоен да Го види Христа. Таман работа ако секој шарлатан, кој очигледно дека живее гревовно, почне да кажува дека Го видел Христа, а таквиот очигледно не живее според учењето Христово. Никој не може да Го вида Христа а самиот да не е Христов.
Врти сучи....пак неразбрав како некој што прв пат ја гледа Марија Магдалена и некој што првпат гледа лудак, ќе направи разлика! :toe:
 
Ного ни е внимателен нешто :D

Тек сеа ништо нема да каже.
 
Врти сучи....пак неразбрав како некој што прв пат ја гледа Марија Магдалена и некој што првпат гледа лудак, ќе направи разлика! :toe:

1. Дека некој е луд, тоа може да го увиди секој здраворазумен (атеист), не мора да биде и верник.
2. Дека некој Го видел Бога (како Марија од Магдала....) тоа може да го увиди некој кој е продуховен.

Лудилото кое го зрачат „симнатите од умот„ е поинакво од смирението кое го зрачи Боговидецот.
 
Да појаснам: ако некој навистина Го видел Христа и почне да се фали со тоа пред другите, таквиот практично сам себе си пресудил, оти ја злоупотребил средбата со Христа за самопофалба.

Боговидците го чувствуваат Христово присуство покрај нив, а тие Го гледаат Христа не со телесни очи, туку со духовни очи, .т.е. со ум, способен да ги (со)гледа духовните битија.

Така, ако некој се фали дека Го видел Христа телесно, тој или лаже или е демоноопседнат, што му доаѓа исто. Појавувањето Христово во тело не е вистинит настан, туку демонска измама, оти и демоните можат да се појават во физички облик.

Од друга страна, за да може некој да биде Боговидец, треба да биде достоен да Го види Христа. Таман работа ако секој шарлатан, кој очигледно дека живее гревовно, почне да кажува дека Го видел Христа, а таквиот очигледно не живее според учењето Христово. Никој не може да Го вида Христа а самиот да не е Христов.

Право велиш, ама џабе е - што и да им се каже на атеистите они нема да го прифатат кажаното. Битното кај нив е да се оди контра на се Христијанско.

--- надополнето ---

Народот кој верува во Бог е проверено и потврдено попрост и понеук од оние кои не веруваат во Бог. И фактички и статистички. Тоа е сиров, неутрален факт. Бројки ти се покажани и истражувања цитирани.

Шо праиме со еден куп доктори на науки, генијалци, врвни умови? А? Исто еден куп научници Христијани? Зошто ако некој е верник, тогаш не би можел да биде паметен?

Треба да учиш работи за човештвото, планетата и универзумот во кој живееш. Треба да учиш за луѓето и нивните внатрешни мотиви, за различните култури и нивните обичаи и наследство. Треба да научиш основни концепти од природните и општествените науки. Така, полека, полека, ќе се претвориш во не-прост човек.

Еве мене лично тоа што сум Христијанин не ме држи настрана од ова што ти го напиша. Не гледам како би можело Христијанството да спречува некого да биде заинтересиран за астрономија, физика, хемија или воопшто за осознавање на светот во кој живее. Како што тебе очигледно ти се интересни емисиите на Discovery, NG и слично, така и мене ми се интересни истите. Имам читано книги, статии, списанија научни, исто и јас чепкам низ интернет некакви интересни текстови поврзани со науката. Мислиш дека ние верниците од Библијата ништо друго не читаме?
 
Шо праиме со еден куп доктори на науки, генијалци, врвни умови? А? Исто еден куп научници Христијани? Зошто ако некој е верник, тогаш не би можел да биде паметен?

Секоја чест на исклучоците. Јас зборувам за фактички статистички податоци.... она со генијалците на кило е малку смешно, ама ај да не те ч'чкам, да не се напнеш.

Сите истражувања покажуваат дека статистички верниците имаат понизок коефициент на интелигенција и пониско ниво на образование.

Јас не сум го измислил ова. Таков е светот. Што да правиш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom