Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Mozebi ne e na pravo mesto postot moj no sepak dobro e da se vidi i ako ima nekoj do MPC da dade svoe mislenje

На право место е, ама не е на прав начин. Друг пат само дај наслов и линк од изворот (текстот) па кој го интересира ќе види ќе прочита ќе коментира. Вака само се гуши дискусијата.
 
Баш напротив целото требаше да го постирам секој да го види оти не е тема за сексот на бубалките или нешто друго(чек дис аут) па ако некој го види арно ако не пак арно туку е од суштинско значење за нас како Македонци и нај многу засрижува што нема никаков демант или рекација до МПЦ :kesa:

Воопшто не се гуши дискусијата туку се отвора и секој треба да го осуди до колку е вистина овај чин од владиците ...
 
Prvo go smenaja imeto od MPC vo ohridska arhepiskopija sega i peeketo ke bide na sprksi sto e sleden cekor ???
И мене ме интересира. Судејќи според овој текст од дневник од 2002, многу политика и есап имало навлезено во мпц. Дајбоже да грешам

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МПЦ ПРЕД НОВО ПРЕМЕЖЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Сите владици на Синодот [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Сегашниот состав на Светиот архиерејски синод на МПЦ покрај поглаварот г.г. Стефан го сочинуваат владиците: Кирил, Јован, Наум,Петар,Тимотеј,Горазд,Агатангел.
Има за секој од нив во какви односи е со другите членови на Синодот, со грчки и српски владици, кратки биографии, како и краток приказ на односите спц мпц и нешто пошироко.

[/FONT]Можеби е за подзамислување зошто црквите се полупразни. Можеби подобрување на контактите со населението, добротворните манифестации, хуманитарни акции и помош како и помалку политика и финансии би придонело кај граѓаните да се зголеми довербата во високото свештенство и МПЦ.[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
 
Дали некој од христијаните се има покајано доколку стапил во предбрачни сексуални односи?
Зошто постојано слушаме христијани како се фалат наоколу со своите гревови,се гордеат со тоа колку жени обесчестиле и тоа дури е прифатено како доблест... а убаво си стои во Објавата?
Зошто еден христијан гледа со потсмев и омаловажување на друг христијан од иста конфесија кој немал секс пред брак?
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?
 
icon1.png

Да, како што велиш, на форумов има и самонаречени христијани, кои се „фалат„ со своите сторени блудно-прељубодејствени гревови, и за кои, како самите велат, се „покајале„ ама не ни кажуваат како го направиле тоа покајание. Таа „самопофалба„ преоѓа во јавна исповед од дотичните членови, и тоа како исповед на форумов, од која исповеданикот нема никаква корист...

Различни членови од различни конфесии, гледаат различно на еден и ист грев...За некои, тоа е грев, за некои, тоа е „онака„...​
 
Прашање...

Дали некој од христијаните се има покајано доколку стапил во предбрачни сексуални односи?
Зошто постојано слушаме христијани како се фалат наоколу со своите гревови,се гордеат со тоа колку жени обесчестиле и тоа дури е прифатено како доблест... а убаво си стои во Објавата?
Зошто еден христијан гледа со потсмев и омаловажување на друг христијан од иста конфесија кој немал секс пред брак?

Одговор...

Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?

Не постапувале према зборот Божји и се гордееле со гревовите....бидејќи некој атеист ги нарекол прости и вулгарни.
Дали тоа значи дека зборот на некој форумски атеист е посилен од Неговиот?
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?

За да не си прост, треба да се „усложниш“. Не е доволно само да престанеш да веруваш во приказни.

Треба да учиш работи за човештвото, планетата и универзумот во кој живееш. Треба да учиш за луѓето и нивните внатрешни мотиви, за различните култури и нивните обичаи и наследство. Треба да научиш основни концепти од природните и општествените науки. Така, полека, полека, ќе се претвориш во не-прост човек. Не мора да завршиш факултет, магистратура и докторат. Треба само да одлучиш да не се водиш според догми и да оставиш простор за поинакви толкувања од оние кои ти се наметнуваат од твојата заедница (која и да е таа).

Не е тешко - зема малку повеќе време, ама е барем интересно и забавно. Учењето е топ! ...све додека некој или нешто не те присилува или условува да го правиш. Религијата е таква, на пример.
 
Бидејки верниците по ваша научна квалификација „се прости и вулгарни“ затоа што веруваат во Бог, едно прашање би поставил: ако некој верник се откаже од верата и стане атеист дали автоматски преминува во „учен и културен“ затоа што не верува во бог?

Не, но ќе ве осознае за Вашата внатрешна човечка моќ. Дека не сте беспомошни Чеда на некој Бог.
Моќта на Вашата Волја. Со таа моќ, ако ја користите за добро, сте способни да го менувате светот, да туркате Влади, цели системи,
да го направите светот поубаво место за живеење. Да откривате нови закони на Универзумот, да сте љубопитни.

Се што имаме досега е заслуга на таа човечка Волја. И добро и лошо.
Човечка волја искористена за човечко подобрување (револуции, откритија),
човечка волја искористена за моќ, превласт, контола (Папи, монарси, кредит)

The force is with you Јоан :)
 
Не, но ќе ве осознае за Вашата внатрешна човечка моќ. Дека не сте беспомошни Чеда на некој Бог.
Моќта на Вашата Волја. Со таа моќ, ако ја користите за добро, сте способни да го менувате светот, да туркате Влади, цели системи,
да го направите светот поубаво место за живеење. Да откривате нови закони на Универзумот, да сте љубопитни.

Се што имаме досега е заслуга на таа човечка Волја.

Вашите одговори не гарантираат дека подобро ќе живеам ако не верувам во Господ Исус Христос. Наобразбата, учењето не ми решава проблемите со децата, со комшиите, со жената, и основното ставот према смртта. Учењето, да речам еве ќе дипломирам на економски факултет, што ми смета економскиот факултет во верата во Бога. Тотално ништо. Факултетот ќе даде наобразба и можност за вработување и можеби повисока плата. Но факултетот не ми забранува да верувам во Бога. Така наобразбата ја задоволува човечката потреба за спознавање на природата и општеството, а верата дава живот вечен, и овие две работи се компатабилни. Верата не го ограничува научното истражување, туку напротив го подржува. Се она што може на човека да му послужи за подобрување на квалитетот на живеење е прифатливо, но она што го дегенерира човека, пример евтаназија на стари лица за придобивање на економски придобивки, „научни експерименти„ со живи фетуси, тоа не е прифатливо, и за тоа ќе се бори со аргументи. Немојте да бидете толку глупи и самобендисани, па да верувате дека само атеистие завршиле факултети, само атеистите се доктори на науки. Излезете малку од собата каде сте и видете ја убавината на светот и запознајте ги лугето. Ќе ја видете стварноста. А таа е: Не сте вие атеистите центар на светот и сите да се вртат околу вас. Едноставно, за атеистие може да се каже дека се луѓе кои се заведени од одредена група на други кои со нив манипулираат и ги уништуваат како самостојни, свесни суштества, правејки ги полтрони на нивните идеи.
 
Вашите одговори не гарантираат дека подобро ќе живеам ако не верувам во Господ Исус Христос.

Не се работи за тоа дали ќе живееш подобро ако не веруваш во Бог. Се работи за немоќта да го живееш животот без да веруваш во приказни за мали деца. И уште една реченица, она што Ниче го нарекуваше напомена за магариња.

Силата на вербата во некој ентитет и желбата тој ентитет да постои никако не го гарантира постоењето на истиот...
 
„...Така говореше Заратустра...„
 
„...Така говореше Заратустра...„

Еми убо ти збори, не се плаши да разбереш. Дечкото е многу луциден и директен. Сосем е јасен.

Тоа ли ти е едниствениот коментар кој можеш да му го дадаеш?
 
Вашите одговори не гарантираат дека подобро ќе живеам ако не верувам во Господ Исус Христос. Наобразбата, учењето не ми решава проблемите со децата, со комшиите, со жената, и основното ставот према смртта. Учењето, да речам еве ќе дипломирам на економски факултет, што ми смета економскиот факултет во верата во Бога. Тотално ништо. Факултетот ќе даде наобразба и можност за вработување и можеби повисока плата. Но факултетот не ми забранува да верувам во Бога. Така наобразбата ја задоволува човечката потреба за спознавање на природата и општеството, а верата дава живот вечен, и овие две работи се компатабилни. Верата не го ограничува научното истражување, туку напротив го подржува. Се она што може на човека да му послужи за подобрување на квалитетот на живеење е прифатливо, но она што го дегенерира човека, пример евтаназија на стари лица за придобивање на економски придобивки, „научни експерименти„ со живи фетуси, тоа не е прифатливо, и за тоа ќе се бори со аргументи. Немојте да бидете толку глупи и самобендисани, па да верувате дека само атеистие завршиле факултети, само атеистите се доктори на науки. Излезете малку од собата каде сте и видете ја убавината на светот и запознајте ги лугето. Ќе ја видете стварноста. А таа е: Не сте вие атеистите центар на светот и сите да се вртат околу вас. Едноставно, за атеистие може да се каже дека се луѓе кои се заведени од одредена група на други кои со нив манипулираат и ги уништуваат како самостојни, свесни суштества, правејки ги полтрони на нивните идеи.
Абе дете, ништо не сфаќаш. Основните концепти на животот сеуште не ти се јасни па камоли да сфатиш што е атеист.

Атеистот ниту е заведен, ниту има од кого да е заведен. Не постои ни група, ни здружение, ни сојуз на атеисти. Сфати го тоа еднаш.

И 10 факултети да завршиш, нема да те направи попаметен ниту пак слободоумен. Се е до тебе. Наобразба не значи само „завршување“ на факултет. Општата наобразба се стекнува во целиот живот.

Кој тоа ти спомна дека по дефолт научник или факултетски наобразован човек е Атеист???

А ако има некој заведен тоа се знае кои се. Навивачите на ФК Ватикан и ФК Константинопол
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom