Вашите одговори не гарантираат дека подобро ќе живеам ако не верувам во Господ Исус Христос. Наобразбата, учењето не ми решава проблемите со децата, со комшиите, со жената, и основното ставот према смртта. Учењето, да речам еве ќе дипломирам на економски факултет, што ми смета економскиот факултет во верата во Бога. Тотално ништо. Факултетот ќе даде наобразба и можност за вработување и можеби повисока плата. Но факултетот не ми забранува да верувам во Бога. Така наобразбата ја задоволува човечката потреба за спознавање на природата и општеството, а верата дава живот вечен, и овие две работи се компатабилни. Верата не го ограничува научното истражување, туку напротив го подржува. Се она што може на човека да му послужи за подобрување на квалитетот на живеење е прифатливо, но она што го дегенерира човека, пример евтаназија на стари лица за придобивање на економски придобивки, „научни експерименти„ со живи фетуси, тоа не е прифатливо, и за тоа ќе се бори со аргументи. Немојте да бидете толку глупи и самобендисани, па да верувате дека само атеистие завршиле факултети, само атеистите се доктори на науки. Излезете малку од собата каде сте и видете ја убавината на светот и запознајте ги лугето. Ќе ја видете стварноста. А таа е: Не сте вие атеистите центар на светот и сите да се вртат околу вас. Едноставно, за атеистие може да се каже дека се луѓе кои се заведени од одредена група на други кои со нив манипулираат и ги уништуваат како самостојни, свесни суштества, правејки ги полтрони на нивните идеи.