Ааааааа, велиш, .во Илијада и Одисеија, пишани од смртникот Хомер....Посочи ми во кој дел/делови од тие книги се наведени Зевс или Хера, оти има и такви кои велат дека ги виделе Елвис Присли и Мики Маус...
А библијата е пишувана од бесмртници нели?! :pos2: Уствари заборавив, тие што ја пишувале сега се бесмртни...ама во твојата имагинација каде седеле оддесно од господ....а господ бил насекаде?!:uvo:
И ај објасни ми по што се разликуваат тие што тврдат дека го виделе Елвис Присли и Мики Маус, од оние како вас, кој тврдат дека го виделе Исус?
--- надополнето ---
Пријателе, јас бев во Ерусалим, и на остатоците од храмот кој го изградил Соломон во чест на Бога, и во Црквата на Воскресението, и го ВИДОВ ПРАЗНИОТ ГРОБ КАДЕ БЕШЕ ПОГРЕБЕН ИСУС, КОЈ ВОСКРЕСНА И СЕ ВРАТИ ОД МРТВИТЕ. Гробот е празен, за тоа јас сум сведок.
Аха.....значи дека Исус постоел и воскреснал, доказ е празен гроб?!

Јас имам една празна ламба дома, значи јас имам доказ дека постои духот на Аладин!
Пријателе, кога не си верник христијанин, и кога не веруваш во Исус Христос, немаш врска со објавата на Исус Христос. Ако не нешто друго, барем информирај се за Есхаталогијата на Црквата, за објавата Божја. Прочитај нешто, еве Книгата на пророкот Даниил глава 7 и 8.
Епа ете ти имаш, па просветлиме! Јас ти кажав зошто и како сметам дека се апсурни и контрадикторни тврдењата на кој се базира вашата вера. Немора повеќе, објасни ми ги следниве работи:
1. Зошто бог не создал со особини кој сега ни ги забранува и ни се заканува со пекол? Зошто не создал со гордост, со гнев, љубомора...итн?
Кога купуваш производ кој не функционира како што тврди дизајнерот, дали го обвинуваш производот или дизајнерот? Дали одиш во продавница да се пожалиш дека производот не се однесува како што треба или пак вината ја префрлаш на производот, а производителот го сметаш за совршен?
2. Зошто не создал со слободна воља, ако на крајот ќе ни суди за постапките? Која е логиката некому да речеш: Избери што сакаш, ама ако не избереш тоа што јас сакам, ќе те мачам цела вечност?

Ако никогаш непогрешиш, како ќе знаеш дека тоа е погрешно?
Ако никогаш не ја видиш ноќта, како ќе знаеш што е денот? Ако никогаш не си тажен, како ќе ја цениш среќата?