Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И ај троа поднаучи нешто, и не туку „набадај„ цитати извадени од контекст!

Ај и ја да набадам:pos2:

Значи папата како наследник,Т.Е застапник на бога може да прогласи светец,или блажен.

Кои се условите,еве сега на маркс му опростија....еден ден и сталин ќе дојде на ред...па може и блажени да бидат??

Значи како оди процедурата за да некоја личност биде блажена,има совет...кардинали или само папата одлучува???
 
Докажана е таа исцелителна моќ???

Сета исцелителна моќ на морската вода, термалната вода, тврдата материја (камен ...), земјата, “блатото“ (лековитата кал) и тн. потекнува од Мудроста БОЖЈА, Која БОГ за спасение на сите - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - ја отелотвори во Исус!

Исус беше и ѐ таа спасителна инкарнација, и во сè што произлегувало и произлегува од Него има состојки со надприродно голема исцелителна моќ и несфатливо голема концентрација!

let 3 - во својата невера и бес - сакајќи да Го омаловажи Господ Исус е тој што ја започна темата за урината и сл., незнаејќи дека сè што произлегува од Господ Исус Христос е милиони пати почисто и полековито од сè што неверниот човек може да замисли или измисли! :toe:

п.с. Вистинските следбеници на Исус Христос (по правило) немаат таква практика - како некои јоги, нивните следбеници и очајни болесници - да пијат урина, бидејќи Исус за ними (верните следбеници) проли нешто безкрајно повредно, нешто што неверниот човек нити може да го свати, нити може да го замисли!

:nesvest::nesvest::nesvest:Vistina li e ova, urinata da ja pijat:uvo:,pa znaat li tie sto ima vo urinata li ne.:uvo:

Да, многу јоги им препорачуваат на своите следбеници и болесници кои бараат помош кај ними да пијат урина, по можност од дете кое не е влезено во пубертет!

Јас сум познавал луѓе дури и во македонија - од с.непроштено (тетовско) - а и на запад, кои употребувале и употребуваат урина во терапија на одредени болести!


The_LiGhT, нам ни е забрането пиење на крв и урина, но кога некој доктор или исцелител би ти рекол дека твоето дете мора баш тоа да прима за да се спаси ... што би направил ти?

Поздрав
 
............... но кога некој доктор или исцелител би ти рекол дека твоето дете мора баш тоа да прима за да се спаси ... што би направил ти?

Поздрав

Доктор тоа ни во сон не би го препишал како лек!

А некој надрилекар.......се е можно:pos2:
 
Vi se molam na koj forum se naogate? Koja bese temata...cinam Прашања за Христијанството... :toe: otidovte nekade bezvrska...
 
Доктор тоа ни во сон не би го препишал како лек!

А некој надрилекар.......се е можно:pos2:

Што правиме ако на школска медицина дипломирани и признати доктори и автори (на запад) кои практицираат комплементарна медицина, тоа денес го препишуваат на своите пациенти како алтернативна терапија?


Vi se molam na koj forum se naogate? Koja bese temata...cinam Прашања за Христијанството... :toe: otidovte nekade bezvrska...


Те молам, простими! :smir:
 
А како у пустината се појавил ѓаоло(како собрал храброст) да го искушува 40 дена??

Да не забегал малце ѓаоло,нели он не е семоќен,или Исус како човек сака да ни каже дека не е се во материјалното,а и до урината.
 
Ај и ја да набадам:pos2:

Значи папата како наследник,Т.Е застапник на бога може да прогласи светец,или блажен.

Кои се условите,еве сега на маркс му опростија....еден ден и сталин ќе дојде на ред...па може и блажени да бидат??

Значи како оди процедурата за да некоја личност биде блажена,има совет...кардинали или само папата одлучува???


Е па прашај го е па Бенедикт, може тој ќе ти одговори како одат процедурите во Ватикан.

За волја на вистината, православната Црква има слични услови за прогласување Светител, но одлуката ја носи Црквата, соборно-заеднички, а не ја носи поединец од таа Црква.
 
Добро,но еве на пример може ли србската црква ПАХОМИЕ,на пример да го прогласи за светец на собор,и ако стори така(ова пример)...важи ли и за другите православни,или светец може да прогласи само цариград.
 
Процедурата на одредување Светител, не ја знам на памет, оти не сум богословски образуван. Но еве неколку услови за станување „свет„, „блажен„, „преподобен„ и сл:

- кандидатот треба(ло) да живее благочестив живот, во покајание и добри дела,
- да има барем 2 живи сведоци, кои ќе ја потврдат неговата благочестивост,
- да стори чудо, после своето упокојување.
- да помине период од неколку години, после неговото упокојување, оти православната Црква не познава живи Светители.

Кога кандидатот ќе ги исполни пропишаните услови, врвот од помесната Црква, небитно на кој народ му припаѓа (архиепоскопот, владиците...) соборно-колективно одредува дали кандидатот ги исполнува потребните услови за да биде прогласен за Свет. Кога некој поединец е сигурно утвредно дека е Свет, тогаш помесната Црква ги известува и другите помесни Цркви дека во Едната и Света Апостолска Црква, додаден е уште еден Светител, кој не е Свет само за помесната Црква која до прогласила за Свет, туку и за сите други сестрински Цркви.

Од нашево време, таков е случајот со Светиот руски Цар Николај Романов и неговата фамилија, убиени од славниот Ленин, кого РПЦ го прогласи за свет во 2000-та г.
 
Дали животните по смртта одат во пеколот, рајот или по смртта ги снемува?
 
По смртта, растенијата и животните не познаваат друга состојба и од нив не останува ништо.
 
По смртта, растенијата и животните не познаваат друга состојба и од нив не останува ништо.

article-0-021045530000044D-726_472x367.jpg


А Неандарталците , дали тие познаваа друга состојба?
Кај одеа тие?
 
По смртта, растенијата и животните не познаваат друга состојба и од нив не останува ништо.

Добрите мачки и мачори,оние кои не грешеле,а и оние кои се покајале одат во мачјиот рај.Таму ги чека изобилие во вид на глувци,стаорци,златни рипки,врапци,гулаби,млекце и се она што им следува на праведните во вечниот живот на небесата.
Грешните од друга страна одат во мачјиот пекол каде чувари на казаните се добермани,пит-бул териери,германски овчари...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom