Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Точно е дека душата неможе да се покае како што кажуваш во поднебесието.Затоа единствена шанса за покајание е додека човекот живее на земјата.Тоа го кажува Библијата многу јасно.

Зашто ако некој на земјата си живеел како сакал и свесно одел против Божјите норми и немал намера да се покае за неговите злодела, како може некоја екипа духовници да се молат и овој истиот ( ајдукот ) да добие некое почесно место во рајот.

Нема логика во ова твое верување.

Има моето кажување јака логика, заснована на Новиот Завет.

Најдобар пример за тоа е разбојникот од крстот, кој практично, најголем дел од својот живот го потрошил на разбојништва, но ете, прен самата негова смрт, Христос му ги прости гревовите! Така, прв кој влезе во Рајот не е некој праведник, туку разбојник.

Човековата и Божјата логика не се исти: човекот суди по својот ум, и најчесто суди погрешно, а Бог суди по својата милост (а не по човековата отпадната природа) па според Бога, и за разбојниците постои можност за влез во Рајот, иако на Земјава живееле неподобно.
 
.......човекот суди по својот ум, и најчесто суди погрешно............
Е тука си во право...и твојот ум погрешно пресудил кога ја одбрал библијата за единствена вистина....:vozbud::pos2:
 
Е тука си во право...и твојот ум погрешно пресудил кога ја одбрал библијата за единствена вистина....:vozbud::pos2:

Еве го пак....:pos2:....

Маркуууус!!! Инервенисај во „случајов„.
 
Дали индијанците по смртта одат во рајот, пеколот, или на вечните ловишта?
 
Во секое верување (религија) има нешто кое што им се ветува на тие што се праведни , што живеат по воспоставени норми на доброто...
А во секој јазик има зборовна група што се викаат СИНОНИМИ

Рај = вечни ловишта
Рај= Валхала
Рај...
Поентата е дека сите го имаат само различно го викаат (наведов само два примера)
 
Дали индијанците по смртта одат во рајот, пеколот, или на вечните ловишта?

1. Северноамериканските домородци, т.н. „индијанци„, се незнабошци.
2. А каде ќе одат, зависи од тоа како Христос ќе им досуди.
3. На оние народи/племиња, кои никогаш не слушнале ниту поверувале во Христа, Он (Исус) ќе им суди според нивната совест и според нивниот разум.
4. На старозаветните јудеи, Он ќе им суди според Стариот Завет.
5. На новозаветните народи, Он ќе ни суди според Новиот Завет.
6. Како и да е, дури и „индијанците„ имаат своја ментална и колективна претстава за животот после смртта, небитно дали тој живот е живот во Рајот (или пеколот) или како тоа самите го нарекуваат, „вечни ловишта„. За нив, вечноста не е непозната категорија.
 
Библијата нема точно објаснување за тоа како еден народ се распрснал по целата Земја. А тоа што го имаат американските мормони како толкување, тоа е чиста опрелестеност во нивното видување на Библијата. Мормоните се „вадат„ на наводниот ангел Морони (леле, каков асоцијабилен израз...)
 
Најдобар пример за тоа е разбојникот од крстот, кој практично, најголем дел од својот живот го потрошил на разбојништва, но ете, прен самата негова смрт, Христос му ги прости гревовите!.


Добар ти е примерот самошто не го оправдува твоето верување дека после смртта некој може да добие спасение.

Како кажуваш? Пред самата негова смрт Христос му ги прости гревовите!
 
Поправете ме ако грешам, ама мене ми изгледа дека тука има една дупка мала.

Можеш што сакаш да правиш во животот: да тепаш, силуваш, богохулиш, псуеш, пиеш ем дрогираш, да си горделив, нетрпелив, арогантен и самобендисан - само на крајот треба да побараш прочка - и све е ОК!

Тоа ли е?
 
Најдобар пример за тоа е разбојникот од крстот, кој практично, најголем дел од својот живот го потрошил на разбојништва, но ете, прен самата негова смрт, Христос му ги прости гревовите! Така, прв кој влезе во Рајот не е некој праведник, туку разбојник.

Човековата и Божјата логика не се исти: човекот суди по својот ум, и најчесто суди погрешно, а Бог суди по својата милост (а не по човековата отпадната природа) па според Бога, и за разбојниците постои можност за влез во Рајот, иако на Земјава живееле неподобно.

Да, примеров е најдобар... ама во стварање заблуди.

Не може еден разбојник да влезе во некаков си “рај“ само затоа што побарал прошка од друг пред смртта. Повторувам: СМРТТА.

Не може еден домороден Американец да иде во пеколот, само затоа што не чул за Исус. Каде иделе сите пред проповедникот Исус да се роди?

Човековата и Божјата логика се исти. Всушност, божјата логика е само дел од човековата, и таа важи за оние што веруваат во Библијата.

Причината лежи во фактот дека стравот на човекот, неговата неможност да ги објасни појавите и смртта, го содала концептот за “БОГ“ кој наводно, треба да го поедностави неговиот живот. Резултатот е -хаотичен.
 
Прашања за Христијанството.
Пастираш линк до некојси документарец.
Снемува пост.
Поштено :)
 
Прашања за Христијанството.
Пастираш линк до некојси документарец.
Снемува пост.
Поштено :)
Фер :) Беше малце онтопик, додуше и поставуваше доста прашања...;)
...али фер - сила бога не моли :D
 
Можеш што сакаш да правиш во животот: да тепаш, силуваш, богохулиш, псуеш, пиеш ем дрогираш, да си горделив, нетрпелив, арогантен и самобендисан - само на крајот треба да побараш прочка - и све е ОК!

Тоа ли е?

Тоа е!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom