1. Јас мислев дека се тие во служба на бога, па затоа тој ќе ги чува, пази, наградува и казнува. Некако многу деловно и секуларно се чини вака, нели? Пошто кога „излеваш во кафиќ“ некако ко да не си во божји раце и на божја милост, туку, напротив, таму се занимаваш со пороци и ствари кои библијата ги забранува. Затоа споредбава некако ми е несоодветна.
2. Би сакал да ме упатите каде во библијата го пишува тоа дека треба да се изгради црква и во неа да работат попови и да наплаќаат за услугите. Јас, со моето скромно познавање на библијата сум изгледа во заблуда, пошто мислам дека Исус експлицитно вика да не се градат храмови велејќи дека храмот божји сме ние самите. Да не грешам?
Однапред благодарам.
1. Кога ги споменав „кафиќите„ сакав да поставам паралела: кога нешто се добива, за тоа се плаќа. Пошто на свештенството, како веќе напишав, не му е допуштен друг начин на заработка, освен свештнослужењето (свадби, крштевки, венчавки, погреби, куќни слави и сл.), затоа свештенството има тарифа за требите кои ги служи. Воедно, тоа што на свештениците им се плаќа за требите, тоа не е ништо нови ниту небиблиско: имено, кај старозаветните јудеи, секој јудеец одвојувал т.н. „десеток„, т.е. 10% од својот имот го одвојувал за своите свештеници и потребите од јудејските храмови. Замиси ситуација, кога во дененмо време, ти би требало да одвоиш 10% од својот имот за поповите? Се прашувам, како тогаш (ти) би реагирал? А во меѓувреме, преиспитај се самиот себе и провери за кои све глупости имаш давано пари, и тоа често и секојдневно! А во Црквата, постојат категории, како на пример, кршетавњето или венчавањето, за кои се плаќа ЕДНАШ во животот!
2. Да, грешиш во поим! Уште во Стариот Завет е запишан следниот стих: „...Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече!...„ Истиот тој стих го повторува Сам Исус Бог, кога ги брка јудеите од ерусалимската синагога (јудејски храм) кој (храм) јудеите гои претвориле во пазар!
Пошто рисјанството произлегува од јудаизмот, така, како што кај јудеите постоеше левитското племе, кое немаше свој имот и живееше само од десетокот, оти Сам Бог така им одреди на јудеите, така и во Црквата постојат свештеници, кои не живеат од плата или од имот, туку од своите служби. Тоа што верниците плаќаат за свештеничките треби, тоа не е никакво зло, туку показател дека и свештенството и верниците се дел од Црквата, т.е. ја чинат
живата Црква, составена од свештенство и верници, а не црковниот храм.
П.С. Во Црквата, сите се исти пред Бога, во
- своите гревови
- својата одговорност.
Бог никому не му понуди привилегија, туку аналогно на позицијата, расте и одговорноста. Да се биде поп, не е привилегија кај Бога, туку двојна одговорност пред Бога!
А зашто да наплаќаат зар неим е доволна духовната награда ?? и кај тоа пишува дека треба да наплаќаат а да не издаваат фискални ајдуците ???
и да прават финансиски проневери од милионски суми
Многу читаш дневни весници и тенденциозно напишани текстови од неписмени новинари. Причекај троа да се заврши судењето за „Изгрев„ па ќе видиме кој и колку проневерил.
П.С: Зашто ти, на пример, не живееш од „духовна награда„? Ха-ха-ха! И која и каква е таа награда?