Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Молитва после смртта не треба за упокоените.Додека се живи молете се за нивните души, за нивно покајание и обраќање.

Со умирањето умира и секоја надеж за спасение.Џабе ти се молитвите.

Напротив!

На упокоениот, молитвите му се потребни и тоа како. Нему, времето во овој Свет и во овој живот му е истечено, така да душата од покојникот не може ништо сама за себе да стори, оти нејзе и претстои поединечниот суд. Пошто во таа „меѓусостојба„, во просторот од поднебесието, душата не може да се покае и да стори нешто добро со кое би ги покрила своите злодела, така да единствена помош на таа душа и се молитвите, кои Црквата ги упатува до Бога, за да Го умилостиви и за да Он покаже милост кон душата од покојникот.

Молитва за живите е потребна, не велам не, но другите личности, додека се живи, можат и самите да сторат нешто за своето спасение, така да молитвата за нив повеќе е второстепена и одраз на грижа на личностите, едни кон други.
 
Јас имам две прашања за Христијанството.
1. Зошто поповите наплаќаат за крштевка, за осветување, за погреб и сл?
2. Дали библијата некаде експлицитно вика дека треба да постои црква и попови?
 
Јас имам две прашања за Христијанството.
1. Зошто поповите наплаќаат за крштевка, за осветување, за погреб и сл?
2. Дали библијата некаде експлицитно вика дека треба да постои црква и попови?

1. А зашто да не наплаќаат? Кога „излеваш у кафиќ„, не ти наплаќаат на шанк? Поповите живеат само од својот свештенички повик и немаат право на други приходи.

2. ДА! Библијата ВЕЛИ дека има Црква, оти Сам Христос Бог ја создаде Црквата! А првите попови се никој друг, туку Апостолите Христови!
 
Напротив!

........................така да душата од покојникот не може ништо сама за себе да стори, оти нејзе и претстои поединечниот суд. Пошто во таа „меѓусостојба„, во просторот од поднебесието, ..................................

Мики.......:pos2:
....од кај ти вака од прва рака ги знаеш овие работи?
Да не случајно имаш некој линк па до тој меѓупростор и меѓусостојба...па од време на време си ѕиркаш.....:vozbud:

.....меѓусостојба!!!!!!......да не воведуваш ти некои нови поими во религијата?
 
:tapp: Еден убав ден, Vone, а можеби и порано, ќе ти текне.

Ај не „обесувај„, туку, ако имаш нешто да прашаш-прашај. Имено, таков е насловот на подтемава на форумов: „Прашања за христијанството„ а не „тресење зелени„.
 
Во првиот цитат имаш дури три прашања!
 
1. А зашто да не наплаќаат? Кога „излеваш у кафиќ„, не ти наплаќаат на шанк? Поповите живеат само од својот свештенички повик и немаат право на други приходи.

2. ДА! Библијата ВЕЛИ дека има Црква, оти Сам Христос Бог ја создаде Црквата! А првите попови се никој друг, туку Апостолите Христови!

1. Јас мислев дека се тие во служба на бога, па затоа тој ќе ги чува, пази, наградува и казнува. Некако многу деловно и секуларно се чини вака, нели? Пошто кога „излеваш во кафиќ“ некако ко да не си во божји раце и на божја милост, туку, напротив, таму се занимаваш со пороци и ствари кои библијата ги забранува. Затоа споредбава некако ми е несоодветна.

2. Би сакал да ме упатите каде во библијата го пишува тоа дека треба да се изгради црква и во неа да работат попови и да наплаќаат за услугите. Јас, со моето скромно познавање на библијата сум изгледа во заблуда, пошто мислам дека Исус експлицитно вика да не се градат храмови велејќи дека храмот божји сме ние самите. Да не грешам?

Однапред благодарам.
 
А зашто да наплаќаат зар неим е доволна духовната награда ?? и кај тоа пишува дека треба да наплаќаат а да не издаваат фискални ајдуците ???

и да прават финансиски проневери од милионски суми
 
1. Кога ги споменав „кафиќите„ сакав да поставам паралела: кога нешто се добива, за тоа се плаќа. Пошто на свештенството, како веќе напишав, не му е допуштен друг начин на заработка, освен свештнослужењето (свадби, крштевки, венчавки, погреби, куќни слави и сл.), затоа свештенството има тарифа за требите кои ги служи. Воедно, тоа што на свештениците им се плаќа за требите, тоа не е ништо нови ниту небиблиско: имено, кај старозаветните јудеи, секој јудеец одвојувал т.н. „десеток„, т.е. 10% од својот имот го одвојувал за своите свештеници и потребите од јудејските храмови. Замиси ситуација, кога во дененмо време, ти би требало да одвоиш 10% од својот имот за поповите? Се прашувам, како тогаш (ти) би реагирал? А во меѓувреме, преиспитај се самиот себе и провери за кои све глупости имаш давано пари, и тоа често и секојдневно! А во Црквата, постојат категории, како на пример, кршетавњето или венчавањето, за кои се плаќа ЕДНАШ во животот!

2. Да, грешиш во поим! Уште во Стариот Завет е запишан следниот стих: „...Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече!...„ Истиот тој стих го повторува Сам Исус Бог, кога ги брка јудеите од ерусалимската синагога (јудејски храм) кој (храм) јудеите гои претвориле во пазар!

Пошто рисјанството произлегува од јудаизмот, така, како што кај јудеите постоеше левитското племе, кое немаше свој имот и живееше само од десетокот, оти Сам Бог така им одреди на јудеите, така и во Црквата постојат свештеници, кои не живеат од плата или од имот, туку од своите служби. Тоа што верниците плаќаат за свештеничките треби, тоа не е никакво зло, туку показател дека и свештенството и верниците се дел од Црквата, т.е. ја чинат живата Црква, составена од свештенство и верници, а не црковниот храм.

П.С. Во Црквата, сите се исти пред Бога, во
- своите гревови
- својата одговорност.

Бог никому не му понуди привилегија, туку аналогно на позицијата, расте и одговорноста. Да се биде поп, не е привилегија кај Бога, туку двојна одговорност пред Бога!

А зашто да наплаќаат зар неим е доволна духовната награда ?? и кај тоа пишува дека треба да наплаќаат а да не издаваат фискални ајдуците ???

и да прават финансиски проневери од милионски суми

Многу читаш дневни весници и тенденциозно напишани текстови од неписмени новинари. Причекај троа да се заврши судењето за „Изгрев„ па ќе видиме кој и колку проневерил.

П.С: Зашто ти, на пример, не живееш од „духовна награда„? Ха-ха-ха! И која и каква е таа награда?
 
Јас имам две прашања за Христијанството.
1. Зошто поповите наплаќаат за крштевка, за осветување, за погреб и сл?
2. Дали библијата некаде експлицитно вика дека треба да постои црква и попови?

1. Вистинските христијани и христијански учители (``попови``), значи зборуваме за апостолското време биле подучени од Исус За џабе добивте џабе давајте (во контекст кажано)
Матеј: 10:8

2. Колку што имам разбрано секаде каде е присутен Бог -таму е црква, не мора де е градба
Свештеникот треба да е пастир - предводник - насочувач на неуките и на оние кои живеат во темнина. Тој треба да е полн со добрина , надеш да дава утеха .... (целосна спротивност од она што го гледаме денес)
 
imam ednp prasanje procitav deka za crkva da bide sveta treba da bide osnovana od apostol kako sto e aleksandriskata i rimskata ova znaci deka carigradskata kvazi patrijarsija e satanisticka tvorba isto i SPC pa i ruskata crkva stvoreni so cel znaci MPC ne treba uopste da se zamara so pahomie:pos2:

tuku da se orientira kon vistinskata sveta crkva...rimskata dali e ova tocno bidejki pred podelbata na crkvite pravilo bilo crkva da bide osnovana od apostol znaci ovie kvazi crkvi ne se bozji tuku so politicki celi-razdor i ubistva kamko srbite syto pravea bosna

a i grcite napalm vrz makedoncite:violent1:

А зашто да наплаќаат зар неим е доволна духовната награда ?? и кај тоа пишува дека треба да наплаќаат а да не издаваат фискални ајдуците ???

и да прават финансиски проневери од милионски суми

tocno i samite popovi i crkvata ne uci na duhovnost ne materijalnost...treba fiskalni za da ne vozat jipovi,a i da da plakaat danok
 
А зашто да наплаќаат зар неим е доволна духовната награда ?? и кај тоа пишува дека треба да наплаќаат а да не издаваат фискални ајдуците ???

и да прават финансиски проневери од милионски суми
Им треба за да возат мерцедеси и да купуваат луксузни јахти кои се регистрирани во други држави за да не бидат откриени:toe:
 
Јас имам две прашања за Христијанството.
1. Зошто поповите наплаќаат за крштевка, за осветување, за погреб и сл?
2. Дали библијата некаде експлицитно вика дека треба да постои црква и попови?

Црква е божја куќа и треба да ја има.
Не дека сум за поповите да имаат скапи автомобили јахти вили но на нив тоа им е работата, поповите не зимаат плата за молитвите што ги појат па затоа ги зимаат тие пари и подароци.

neemo тие неможе да живеат од духовна награда како што велиш.

Јас зборувам за обичните попови, незнам владиките какви пари вртат но место во казина и хотели можат да го користат парите за разубавување на манастирите и црквите.
 
1. А зашто да не наплаќаат? Кога „излеваш у кафиќ„, не ти наплаќаат на шанк? Поповите живеат само од својот свештенички повик и немаат право на други приходи.

2. ДА! Библијата ВЕЛИ дека има Црква, оти Сам Христос Бог ја создаде Црквата! А првите попови се никој друг, туку Апостолите Христови!

А зошто поповите се најголемите бизнисмени, во чие семејство, нема бебе родено, кое нема фирма на негово име? Како тоа, од “повикот“ тие возат џипчиња, мечиња...?

Глупостите со црквата (намерно мало ц), ги има измислено Мојсеј:

Господ му рече на Мојсеја:
„Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.
Глава 25, Втора книга, стихови 1-8.

Исус викаше: Бог не бара од него да му принесувате дарови и жртви! Тој нема потреба од храмови градени од човечки раце. Кога ќе посакаш да му се помолиш, направи го тоа во најскришното катче од твојот дом.

Ме интересира, што ќе му се на господ сиве овие дрнгулии... злато, сребро, бронза, лен, кожи, скапоцени дрва, масла, бесценети камења...

Мислам, јасно ми е дека на поповите им требаат вакви ствари... ама на господ...??? :toe:

Значи, не штима нешто прикаската... :tv:
 
Напротив!

Пошто во таа „меѓусостојба„, во просторот од поднебесието, душата не може да се покае и да стори нешто добро со кое би ги покрила своите злодела, така да единствена помош на таа душа и се молитвите, кои Црквата ги упатува до Бога, за да Го умилостиви и за да Он покаже милост кон душата од покојникот.

Точно е дека душата неможе да се покае како што кажуваш во поднебесието.Затоа единствена шанса за покајание е додека човекот живее на земјата.Тоа го кажува Библијата многу јасно.

Зашто ако некој на земјата си живеел како сакал и свесно одел против Божјите норми и немал намера да се покае за неговите злодела, како може некоја екипа духовници да се молат и овој истиот ( ајдукот ) да добие некое почесно место во рајот.

Нема логика во ова твое верување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom