Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Тек да слушниш кога црна дупка проработува шо звук вади, како откуцај на срце :D
Имаме мозок и срце засега :icon_lol:

Шарлатанско ми е видеово некако... :)

(Mислам, ако ти е сериозна намерата, ако се зезаш ОК)
 
Шарлатанско ми е видеово некако... :)

Не му верувај на видеово, барав нешто добро на јутуб за брзопотезно, само тоа ми излезе така поОК.. Има во документарки прошуракај. Во тие со Морган глумецов имаше, една епизода. (Through the wormholes)
Го викаа нешто во стилот ,,Танцот на црните дупки" кога влегуваат една во друга. Таму се слуша многу подобро, како откуцај на срце дури има ротација и како се наближуваат работите една до друга, до самото ,,голтање" како да забрзува пулсот и престанува.

Веројатно беше оваа, мислам дека ја најдов.

Како настанал човекот по твое? :) Eве ти знајш да речиме, баба ти ја оставаме настрана.
Јас на мојата и објаснив и Биг Бенг, онака за да ја задумам тро само нз колку ме сфати :D

Одговорот би бил еволуција претпоставувам.
Омилена фраза во таа теорија знајш која е ? Одам малку попластично.
-Дали од црв можи да настани чоек за две минути?
Одговорот е-НоУ Веј!
-А дали од црв можи да настани чоек по милион години?
Одговорот е-Можеби.
Тука голем удел има времето и промените под 32523535 фактори кои човекот не ги познава целосно а исто ги верува дека постојат.

Муабетот ми едноставен. Во тие теории и во оние за Биг Бенгот обично запримети се користат зборови како-Се претпоставува, веројатно, можеби, ако ова било вака и така, можеби другово било онака. Е сега пишав за Дарвин(оти чекав да ми се сметни епизода од Брејкинг Бед) колку да се најдам во муабет. Нели во дебативе палат и верници со свои оружја и артилерија од некој извор и атеисти. Кај атеисти едно од круцијалните е Дарвинова Еволуција (нели настанок на универзум и чоек се едни од најбитни прашања каде најчесто се препукуваме). Па од тука малку е чудно и неубо да се користи аргументот на некој кој по се изгледа на крај здрмал и се задумал во сигурноста на своето тврдење.
Наравоучение да се испитуваат работите повторно и повторно оти така сме чоециве наштимани. Теорија никогаш нема да не задоволи оти кога тогаш повторно ќе се задумаме околу истата. Ако постои нешто како надтеорија, можеби и друг ќе беше одговорот.

Јас одоколу низ прашањето сакав да оцрнам тро од тро едно учење кое се користи како аргумент. Прашања од стилот-Оти не веруваш во Господ? Оти го нејчиш Исус? Што беше клучно за да постаниш атеист? се излишени прашања кои се одговарани по милионити пат, каде секој има право да определи по слободна волја и убедување како ќе гледа на тие некои работи, во согласност со она што го насобрал од изворите и она што му е логички и кое го милува.
Еве ти моја теорија за настанување на светот (знам дека џабе ќе ја пишувам али ај ).
Доаѓа Mother ship на некоја вонземјанска напредна цивилизација и ја гледа планетава како добар пример за експерименти .Создава животински свет и човечки свет (може и налик на самите нив ) (бидејќи се што луѓето креирале е налик на нив па си викам може и они го направиле истото ). Гледаат потенцијал во човечкиот свет и го менуваат ДНК-та(затоа луѓето можат да зборат а животните не) на луѓето и така почнува човекот да евоулира и да доаѓа до оваа денешна.Човекот почнува да учи ,зборува ,создава креира итн .Може и да сме нивни потомци сепак е по логично од она што го читате во библијата куранот итн каде што никаде не е опишан како изгледа креаторот на човечката раса и целиот свет (овде барем гледаме некој доказ NLO,други галаксии итн ) .Која е логиката да веруваме во нешто што не го видел никој до сега (се кажува седел на небото) па добро бе ние милион воени вежби напраивме со воени авиони еден мораше да го удри до сега или открие на радар.Веруваме во нешто што е апстрактно бидејќи никој не го видел .Само една теорија или реченица можам да ја сватам некако "исус е во тебе не го барај надвор" истото го има и во будизмот но тогаш станува збор за внатрешен дух а не бог (или од тука произлегува дека ти си бог на тоа тело и можеш да правиш што сакаш).
 
Дечки, не било првпат некој да презентира ваква теза... мозок или срце, или дека сме некој вирус во некоја крава... (со извинение на цел женски род)... НО!... секогаш исти крај.. Ам тој мозокот и срцето се дел од некаков живот/но? Ам тоа каде се наоѓа, на која планета? :icon_lol: Исто е и со кравата... Стварно е интересно, но за жал - цело време лупира. Безнадежно е... знам. Сум се трудел и јас. :tapp:

дополна:
Ова со интелегентен креатор ми e тешко за разбирање!
Некој со таква авансирана технологија, дојде овде во пустелијава да прајт аквадукти, пирамиди, да сликат по камењата... мислам стварно не-логичка теза! (се базирам на ancient alliens филозофиите). И плус додај му на тоа фактот дека човекот има голема шанса (според мене 100%) да е еволуиран од човеколика праформа, тогаш за ОВА ДЕНЕС што го гледаме... Не треба ни Бог, ни инт.кре, ни ништо... Пак за Македонија?!!??! За ова што е створено до денес, само Интелегентен Дистроер е потребен. Нешто слично ко Турците.. само тие не биле толку интелегентни :))))
 
Дечки, не било првпат некој да презентира ваква теза... мозок или срце, или дека сме некој вирус во некоја крава... (со извинение на цел женски род)... НО!... секогаш исти крај.. Ам тој мозокот и срцето се дел од некаков живот/но? Ам тоа каде се наоѓа, на која планета? :icon_lol: Исто е и со кравата... Стварно е интересно, но за жал - цело време лупира. Безнадежно е... знам. Сум се трудел и јас. :tapp:
Зошто па мора да биде планета? Можеби неговиот универзум е различен, кузнае што има, розеви облаци :)
Можеби се што постои е живот во различни облици, сето уредно спакувано во кутии :)
 
Зошто па мора да биде планета? Можеби неговиот универзум е различен, кузнае што има, розеви облаци :)
Можеби се што постои е живот во различни облици, сето уредно спакувано во кутии :)

Чичко Тетке, жити молимте - кажи ми каде се наоѓаат кутиите?
 
Дечки, не било првпат некој да презентира ваква теза... мозок или срце, или дека сме некој вирус во некоја крава... (со извинение на цел женски род)... НО!... секогаш исти крај.. Ам тој мозокот и срцето се дел од некаков живот/но? Ам тоа каде се наоѓа, на која планета? :icon_lol: Исто е и со кравата... Стварно е интересно, но за жал - цело време лупира. Безнадежно е... знам. Сум се трудел и јас. :tapp:

дополна:
Ова со интелегентен креатор ми e тешко многу да го разберам!
Некој со таква авансирана технологија, дојде овде во пустелијава да прајт аквадукти, пирамиди, да сликат по камењата... мислам стварно не-логичка теза! (се базирам на ancient alliens филозофиите). И плус додај му на тоа фактот дека човекот има голема шанса (според мене 100%) да е еволуиран од човеколика праформа, тогаш за ОВА ДЕНЕС што го гледаме... Не треба ни Бог, ни инт.кре, ни ништо... Пак за Македонија?!!??! За ова што е створено до денес, само Интелегентен Дистроер е потребен. Нешто слично ко Турците.. само тие не биле толку интелегентни :))))
Ни за уште милион години (ако постои до тогаш човечката раса ) нема да се знае кој е креатор на човекот .(инаку добро што се базираш на ancient aliens добро е што све е базирано на факти и докази .
 
Еве ти моја теорија за настанување на светот (знам дека џабе ќе ја пишувам али ај ).
Доаѓа Mother ship на некоја вонземјанска напредна цивилизација и ја гледа планетава како добар пример за експерименти .Создава животински свет и човечки свет (може и налик на самите нив ) (бидејќи се што луѓето креирале е налик на нив па си викам може и они го направиле истото ). Гледаат потенцијал во човечкиот свет и го менуваат ДНК-та(затоа луѓето можат да зборат а животните не) на луѓето и така почнува човекот да евоулира и да доаѓа до оваа денешна.Човекот почнува да учи ,зборува ,создава креира итн .Може и да сме нивни потомци сепак е по логично од она што го читате во библијата куранот итн каде што никаде не е опишан како изгледа креаторот на човечката раса и целиот свет (овде барем гледаме некој доказ NLO,други галаксии итн ) .Која е логиката да веруваме во нешто што не го видел никој до сега (се кажува седел на небото) па добро бе ние милион воени вежби напраивме со воени авиони еден мораше да го удри до сега или открие на радар.Веруваме во нешто што е апстрактно бидејќи никој не го видел .Само една теорија или реченица можам да ја сватам некако "исус е во тебе не го барај надвор" истото го има и во будизмот но тогаш станува збор за внатрешен дух а не бог (или од тука произлегува дека ти си бог на тоа тело и можеш да правиш што сакаш).

Тука си грешка. Логиката е игра на обичен човечки ум, која се поврзува и со рационалното и со емпиристичкото. За тоа дали некој го видел имаш полно случаи (за кои не мораш да веруваш или можиш да ги негираш, но секако постојат). Воедно една од работите за некој да постани светец е да прикажи невообичаено чудо после сама смрт(не знам кај беше точно, мислам во Русија) по некој период зелена течност излегуваше од гробот на отецот. Ти можеш да (не) веруваш во неа, но има луѓе кои во истата веруваат. Самиот поим верба има поинакво значење од доказ црно на бело понекогаш.
Имаш случаи на клиничка смрт кои горе долу даваат сличен опис на тоа поинакво искуство. Исто и во нив можеш да не веруваш и да ти бидат смешни но ФАКТ е дека постојат. Имаш халуцинации кај стари лица кои испуштаат душа. Речиси идентични халуцинации, во кои гледаат некаков си паралелен свет. Еве дедо ми да го спомнам пред да почини, ќе ја поткренеше главата нагоре и ќе речеше пример-Еј шо јадат оние онаму кај рекана? Кои бе дедо, нема никој. Абе оние, онде, ене ги седат на маса, јадат нешто (ова се случуваше две недели). Можиме да речиме, абе се пригубува старото, неарно е, ко дрогано да е, но друг факт е дека ако разговараш со некој горе долу има да ти кажи слично искуство од некој негов близок. Е сега имаш обид за докажување дека сето тоа потекнува од тресење на TPJ но не е докажано, не му штима.

Инаку измислување теории е ок. Секогаш ќе ги модификуваш со секое ново сознание, но никогаш нема да бидеш максимално задоволен и убеден оти се поризнесов претходно за значењето на некоја теорија.

А тоа со авионите и радарот нема да го коментирам :D
 
но друг факт е дека ако разговараш со некој горе долу има да ти кажи слично искуство од некој негов близок.
Нема врска верувај, еве јас имав искуство со ова (за жал) и она што беше халуцинација беше само дел од разговор што се случи истиот ден. Нешто што останало во потсвеста. Ништо „од горе“.

Најобични халуцинации се, и со Господ да го слушаш како разговара пак не можеш да го приложиш како тврдење дека тоа е нешто повеќе од халуцинација.
 
Ова ти што го кажуваш е свеста и подсвеста на човечкиот ум нема никаква врска со религија , во твоите реченици станува збор за човечкиот мозок и поминатиот живот на човекот. Ако човекот во својот живот ја гледал борбата во него како голем верник нормално е дека кога нема да биде свесен ќе доживува халуцинации од типот евангелија како што опишуваш ти .Човекот пред или на смртна постела се подсеќа на случки или доживувања од него тоа е подсвест .Имаш исти вакви статии за човек кој бил пилот со халуцинации од неговиот живот додека летал со својот авион ( истото го дожуваат и воени лица,убици ,луѓе кои учествовале во некои војни ,атентатори итн ) .Човечот добивал халуцинации како е во својот авион и дека лета над надморска височина од 10000 м .Денешниот свет се базира повеќе на факти и докази од колку на нечив збор .Затоа и во суд кога ќе отидеш ти бараат докази или факти ,а не твои зборови .Не велам дека тоа е исправно но тоа е што е .(те молам коментирај за радарите :D )
 
Нема врска верувај, еве јас имав искуство со ова (за жал) и она што беше халуцинација беше само дел од разговор што се случи истиот ден. Нешто што останало во потсвеста. Ништо „од горе“.

Најобични халуцинации се, и со Господ да го слушаш како разговара пак не можеш да го приложиш како тврдење дека тоа е нешто повеќе од халуцинација.

:D (за болдот, интересно е )

Ај сега да ти кажам друг пример од мои блиску луѓе. Одеа во Скопје кај еден отец, имаа болно дете и нон стоп му пекаа и го прашуваа отецот како можат да дојдат до чиста мисла и молитва, зошто никогаш не го виделе или чуле Бог. Овој цело време им одговараше, молете се, ќе ве чуе (нели логички ретардирано личи сето ова, но пратете ме докрај и потоа изнасмејте ми се). И си продолжија луѓето со исто темпо.

Една вечер мажот сонува како некој човек го гледа низ клучалка, така посиромашен, стои пред врата и гледа на кај дупчето. Тропнал неколку пати и потоа си влегол внатре во куќата. Мажот се разбудува и гледа нема ништо, сфаќа дека е сон. Останува така да лежи со подотворени очи додека дремка повторно не го надваса, ко во меѓувреме жена му срипува како од кошмар. Ја прашува што се случило а таа му одговара дека сиромашен човек влегол во нивната куќа, побарал вода, таа му дала, потоа си послал и си легнал на земјата. Потоа го споредуваат описот на човекот и тој се поклопува до најмал детал, од изглед до облека. Одат кај отецот, раскажуваат уште истиот ден. Овој им отворил книга и им го покажал ликот од нивните соништа. На истиот ден бил Св.Никола. Подоцна ги запознава со приказната за животот на светецот и неговите страдања.
Јас и до ден денешен сум во двоумица за ова нешто, но која е веројатноста така да се поклопат едно по друго дејствата со исти опис? Се согласуваме дека е чудно, е сега тоа е нивно искуство, не наша, и можат да го споделат само со кажан збор, а на кажаниот збор човек секогаш може да се посомнева и то е то. Колку и да звучи чудно, ретардирано, нелогичко, тоа постои.

Имаш нели повеќе проучувања. Бог постои во човечки мозок. Во унивезитет е создадена направа која создава мали струички, нешто како шлемче, ти ја тураат на глава и добиваш интересно искуство.
Имаш и теорија дека ние сме како во СИМС, чоечиња кои играат во некоја супер машина. Доказ вика братов, зумирајте чоечко ткиво, кожа, ќе ви се појават пикселчиња.

Кхз, во суд не бараат докази или факти, туку од едните ги изведуваат фактите :D Постапка е таа.

И не е малку чудно да се верува во потсвест и свест, кога и тука има полно контрадикции околу нивно функционирање и работење. Нели и тие не се гледаат по дифолт, а сите употребуваме, разум (и веруваме дека постои), свест, потсвест и слично (демек сме искусиле).
Муабетов ми е дека има мал милион необјаснети чуда кои и пркосат на науката. Има мал милион чуда од дамнешни времиња кога човековата мисла била подзатупена и уназадена, а сеуште и пркосат на денешната, кај нас позната со секој изминат ден, мисла на максимална точка созреаност.

Тек да не спомнувам соништа кои навестуваат смрт. Соновите се чудна работа, но тоа е веќе друга тема, да не ја отворам.

Сега излегувам да прошетам малку, така уба е ноќва. Бидете поздравени.
 
Муабетов ми е дека има мал милион необјаснети чуда кои и пркосат на науката. Има мал милион чуда од дамнешни времиња кога човековата мисла била подзатупена и уназадена, а сеуште и пркосат на денешната, кај нас позната со секој изминат ден, мисла на максимална точка созреаност.

Тек да не спомнувам соништа кои навестуваат смрт. Соновите се чудна работа, но тоа е веќе друга тема, да не ја отворам.

И што ти е поентава уствари, дека ако има мал милион ствари што и пркосат на науката, тоа значи дека има Господ, и дека тоа е уствари христијанскиот Бог?
Звучи како God of the gaps.
 
И што ти е поентава уствари, дека ако има мал милион ствари што и пркосат на науката, тоа значи дека има Господ, и дека тоа е уствари христијанскиот Бог?
Звучи како God of the gaps.

Во тема каде јас треба да прашувам мене ме прашуваат но нема гајле, бидејќи ми си симпатичен лик ќе одговорам. :)

Не ми е поентата да го докажувам јас тука постоењето на рисјански Бог, нити пак постоењето на било каков Бог, бидејќи ние си знаеме нели по себе, секој како што си заклучил и сфатил дека му е подобро, таков став си завзел. Не секој, но верувам дека поголемиот дел, ѕирнале од обете страни, па тежиштето сами некаде го поставиле.

Поголем дел од атеистите одат рака под рака со науката (но не сите). Постојано слушаме дека се спомнува науката(т.е учењата на некои) низ дискусии. Сакав само да алудирам дека постојат прашања кои науката сеуште не е или моќна да ги одговори, или одговор во овие димензии, простори, времиња, во оваа живеачка нема (Како што спомна Витгенштајн дека, прашањата за смрта и животот треба да се бараат вон простор и време, а не во простор и време). На многу наврати науката скрцала, пример во видеото погоре за Црните Дупки, прифатена како вистина од сите страни беше тезата на Хокинг, но тој водоинсталатерот Susskind му ја заеба вистината, па после битка докажување Хокинг призна пораз. Значи не треба да се осудува вербата на луѓето како мерило за лудоста и глупавоста, како што не треба да се осудува невербата на атеистите кои милуваат напоинаку.

А дали е тоа рисјански Бог, дали е Алах, дали е виша сила, енергија, компјутерска машина, секој како ќе одлучи. Јас се одлучувам и верувам во првото, бидејќи постојат специфики кои сум ги сретнал и успеале да ме придобијат. Некој би рекол чиста илузија, друг заблуда, трет лажење на мозокот, четврт кукавичлак, петти глуп, но негово право нели :). Плус тоа е сосема друга тема зошто православниве се разликуваат од будистите, Јехове, Алах, и се има доста дрвено на истата :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom