Слепа верба е слепа верба, била тоа во светата книга (која и да е, не е само твојата) било да е во недокажани и непотврдени теории. Не знам како поинаку да ти кажам атеизмот нема никаква врска со науката. Еве да се вратиме назад до поназад за универзумот. Што велат хиндусите (и скоро сите источни религии)? Исто е во контраст со христијанството. Зошто тоа не го спорите? Или не го знаете?
Сепак работата не е црно-бела. Или еволуција или ИД. Ц... не ќе да е така. Често пати и атеисти (барем така се изјаснуваат, а некои и не се, само мислат дека се) сум критикувал дека негирањето на едната прикаска не ја доказува другата. Колку и да бараш некакви дупки, недоречености, непознаници во еволуцијата, во биг бенгот и што знам јас што, нема да го докаже бог. Исто и обратното.
Па затоа и се вика верување другарче, ако можи така да се обратам, самиот термин има свое значење како и терминот неверување. Методи се во прашање на доаѓање до одговорите. По Филозофија во средно сум го запамтил еден Карл Попер кој употребуваше фалсификација. Чинам дека преку негирање на грешки, недоречености сакаше да најди одговор на некои прашања. (малку глуп метод но интересен).Инаку вака некако би резимирал накратко оти муабетов искрено ми интересен, но сакам да ја изгледам епизодата од серијата, плус капилар в око ми пукна
Зошто да се трудиме да го дефинираме Бог? Што од тоа? Еве да речеме дека сме го дефинирале, и што? Ќе направиме теорија околу дефиницијата. И подоцна цела теорија ќе ја сфатиме со разумот. Можеби ќе ни одговори на некои прашања од типот 'од каде сме и каде одиме'. И ќе си ја задоволиме радозналоста, и толку (вакви теории мислам има многу). Али животот продолжува, нови денови идат, повторно треба да си ги работиме работите во животот, повторно нешто старо нешто ново се случува. И со тек на време мислам дека ќе почнеме да се сомневаме во вистинитоста на нашата теорија, и повторно ќе почнеме да се прашуваме од каде сме и каде одиме, и ќе бараме нови одговори и повторно (свесно или потсвесно) ќе се обидуваме да го најдеме Бог. Мислам дека никоја теорија неможе целосно да не задоволи, нас ни треба нешто над-теорија што ќе може повеќе или потполно да не задоволи. А и во суштина, што е тоа теорија: тоа е една толку глупава, лесна и проста работа, еден склоп на дефиниции и логични заклучоци, која може да се научи за некое време и после да се положи на испит. Во животот има многу потешки работи од теоретизирање, некогаш сме ставени во потешки ситуации него во ситуацијата да се трудиме да го дефинираме Бог, и таквите ситуации ни се случуваат со причина, која според мене е, да се усовршиме како битие, со цел да бидеме силни и слободни, да бидеме "над" работите кои ни се случуваат, да добиеме реална слика за животот и себе си. Тоа е многу повеќе од теорија. А врховната цел е себеспознание, конечно спознавање на вистинската реалност за нас.
И тука иди формата некаде, тука иди субјективното, субјективните факти/чувства, за некои илузии, но сите сме луѓе со мозок кој го користиме за да
преживуваме и бидеме
радосни. Патот за болдот сами си го бираме
Биди поздравен, мило ми беше за разменетите зборови.