Power 90 Xtreme - Workout program

Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Сте се распишале за P90X, па сакав да прашам за Turbofire кој е исто од линијата на Beachbody вежбите. Што мислите за овие вежби, дали би имале резултат на покрупни девојки, како што кажуваат на нивниот сајт. Се гледа дека се интензивни кардио вежби, па дали би ги препорачале за почетници?
P.S. Како најдобро до мотивација за вежбање?
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Скоро сите фитнес програми на beachbody се high intensity така да не се баш сите за почетници, треба да си барем во некоја кондиција да можеш да ги работиш програмите.
А мотивација, епа баш сеа правам муабет паралелно во друга тема за тоа како имам сеа висок притисок и несмеам ништо да вежбам освен одење, треба да се откажам од многу задоволства во животот и стварно не чини кога ќе ти кажат дека не смееш да вежбаш зашто не ти дозволува телото. Па така гледај да ти биде мотивација тоа што си здрава, права и споособна за вежбање, зашто тек кога би дознала(не дај боже) дека неможеш да вежбаш и дека ќе треба дооооолг период само да одиш и седиш, тогаш ќе сфатиш што значи да можеш а да не сакаш да вежбаш.


Поздрав
 
П

Пепси_

Гостин
Сте се распишале за P90X, па сакав да прашам за Turbofire кој е исто од линијата на Beachbody вежбите. Што мислите за овие вежби, дали би имале резултат на покрупни девојки, како што кажуваат на нивниот сајт. Се гледа дека се интензивни кардио вежби, па дали би ги препорачале за почетници?
P.S. Како најдобро до мотивација за вежбање?
Пушти Fashion tv и такви ствари,потоа во следната прилика кога ќе се видиш во огледалото ќе те тера да плачеш. По голема мотивација од тоа нема
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Сте се распишале за P90X, па сакав да прашам за Turbofire кој е исто од линијата на Beachbody вежбите. Што мислите за овие вежби, дали би имале резултат на покрупни девојки, како што кажуваат на нивниот сајт. Се гледа дека се интензивни кардио вежби, па дали би ги препорачале за почетници?
P.S. Како најдобро до мотивација за вежбање?
Како до мотивација?
Па како бе луѓе немате мотивација уште пред да почнете да вежбате,разбирам на 2 недели,месец од како си почнал да изгубиш мотивација ама на почеток?Мотивација нека ти биде тоа дека сигурно ќе бидеш подобра откако ќе почнеш да вежбаш отколку што си сега и на физички и на кондиционен план.
Со Р90Х после првиот месец ќе имаш изгубено барем 2-3 кила,се разбира ако бидеш упорна,под упорна не значи да се истоштиш до несвест бидејќи сигурно ќе неможеш да ги правиш од почеток вежбите со перфекција и тајминг како Тони Хортон и другарите,ама со време ќе напредуваш можеби помалку ама ќе напредуваш.
Поздрав
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Колку и да имаш мотивација кога тогаш ќе замине. Вежбањето треба да се свати како обврска, исто како што мора да појдеш на работа, на школа така мора и да вежбаш и да се храниш здраво.

Јас имам на дожд правено кардио, денот беше за него, чадорот на мене и кардио со слаб интензитет саат ипол. Нека врне, нека истура
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Фала ви многу на сите, еве полека полека две недели веќе вежбам. Вежбам во домашни услови. На почетокот на првата недела тоа ми беше проблем да станам да вежбам, дури мислев и да се откажам. Се гледав во огледало, свесна бев дека ми треба ослабување и вежбање ама не ми се станување да вежбам. Сега веќе е подруго. Ајде полека полека па ке ви се фалам со слики пред и потоа ;)
 
Член од
31 август 2012
Мислења
320
Поени од реакции
184
Zdr Dali ima nekoj da mi ja prereze na cedinja ovaa programata p90 x posto ne mozam da ja najdam na net. Pisete mi pp
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Zdr Dali ima nekoj da mi ja prereze na cedinja ovaa programata p90 x posto ne mozam da ja najdam na net. Pisete mi pp
види порака

Иначе ја почнав да тренирам по програмава,тешко е,вежбите за стомачни ги правам и нема шанси 15 минути да ги издржам,со тек на време се надевам полесно ќе иде.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.290
види порака

Иначе ја почнав да тренирам по програмава,тешко е,вежбите за стомачни ги правам и нема шанси 15 минути да ги издржам,со тек на време се надевам полесно ќе иде.
Пробај да праиш пола или помалце од тоа они што праат, ама битно издржи до крај сите вежби за да ги поминеш. Тоа е подобро отколку да ги напраиш само првите 3-4 фул и после да прекинеш, зашто секоја вежба е ставена со цел.
 
Член од
31 август 2012
Мислења
320
Поени од реакции
184
Пробај да праиш пола или помалце од тоа они што праат, ама битно издржи до крај сите вежби за да ги поминеш. Тоа е подобро отколку да ги напраиш само првите 3-4 фул и после да прекинеш, зашто секоја вежба е ставена со цел.
vidi privatna poraksa
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Ај ако може некој да ми прати по ПП линк за да ја симнам програмава.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Колкава килажа на тегови користите и дали функционираат во смисла на градење на маса?
Јас уште една недела и 3 месеци ги комплетирав,користев 5кг. еднорачни тегчиња и дефиниција да,ама маса минимално
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.290
Колкава килажа на тегови користите и дали функционираат во смисла на градење на маса?
Јас уште една недела и 3 месеци ги комплетирав,користев 5кг. еднорачни тегчиња и дефиниција да,ама маса минимално
Дали го слушаш Тони што вика во видеата? Неколку пати го повторува ова: од 8 до 12 повторувања за маса. Значи треба максимум да можеш 12 пати да го дигнеш тегот, ако можеш повеќе од тоа треба да зголемиш тежина. 5 кила се премалку за маса, и со такви тегчиња можеш над 20 повторувања да правиш, што јача дефиниција а не маса.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Дали го слушаш Тони што вика во видеата? Неколку пати го повторува ова: од 8 до 12 повторувања за маса. Значи треба максимум да можеш 12 пати да го дигнеш тегот, ако можеш повеќе од тоа треба да зголемиш тежина. 5 кила се премалку за маса, и со такви тегчиња можеш над 20 повторувања да правиш, што јача дефиниција а не маса.
Да,јасно ми е тоа,ама сакав да прашам за ваши искуства,пошто сега планирам да купам 10кг. од Орка дали би биле доста тие за следниве 3 месеца?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom