Потрагата по нашите 5 минути?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Не очекувам добивка на лото, нешто по скромно.
Ќе дојдат и моите 5минути но ќе траат 10.

Ама сигурно дека нема да паднат од небо, туку мој придонес треба. Па сега за сега сум на пат кон нив :helou:
 
Поодамна Драган Вучиќ им даваше на луѓето по пет минути лажејќи со финтата „Вашите пет минути....“... многумина се зафркнаа и си ги потрошија, а тој ден денеска си ужива. Затоа внимавајте кој ви ги дава и дали се тоа вашите пет минути...
 
Ворхол рекол дека на сите ќе им дојдат своите 15 минути.
Не 5 те, овој Вучиќ се заебавал.

Соогледувајќи ја ситуацијава во нашата земја, пресметувајќи векториски, разговарајќи со модерните филозофи и духовни лидери, зимајќи ги во предвид сите варијанти на причинско последичната поврзаност на можните настани закључив дека нам ќе ни бидат потребни околу 645 минути.

Тоа се т.н. 645 Лорддрагонови потребни минути за слава.
 
Или што би рекле вашите 129 пати по 5 минути... ќе мораш нешто да донираш и во хуманитарни цели.
 
Животот не се живее за да дочекаш некои си 5 минути и да му докажеш некому нешто.Животот е убав секој ден, со секој човек нов што ке го запознаеш, се секоја насмевка што ке ја дадеш, со секоја радост што ке ја споделиш со другите.Зошто да чекам некои си 5 минути и тогаш да го направам тоа нешто толку посебно?А и што е тоа што е толку посебно што неможам да го направам секој ден?Во животот битно ми е да бидам среќен.Да ги имам околу мене луѓето кои ги сакам и кои ме сакаат.Да работам нешто што ме прави среќен и нормално нели нешто од кое би можел да заработам и да се издржувам со тоа.Се обидувам од себе да ја исфрлам алчноста затоа што е таа единствената која би ме попречила да уживам во она "доволно" што ке го заработам, а да ја задржам скромноста бидејки таа ке ми дозволи да видам дека ова што го заработив е баш онолку колку што пресметав дека ке биде доволно да можам да живеам нормален живот во кој ке имам и доволно средства да се издржувам и доволно време за да бидам со семејството, пријателите, саканата.Кога ке размислам подобро, потребата од 5 минути во кои ке се истакнеме пред светот или пред некого е поттикната од очајот зошто постојано некој е подобар од нас и зошто постојано некој има повеќе среќа од нас.Ladies and gentleman зарем не се прочитале никаде?Дури и гуруата советуваат дека единствениот начин да бидеме среќни е ако си ја гледаме сопствената среќа.Незнам за нив, но мене ме успеа.Ќути среќа јас неморам да лажам за работи што не сум ги испробал во животот па до некаде можете да бидете сигурни за точноста на постов.Знам што е потребно за мојата среќа, ке се борам за тоа.Но не ми требаат никакви 5 минути за да го докажам тоа.Мојата среќа се состои во тоа да живам среќен и нормален живот тоа ке се обидам да го правам тоа постојано.Секој ден:smir: .ВЕ МОЛАМ ЗАПРЕТЕ МЕ!!!!!!!! Ги знаете оние денови кога сте толку добро расположени што дури и кога некој ке ве отера кај што не треба вие останувате смирени и насмеани и немате ама никаква желба за расправии околу зашо он мене вака, ке види сега он коа ја него, знае ли он кој сум јас, знам ли ја кој е он?Па свесен ли е он сега коа ке станам.....и триста вакви срања и едноставно си го до пивуете кафето на раат и станувате со осмех од уво до уво? Е, за тие денови вреди да се живее не за некои си 5 минути.Сте имале некогаш ваков ден?Ако не тогаш сте пропуштиле мнооооогу.Тие денови вредат многу повеќе од тие некои си 5 минути.Е тие денови можеме да ги креираме самите ние.Кога ке станам сабајле и ке видам дека ке згазнам со левата на подот прво, ја мењам и газам со десната.Се прилагодувам.Човек мора да научи кога е доста работа и доста замарање со непотреби работи и да почне да ужива во животот.Целиот наш труд, целото школување, барањето работа, наоѓањето работа, работењето, прекувремено, саботи и недели, празници, плаќање-не плаќање, ебавање не е ваљда само за да ги добиеме парите на рака и утре пак да отидеме и се така во круг? Тоа се само работи кои ни се потребни за да можеме да уживаме во животот и да бидеме среќни.Така да моите 5 минути во кариерата ниту ги чекам ниту сакам да ги дочекам.Не ми треба 5 минути во кариерата ниту во животот.Знам како да го живеам животот и ке го исполнам со добро расположение и добри луѓе и ке работам доволно за да можам да ги си дозволам тие работи.Ке живеам за среќните денови.Тоа ке биде мојот успех..
 
Ворхол рекол дека на сите ќе им дојдат своите 15 минути.
Не 5 те, овој Вучиќ се заебавал.

Соогледувајќи ја ситуацијава во нашата земја, пресметувајќи векториски, разговарајќи со модерните филозофи и духовни лидери, зимајќи ги во предвид сите варијанти на причинско последичната поврзаност на можните настани закључив дека нам ќе ни бидат потребни околу 645 минути.

Тоа се т.н. 645 Лорддрагонови потребни минути за слава.

Ворхол мислеше на 15 минути слава која ќе ни ја овозможат медиумите со оглед на просторот кој го зазедоа. Меѓутоа, тие 5 наши минути не мора да се поврзат со слава..:)
Инаку човекот беше и повеќе во право, Јутјуб на сите ни ги овозможи 15 те минути слава.
 
Ворхол мислеше на 15 секунди слава која ќе ни ја овозможат медиумите со оглед на просторот кој го зазедоа. Меѓутоа, тие 5 наши минути не мора да се поврзат со слава..:)
Не се секунди него минути : 15 minutes of fame, со останатото се согласувам мада јас мислев на друго :)
Значи нам ќе ни се потреби 645 минути (не е битно дали слава, среќа, добар живот.. ) за да ги средиме проблемите кои ни се натрупани со текот на годините во оваа општество.

Или како што вели другарми 645минути работа за да ги добиеш твоите 15 минути слава :))))
 
Не се секунди него минути : 15 minutes of fame, со останатото се согласувам мада јас мислев на друго :)
Значи нам ќе ни се потреби 645 минути (не е битно дали слава, среќа, добар живот.. ) за да ги средиме проблемите кои ни се натрупани со текот на годините во оваа општество.

Или како што вели другарми 645минути работа за да ги добиеш твоите 15 минути слава :))))
И јас си го забележав лапсузов и го корегирав на време..:smir:
 
ке дојде среќата сега дали ке се искористи е друга работа.. немора да значи дека ќе биде во пари али ќе дојдат и тие 5 мин
 
моите 5 минути?
нешто слично како Брус :)
 
Кога добро ќе пресметам, досега во животот ми се фатија некој 30 минути по интервал од 5 минути... и со разочарување констатирам дека од овие 6 прилики сум искористил само две, а другите или не сум ги приметил во моментот или сум бил премногу мрзлив, срамежлив, глупав, горд или слеп за да не ги искористам и да ме разминат.
Ќе доаѓаат уште вакви „5 минути“. Со секој нареден интервал станувам поискусен како да им приоѓам на истите и како да ги користам.
Да се разбереме, имало и „црни“ 5 минути... кога можеби нешто ти изгледало како добра прилика, но всушност излегло како срање... имало и такви работи. Задоволен сум што сум имал повеќе од добрите 5 минути во мојот живот.
 
Никогаш не се само 5 мин. Моите поминале, а уште ги чекам :)
 
ne postojat samo pet minuti., sekoj moment e pet minuti mozhnost., samo treba da se prepoznaat i da se zgrapchat., i nikogash ne se samo ednash., se sluchuvale se sluchuvaat i ke se sluchuvaat ., ., zatoa dragi moi ., sekogash ., so umot bidete sega i tuka:coffee:
 
Инспирација за темава си пронајдов во самиот себе си :cool:.
Не знам дали само мене ми се случува ова или овој феномен е застапен кај сите.
Дали според вас вие сте „Ноќна“ или „Дневна“ птица?
Сега тука не ме интересира кога си легнувате туку прашањето ми е следново...
Дали имате период во денот кога сте да речеме поактивни се чуствувате поубаво,полесно размислувате,ако имате муабет со некој/а/и ви иде полесно муабетот јадењето ви е повкусно да не речам се ви иде од рака.:cuc:
Еве да кажам прво за мене...
Мене овој период ми е од 00:00-06:00 или поинаку кажано од полноќ па се додека не изгрее сонцето:vozbud:.
П.С Легни со изгрејсонце стани со зајдисонце :sneaky:
П.С2 Се извинувам ако ја поставив темава на погрешно место пошто појма неам каде припаѓа.
 
Интересна тема, и ми се допаѓа насловот.

Во принцип сакам вечерни излегувања и сакам да пијам кафе во периодот 20-22 часот.
Најбош период за кафе ми е од 15:00 до 19:00. Што знам, некако тој период ми е повеќе за ручек, попладневна дремка, можеби гледање серија или слично.
Или на пример, предавања на факултет. Навикнат од основно и средно, сакам кога се во периодот 10:00 до некаде 14:00 часот. Се случувало да имаме предавања во 16 или 17 часот, е тие се жива катастрофа!
Никој не го држи место, секој сака да си оди дома!

Многу сакам да слушам музика на телефон пред спиење. И никогаш не слушам музика на телефон преку ден (зборам, ако сум дома). Некако во темницата и во тишината, песните ми звучат поинаку :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom