Животот не се живее за да дочекаш некои си 5 минути и да му докажеш некому нешто.Животот е убав секој ден, со секој човек нов што ке го запознаеш, се секоја насмевка што ке ја дадеш, со секоја радост што ке ја споделиш со другите.Зошто да чекам некои си 5 минути и тогаш да го направам тоа нешто толку посебно?А и што е тоа што е толку посебно што неможам да го направам секој ден?Во животот битно ми е да бидам среќен.Да ги имам околу мене луѓето кои ги сакам и кои ме сакаат.Да работам нешто што ме прави среќен и нормално нели нешто од кое би можел да заработам и да се издржувам со тоа.Се обидувам од себе да ја исфрлам алчноста затоа што е таа единствената која би ме попречила да уживам во она "доволно" што ке го заработам, а да ја задржам скромноста бидејки таа ке ми дозволи да видам дека ова што го заработив е баш онолку колку што пресметав дека ке биде доволно да можам да живеам нормален живот во кој ке имам и доволно средства да се издржувам и доволно време за да бидам со семејството, пријателите, саканата.Кога ке размислам подобро, потребата од 5 минути во кои ке се истакнеме пред светот или пред некого е поттикната од очајот зошто постојано некој е подобар од нас и зошто постојано некој има повеќе среќа од нас.Ladies and gentleman зарем не се прочитале никаде?Дури и гуруата советуваат дека единствениот начин да бидеме среќни е ако си ја гледаме сопствената среќа.Незнам за нив, но мене ме успеа.Ќути среќа јас неморам да лажам за работи што не сум ги испробал во животот па до некаде можете да бидете сигурни за точноста на постов.Знам што е потребно за мојата среќа, ке се борам за тоа.Но не ми требаат никакви 5 минути за да го докажам тоа.Мојата среќа се состои во тоа да живам среќен и нормален живот тоа ке се обидам да го правам тоа постојано.Секој ден:smir: .ВЕ МОЛАМ ЗАПРЕТЕ МЕ!!!!!!!! Ги знаете оние денови кога сте толку добро расположени што дури и кога некој ке ве отера кај што не треба вие останувате смирени и насмеани и немате ама никаква желба за расправии околу зашо он мене вака, ке види сега он коа ја него, знае ли он кој сум јас, знам ли ја кој е он?Па свесен ли е он сега коа ке станам.....и триста вакви срања и едноставно си го до пивуете кафето на раат и станувате со осмех од уво до уво? Е, за тие денови вреди да се живее не за некои си 5 минути.Сте имале некогаш ваков ден?Ако не тогаш сте пропуштиле мнооооогу.Тие денови вредат многу повеќе од тие некои си 5 минути.Е тие денови можеме да ги креираме самите ние.Кога ке станам сабајле и ке видам дека ке згазнам со левата на подот прво, ја мењам и газам со десната.Се прилагодувам.Човек мора да научи кога е доста работа и доста замарање со непотреби работи и да почне да ужива во животот.Целиот наш труд, целото школување, барањето работа, наоѓањето работа, работењето, прекувремено, саботи и недели, празници, плаќање-не плаќање, ебавање не е ваљда само за да ги добиеме парите на рака и утре пак да отидеме и се така во круг? Тоа се само работи кои ни се потребни за да можеме да уживаме во животот и да бидеме среќни.Така да моите 5 минути во кариерата ниту ги чекам ниту сакам да ги дочекам.Не ми треба 5 минути во кариерата ниту во животот.Знам како да го живеам животот и ке го исполнам со добро расположение и добри луѓе и ке работам доволно за да можам да ги си дозволам тие работи.Ке живеам за среќните денови.Тоа ке биде мојот успех..