Ај една случка ука од форумов.
Уште во времето кога правевне трансвер од виртуелна македонија, кога Борис ВМ си ги ставаше внуките од миладиновци за супер модераторки и кога нај активни теми станаа
- ДЕНЕС ДОБИВ ПЕТКА МАТЕМАТИКА
- Браво теткино !!
- Ајде да се множат !!
- Леле паметна на чичо.
Во времето кога конекцијата беше дајал-ап и модемот свиреше и пиштеше 15 минути пред да се логираш на нет.
Во времето на еден од првите профили на кајгана.
Си хејтам ја шо си хејтам, како по обичај религија политика ова она, серпико трча по мене мава банови брише Маркус кутриот секогаш го врти другиот образ како добар рисјанин.
Се логирам и гледам порака.
-Ептен си ми интересен ај на МСН еве ти го мојот
тааитаа@hotmail.com 
Си викам ова некоја дупешка,ама ја додадов чат пат разменуваме по некој збор онака колку ради реда
-Шо праиш ?
-Ништо еве на работа, ти ?
-Еве и јас на работа.
Така едно добри два месеца, игри не знам што шали заебанции. Кога еден петок ми пишува слушај идеме на кафе ? Јас целиот таков окезен си викам абе оваа нешо ме дупчи.
Презакажувам за следниот викенд демек обавези ова она, пк после некое време
-Абе кога ќе идеме на кафе ?
- Ај утре, у толку и толку сат таму и таму, одговара ?
- Одговара.
Одам јас малку порано заземам позиција и чекам, туку едно време се појавува една девојка АБЕ авион,седам јас така и ја меркам ни на крај памет дека уствари таа е девојката со која што треба д а се видиме. Доаѓа точно време ,јас не ни мислам на оваа што ја чекам сум се узјапал накај девојката која што стои од каршија.
Кога ја гледам вади телефон и ѕвони кога оп кај мене почнува Вивалди да пое, пак ни на крај памет дека таа е таа.
-ДА !
-Абе кај си еве јас сум пред кафичот.
Ја гледам не можам да поверувам ( очекував или некоја просек, или испод просек )

- Ти си во црвеното фустанче со жолти цветови !?
- Да јас сум !
- Еве ме ( станав и мафтам со рака )
Се поздравивне си седнавне, муабети ова она почна да ми кажува како нема пријтели во ск, па дреме по мирцови сајтови, како тоа веќе 5 години е во ск и има само 5 пријатели ова она.
Сума сумарум се супер си поминавне, ја однесов дома ми вика ај на кафе , отидов пиевне на терасиче муабет ова она дојде време да си одам.
Уште вечерта прво логирање и почнав зеленки да и лупам на мислењата
J
Зачестено се гледавне почнавне некоја врскабез врска, се супер топ девојче. Да напоменам дека девојчево навистина беше авион, висока ,тенка,црна коса, кожа ко беба очи бадеми,мила на фаца .
Се си течеше супер наредните неколку месеци се додека една другарка не не покани на нејзиниот роденден, јас горд прегорд на девојкава и викам спреми се одиме.
Одам да ја земам од црниче каде што беше под кирија, облекла љиљакова хаљина нешо преку рамо префрлена абе писана, икона шо би се рекло.
Е сега започнуваат заебанциите.
Стигнавне се фино лепо се поздравуваме со сите јас горд се дујам како паун од човек на човек ја запознавам со цело друштво, сите а добра добра алал да ти е, море мајката убаво си го натопил мачорот ...
Како поминува вечерта така ние се повеќе и повеќе под гас таа вино црвено јас пиво, помина и тортата, продолжуваме со пиење.
Ја гледм нешо не мие како што треба
- Мацо , добро си ?
- Супер бе шо скаш да ми биде хаха хуху ихихи
Кога едно време така натрескана ( ко задњи алкохоличар ) лепотицана моја писана почна со заби да крши чаши , леле сите паника ќе се исече ќе се задви ау ау. Она се церека и продужуе со пиење, ај викам маче да кснеш нешто и ја седнав на маса, кога почна да шлапа да мљацка ај тоа туку почна и да пцуе да крши чаши и флаши. Почна пак ка крши чаши со заби.
Ми прекурчи под мишки и дома по пат возејки ми вика – Абе кај ме носиш ?
-Дома кај сакаш да те носам ?
- Абе как ке ме носиш дома не АРМАСАНИ, отвара врата ќе рипа од кола.
-Чекај бе кај тебе те носам не кај мене.
-Застани да се симнум ( почна на дијалект да цепа )
Застанав оптворив врата и викам – Ај симињај се
Подзастана малку ме гледа така едно минута две ти сериозен ли си ?
Мртов сериозен !
Ама ја, ама зашто,ама како.
Ајде излегувај . Ја истресов од кола и си отидов.
Следните неколку месеци не можев пред никого да се појава пошто сите ме заебаваа, абе кај ти е фрикот ? Да не си замина со циркусот ? Ако има сестра со брада да ми ја мести.
После тоа нити и се јавив нити и пишав а и ја снема од форум , понекогаш се прашувам што е како е али кога ќе ми текне за чашите па си викам боље и да не знам.