Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Се прашувам дали некогаш луѓево ќе го надминат квалитетот во правење на филмови и добивам одговор... не. Затоа што покрај силните ефекти и пумпањето на буџетот, самата прикаска нема поента. Како и да е уште еден гледан филм гледан од некаде средината на 90тите (више е квалитетна старудија). Тој е убиец, професионалец во тоа што го прави, знае како размислува непријателот. И мамата, ја има улогата на италијан (иако е француз. Од друга страна ја имаме неговата пријателка, која семејството и` е убиено во престрелка со нарко мафијата. И да... ја бара осветата во смртта на човекот кој е одговорен за убиството на нејзините родители кој сигурно не е горенаведениот туку еден прљав цајкан. Таа бара заштита од нејзиниот сосед, кој меѓудругото и покрај тоа што е платениот убиец, е и сведок на убиството. За оние што го имаат гледано веќе знаат за кој се работи оти сигурно минимум им е 2 пати гледан. Да тој се вика Леон исто како и самиот филм. Еден од топ 5 гледани според мене и го ставам во класиците.
 
The Counterfeiters (2007) или Die Fälscher, филм кој што има освоено и Оскар. Се базира на вистински настан и дејствието се одвива за време на Втората светска војна. Sally Sorowitsch инаку Евреин е најпознатиот фалсификатор во Германија кој на почетокот на Втората Светска војна е упасен поради фалсификување. Понатаму нормално за тоа време,тој како Евреин се носи во конц. логор каде што заедно со други Евреи се вклучува во најголемата акција за фалсификување во човечката историја. Да не продолжувам натака поради спојлери. Се на се вреди да се погледне.

http://www.imdb.com/title/tt0813547/
 
Creation (2009/I)

Па... од каде да почнам...

Прво, трејлерот лаже, насловот на филмот уште повеќе. И добро што е така. Ова не е филм за Чарлс Дарвин, научникот. Ова е филм за Чарлс Дарвин, човек кој страда. Човек кој се бори со сопствените духови, растргнат помеѓу науката и религијата, повреден од загубата на својата ќерка за што во себе носи грижа на совест.

Кој седна да гледа филм за еволуцијата сигурно го промаши, ако веќе зборуваме за таа тематика, филмов многу повеќе е за религијата отколку за еволуцијата. Но во главно, овој конфликт на идеи се случува на почетокот и на крајот.

Кој ми ги чита рецензиите веќе знае дека сум љубител на драми (тоа се оние филмовите кои им се досадни на децата) а ова е една типична драма која е исполнета со емоции, приказна која е во суштина многу тажна, која бара (и доби) навистина добра глума,

Paul Bettany и Jennifer Connelly ги играат Чарлс Дарвин и неговата сопруга Ема (она што е интересно е дека тие двајца и во приватниот живот се маж и жена) и работата ја завршија за чиста 10-ка, а згора на се, девојчеto во улогата на Ени Дарвин (Martha West) е ѕвезда за која допрва ќе слушаме.

Филмот е бавен но не е долг, трае околу 1.40 минути. Има прекрасна музика. Во завршницата е и една од најдобрите тажни сцени кои сум ги видел.

9/10 од мене, но ова е само мој вкус. Да нема забуни, ова е тежок филм, посебно ако не сакате драми, или барате филм за убивање време.

Еве и трејлер, макар што веќе кажав, прилично лаже, дефокусира од вистинското дејство.

 
Beyond a Reasonable Doubt

beyond-a-reasonable-doubt.jpg


Дали правдата е слепа?
Има ли совршен злочин?
Новинар желен за слава верува дека јавниот обвинител подметнува докази со кои ги осудува злосторниците, но дали е тоа така?
За да не бидам уништувач на забави ве оставам сето тоа да го дознаете ако го изгледате овој навистина добар трилер со Michael Douglas во една од главните улоги?
Филмот е римејк на оригиналот од 1956 кој не сум го гледал и не можам да кажам која верзија е подобра?

Armored

armored-movie-poster.jpg


Филм за транспортерите на пари од кој можат да учат нашите банкари како се транспортираат пари а не да ги транспортираат во Голфови :)
Има една поговорка која вели дека не може да произведуваш мед а да не лижнеш?
42.000.000$ треба да бидат сигурно транспортирани, има ли воопшто некоја сигурност и доверба во својот колега?
Одговорот ќе го најдете ако го изгледате овој акционен трилер во кои глумат плејада познати глумци, нема да се покаете а нема и да бидете ептен задоволни ама сепак вреди да се погледне...
 
7 pounds
На крај,
се самоубива за да го даде срцето на девојката што ја засака.

.......и не само на неа,тука и на другите им помогна

Интересна англиска драма.Се работи за еден дечко кој излегува од затвор и сака да почне нов живот.Со помош на неговиот надлежен за ресоцијализација се вработува и почнува нов живот.Го открива забавниот живот,бидејќи тоа е сосема непознато за него,со оглед на тоа што дел од животот поминал во затвор.Истовремено се заљубува во една девојка,но одеднаш неговото минато полека излегува на виделина т.е. медиумите му го пореметуваат неговиот нов живот.....но крајот на филмот ја прикажува вистината:smir:..
8/10

многу тажна драма:(...подобро е да се изгледа отколку да се коментира...многу е тешко да се искоментира таква тажна ситуација
9/10
 
Murder at the Persidio(2005)

На воената база во Сан Франциско, " Персидио" убиена е жена на војник од базата. Воената база сака да го превземи случајот во свои раце и да го најде убиецот со што би му се одолжила на војникот Аткинс бидејќи не успеаа да ја спасат неговата жена. James Chandler (Lou Diamond Phillips) е полицаец кој е пуштен од ОКИ да го реши случајот, но таму има проблеми со војската. Иако нему му е наредено да се тргне од случајот тој е цврсто решен да го најде убиецот на г-ѓа Аткинс. Наоѓа многу докази кои упатуваат дека нејзиниот маж го наредил нејзиното убиство, но во тоа никој не верува. Кога ќе ги најде двајцата ограбувачи кои за време на убиството биле во станот, тие му кажуваат дека мајката на Аткинс го наредила убиството. Но, кога таа ќе дознае дека нејзиниот син ја мрази, таа ја кажува вистината и нејзиниот син е уапсен за убиство на неговата жена.

Искрено јас ги сакам ваквите филмови во кои еден детектив решева цел случај. Но, овој филм како да го нема тој ентузијазам како во другите такви филмови. На imdb.com има 5.5/10 оценка, а јас му давам 6.5/10. :wink:
 
Zombieland
Zombieland+Poster+2.jpg


Филмов не е лош, но е далеку од добар. За него дознав на темава, по рецензијата ми се допадна, но по гледањето не. Дали дека сум уште мамурен, но не видов некои хорор или комедии комедии какви шт очекував. Има многу иронија во животниот стил на Колумбус(неговиот живот како гик му овозможува да преживее) и во филмот во целина, меѓутоа оваа иронија е далеку од интелигентен хумор каков што верувам сакал да прикаже режисерот.

Всушност, филмот најмногу го гледав поради Ема Стоун која на неколку наврати ме зафркна почнувајќи од The house bunny и Ghost of girlfriend, но ме бендиса во The Rocker.

Не знам од каде му на имбд оцена 7,9/10. Јас му давам само 5/10.​
 
Lost City Riders


6421375893822244124765b2f5eeace5e0530b48lost.jpg


Дејството во филмот се одвива во 2048 год. После многуте природни катастрофи во само 3 години почнува да се топи мразот на половите, Земјата е поплавена, а неколку милијарди луѓе го изгубиле својот живот. Оние кои преживеале се поделени на сиромашни, кои едвај го преживуваат гладот и богати кои нивните домови ги изградиле на острови. Но, постои и трета група, „Ловци на богатство", кои во потрагата по вредни остатоци ги пребаруват потопените делови на Земјата. Меѓу нив се и Pa Kubiak (James Brolin) и неговите два сина Jack (Ian Somerhalder) и Thomas (Jamie Thomas King), на кои Нов Ватикан им задава мисија да пронајдат антички артефакт кој може да го спаси човештвото. Но поплавената Земја е во се полоша состојба, време има се помалку, а и лошите момци се во потрага по магичниот артефакт.

За разлика од бројните филмови со катастрофи кои на Земјата и предвидуваат лоша судбина, во „Ловци на богатство" е прикажан еден од најголемите стравови на човештвото, чие сценарио е прилично реално. Интересно е и тоа што филмот е проценет како еден од 5-те најгледани филмови на сите времина на Sci-Fi каналот, во чија продукција настанува и филмот.


На imdb.com има само 3.9/10, што мислам дека е премалку. Јас му давам 6.5/10.


 
Аватар...немам зборови со кои би ги опишала сите мои имресии, интересна приказна во секој случај, убав начин за да се покаже сета човекова злоба..
avatar-movie-poster.jpg

avatar_movie_poster.jpg
Avatar-movie-Wallpapers-792995.jpg
 
Lost City Riders


6421375893822244124765b2f5eeace5e0530b48lost.jpg


Дејството во филмот се одвива во 2048 год. После многуте природни катастрофи во само 3 години почнува да се топи мразот на половите, Земјата е поплавена, а неколку милијарди луѓе го изгубиле својот живот. Оние кои преживеале се поделени на сиромашни, кои едвај го преживуваат гладот и богати кои нивните домови ги изградиле на острови. Но, постои и трета група, „Ловци на богатство", кои во потрагата по вредни остатоци ги пребаруват потопените делови на Земјата. Меѓу нив се и Pa Kubiak (James Brolin) и неговите два сина Jack (Ian Somerhalder) и Thomas (Jamie Thomas King), на кои Нов Ватикан им задава мисија да пронајдат антички артефакт кој може да го спаси човештвото. Но поплавената Земја е во се полоша состојба, време има се помалку, а и лошите момци се во потрага по магичниот артефакт.

За разлика од бројните филмови со катастрофи кои на Земјата и предвидуваат лоша судбина, во „Ловци на богатство" е прикажан еден од најголемите стравови на човештвото, чие сценарио е прилично реално. Интересно е и тоа што филмот е проценет како еден од 5-те најгледани филмови на сите времина на Sci-Fi каналот, во чија продукција настанува и филмот.


На imdb.com има само 3.9/10, што мислам дека е премалку. Јас му давам 6.5/10.



Само да видиш колку ни се разликуваат рецензииве. Мојата е од темата „Најлоши и најглупави филмови“ :)

Lost City Riders (2008)

Пред неколку дена ми се гледаше филм а ова чудо од филм некако завршило во компјутеров, па почнав да го гледам. Толку беше лош што морав да го изгледам до крај. За почеток позајмив една рецензија која совршено го опишува филмот:

Finally! A Winner in the Worst Ever Category

Can't add a spoiler alert because I couldn't stick it out. Truly, I tried but this is the winner in my personal worst movie ever contest. Absolutely the worst, worst, dumbest movie ever in my humble (well, OK, not so humble) opinion. Makes Waterworld look like Shakespeare. I admit it. I can't think of anything else to say but burn the film, disable the projector, pull the plug. Kill it before it airs again. SciFi my foot. JUNKY STUPID! Yes, I'm shouting it to the rooftops. Save yourself! Send this Brolin back to the fetid arms of his beloved. YUCK! Not enough words? Well try this for an ender: WARNING! WATCHING THIS MESS WILL REDUCE YOUR IQ AND YOUR LIFE SPAN! You cannot afford the time to check out this tripe. Medieval dentistry would be preferable. YUCK. YUCK. A thousand times dreck!



Приказната е ваква: Поради глобалното затоплување водата надојдува и ја поплавува земјата. Последната надеж на човештвото е да најде еден жезол кој го имал Мојсеј химселф. Со овој жезол се регулирала водата. Натаму - наваму го наоѓаат жезолот. Тој да ти има нешто како смарагд на врвот кој прави проекција на земијината топка. Така заклучуваат дека треба да одат во Сан Тропе каде што треба со овој жезол да направат дупка и замислете, водата од таму ќе се повлече назад. Поглупаво од ова е само тоа што стигнуваат во некои модерни истражувачки простории од денешно време, во кои има специјален отвор во кој совршено се вклопува митскиот жезол (како клуч) и кога ќе завртиш, вуала: дупката се отвора и водата се враќа од каде што дошла.

Оваа идиотска приказна не е најлошото во филмов. Глумата е уште полоша.

Се согласувам со кој и да е автор на рецензијата, во моментов не ми текнува на полош филм кој сум го гледал.
 
ob2.jpg

ONG BAK 2
тајландски филм кој изобилува со боречки вештини и одлични тепачки,
сторијата е за едно момче кое ќе му ги убијат неговите родители во битка а него ќе го заробат и ќе му дадат шанса за спас само ако го победи крокодилот.
филм кој има малку разговор а повеќе акција и е одличен филм за релаксирање,
тајландскиоте јаски е малце нервозен
imdb-6.5
лична оценка-7.0
 
A Serious Man (2009)

Aseriousman.jpg


Изгубено време. На среде филм го прекинав и го избришав од компјутер.
 
многу тажна драма:(...подобро е да се изгледа отколку да се коментира...многу е тешко да се искоментира таква тажна ситуација
9/10

Преубав филм. Имаш право, што и да се каже ќе биде излишно во споредба со она што е претставено.Се е толку реално.
Мастерпис.
Верувам дека и книгата е совршенство.

Мора да се погледне. 10/10
 
A Perfect Getaway (2009)

spacer.gif
spacer.gif
perfect_getaway_ver3.jpg


Еднаш пишав (кога го гледав District 9), дека сетот (позадината, локацијата) е многу битен. Не можеш да засакаш филм кој е 90% сниман на отпад. Од истите причини, не можеш да не го сакаш филмот ако е сниман на прекрасен тропски остров (Lost, некој? :) ), посебно ако покрај тоа, во филмот играат убавици како Мила Јовович и Киеле Санчез.

Сега кога го кажав тоа, да објаснам и дека не се работи за некој спектакуларен филм. Сосема нормален трилер во кој се бара кој е убиецот (порано се нервирав, а сега уживам кога на пола филм ќе погодам кој е убиецот :) ).

Како и да е, тукушто венчаните Клиф и Сидни Андерсон одат на меден месец на Хонолулу (ќе да беше...) каде што се случува убиство. Убиен е друг брачен пар а осомничени се непознати маж и жена. Клиф и Сидни доаѓаат во контакт со два други пара на островот, по што започнува борба за опстанок.

Еве трејлерче:


Значи сосема добра трилер/авантура, од оние филмови за опуштање, во кои не треба (и навистина не треба) многу да мозгате.

7/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom