1. Самошто го изгледав
The Crazies (1973) на Ромеро и тоа без превод пошто нигде нема на интернетов (ни англиски) :nesvest:, ееј да е некоја најнова комерцијала ќе има 100 преводи...
Енивеј, ако сте го гледале познатиот зомби серијал на Ромеро, филмов е исто сра*е само друго паковање, само наместо против зомби, неколку луѓе очајно се борат против војската,која ги трпа жителите у карантин кога во нивното гратче ќе избие епидемија на вирус од кој полудуваат луѓево...Како и во секој дел од зомби серијалот, така и овде Ромеро критикува нешто, овојпат се нафрлил на Виетнам...
Многу досаден филм иначе, неинтересен, не е ни страшен, го изглеав до крај само затоа што е од Ромеро...Гледам ќе искочи римејк сеа у февруари, ама кога оригиналов не беше ништо посебно...
2.
Bride of Re-Animator (1990)
Вториот дел од Ре-Аниматор серијалот...Послаб од првиот дел кој многу нешто и не ми се свиѓаше али беше ОК,забавен, вториов тапка у место со приказната, не се случуваат многу работи, би рекол ''more of the same''. Се гледа дека е друг режисерот...На ред е третиот дел...:salut:
3.
Fright Night (1985)
Многу добра хорор комедија од 80-тите. :tv: Го препорачувам. Еден дечко мисли дека комшијата му е вампир. Специјалните ефекти се одлични, ликовите се добро направени, посебно негативецот... Вториот дел е безвезе, понекој добар момент ваму и таму ама мнооoгу послаб од првиот дел.
Глеам и на овој му спремаат римејк, ама вакви филмови со онаа атмосфера од 80-тите, како ''The 'burbs'' на пример, никад више нема да направат, џабе и специјални ефекти и све...