Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Wrong Turn
wrong_turn_verdvd.jpg



Екстра Филмче вреди да се изгледа !
Се дешава све во шума и една куќа,млади луѓе идат на камп и таму им се дешаваат ужасни работи,сечење глави,нозе,раце .. интересен хорор/трилер филм ..
9.ка од мене :salut:
 
Списокот на Тони Манџа-Документарец.

Одамна имав слушнато за филмов ама еве дури сега ми се погоди шанса да го гледам. Филмот е документарец за убиства извршени од страна на Тони Манџа во Гевгелија.
Смрзнува со својата сурова реалност и е добар филм затоа што ги прикажува двете страни и нивното гледање на настаните, едната на Тони, другата на полицијата...
 
Nothing but the truth, Graduation

Ај дури не сум ги заборавил:

Nothing but the truth (2008)

nothing_but_the_truth.jpg



Филмот е работен според вистинит настан но поради материјата што ја обработува по се изгледа авторите многу срамежливо потенцираа дека ликовите се измислени. Како и да е, се работи за случај во кој новинарката Rachel Armstrong (Kate Beckinsale) разоткрива агент на CIA, по што од CIA ќе се обидат да го дознаат името на човекот кој ја открил информацијата. Бидејќи не сака да открие, ќе и го загорчат животот до граница на неиздржливост.

Филмот иако не е некое којзнае какво остварување, сепак е сосема пристојна драма и еден од подобрите филмови што сум ги изгледал во последно време. 7/10


Graduation (2007)

51PNI60a40L.jpg


Е ова филмче пријатно ме изненади, со оглед на тоа дека очекував некој безвезен тинејџерски филм без никаква идеја. Четворица матуранти се многу блиски другари. Пред матурата, мајката на едниот од нив која е тешко болна, не може да ги плати болничките трошоци. Не можејќи да најдат друг начин да помогнат, одлучуваат да ја ограбат локалната банка на денот на матурата.

Она што го крева филмот над просекот, се четворицата млади актери кои одлично си ја завршија работата. Исто 7/10.
 
sydney-white-poster.jpg


*Sydney White*

Скромна девојка која израснала само со татко во една механичарска работилница опколена со мажи, добива можност да замине на колеџ и да стане една од девојките во грчкото сестринство. Арно ама нејзината снаодливост и симпатијата која ја има со едно момче од соседното братство, ќе предизвика завист кај една од девојките на сестринството и Сидни ќе биде протерана од домот, и тогаш, како на бајка, ќе се најде пред куќичката на седумте морони, кои како Снежана ќе ја примат кај себе и ќе и помогнат да се кандидира за претседател на студенскиот сојуз. Екстра лежерно филмче кое топло го препорачувам секому.

8/10
 
city_of_god.jpg


Очекуваше многу повеке од филмот поради оцената сто ја има на имдб ама у секој случај не е лош уопште мош не сум ногу импресиониран оти некако ми е видена приказна. Работе се за еден сиромашен кварт у Бразил и за едно гето чии членови се буквално деца и прават убиство има стварно сцени да се наежеш и нели како шо кажа виденото е тоа шо глваната улога успева од целио тај хаос да извлече жива глава и да успее да постигне нешто и јака дешавка беше на крајо кога прочита според вистинска приказна.Моја оцена 7.5/10
 
Добро... што ве чини да го пишете името на филмот наместо да ставите некоја слика од сервер кој брзо ги остранува?

City of God е филмот од погоре?
 
Добро... што ве чини да го пишете името на филмот наместо да ставите некоја слика од сервер кој брзо ги остранува?

City of God е филмот од погоре?
Да тој е филмот инаку сликата кај мене стои и се извинувам од сега ке го пишувам и името .

sydney-white-poster.jpg


*Sydney White*

Скромна девојка која израснала само со татко во една механичарска работилница опколена со мажи, добива можност да замине на колеџ и да стане една од девојките во грчкото сестринство. Арно ама нејзината снаодливост и симпатијата која ја има со едно момче од соседното братство, ќе предизвика завист кај една од девојките на сестринството и Сидни ќе биде протерана од домот, и тогаш, како на бајка, ќе се најде пред куќичката на седумте морони, кои како Снежана ќе ја примат кај себе и ќе и помогнат да се кандидира за претседател на студенскиот сојуз. Екстра лежерно филмче кое топло го препорачувам секому.

8/10
Еве го дават на нова ке го глеам па ке пишам оцена (не сум ногу офф топик нели хихиих)
 
Drake & Josh go to Hollywood
51Qt2IHQsAL._SL500_AA240_.jpg

3/10. Филмов не е добар ниту за тепање време. Ме изиритира страшно лошата глума на актерите.
Се работи за двајца браќа кои по грешка ја праќаат сестра им во Лос Анџелес. Кога сфаќаат што направиле, одат и тие во ЛА и стануваат вмешани во перење пари. Уште непочнат филмот, знаеш дека има хепи енд.
 
Cyborg Soldier (2008)


Киборг побегнува од лабараторија и не се сеќава на ништо...
Доста е оти го раскажав филмов :).
 
james_bond_quantum_of_solace_poster.jpg


Quantum of Solace

Хмм, стварно не знам шо да пишам позитивно до некаде е тоа шо овај дел дел на некој начин е прдужение на претходни ама некако ми се досадни со тие џејмс бонд финти (телефони ,саати,најс коли,гпс системи и слично)ама тоа е тоа у секој случај добар филм ама и доста предвилив и вообичаен.Моја оцена 6.5/10
 
Wolverinetheatricalposter_a.jpg


Синоќа, во кино. Поттик за развој. Поттик за гледање и на другите делови. Прекрасно.
 
National treasure co Nicholas Cage.
По препорака на форумџија го гледав и можам да кажам има и поблесави филмови од Индијана џонс. Сепак филмов како филм нуди ефекти и адреналин, но не знам можеби и јас веќе отрпнав од вакви филмови. Не е лошо да се погледне за оние кои ги сакатт филмовите од типот на индијана џонс и ДаВинчиев код. Се разбира овој филм е од куќата на Волт Дизни па глупо е да се рече дека треба да се сфати како озбилен. Одлично за во придружба со лонче пуканки. Оценка 8/10
 
boat_trip_ver4.jpg

BOAT TRIP
Еј одамна не бев гледал вака релаксирачко и забавно филмче у последно време се некој глупи комедии али овој не беше лош за тој жанр.Топло го препорачувам на секој да си го олади мозокот малце.
 
DevilsTombBS.jpg


The Devil's Tomb (2009)

интересен хорор во стилот на Resident Evil 1 само што тука се работи за ѓаволот наместо за вирус
 
THE DARK KNIGHT
new-joker-poster-for-the-dark-knight.jpg

Еве конечно и јас да го гледам овој филм до сега не го гледав бидејчи мразам филмови од типот на бетмен ,супермен,спајдермен и слични но овој морам да кажам не беше воопшто лош но сепак мислам дека е малку преценет зарем на лугето не им се досадни тие бетмен трикови и бет коли и такви работи не велам дека е лош филмот напротив убаво е замислен но премногу галама се дигна а има навистина многу поквалитетни филмови но тоа е тоа .И инаку актерската екипа е најс вери најс
и тоа е една многу позитивна работа.моја оцена 7.5/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom