Пробувам да истуркам некоја дискусија како би ја направил од 0, а не што би сменил две многу различни работи. При тоа, што е помалку можно ќе се основаме на тоа што е сега постоечко.
Пример Варијанта 1.
Портал - менаџерска tycoon игра каде ти ја имаш улогата на сопственик на Веб портал. На почетокот почнуваш со идеја за содржината и дизајнот на веб порталот, па бараш почетен капитал од банка или од што да е, си закупувуваш хост. Па сам работиш како уредник и како новинар, вработуваш луѓе по некое време, ја зголемуваш популарноста, се рекламираш, бараш да се рекламираат на твојот сајт, се појавува конкуренција и се заебавате меѓу себе.
о.0
Варијанта 2,3,4 попосле.