Фала ти што ми пиша за да ме потсетиш дека добро ти оди во животот. Само не знам кого залажуваш, мене или самиот себе? Колку повеќе се трудиш да ми објасниш дека си среќен и задоволен од себеси, толку повеќе ме убедуваш во спротивното.
Никогаш нема да ме убедиш дека тоа што го остави факултетот беше правилна одлука која ја донесе свесно и по долго размислување. Ма колку сакаш филувај го и зашеќерувај го, разочарувањето ти се чита дури и преку екран. Тоа беше последица од твојата несериозност и мрзеливост и ништо повеќе. Ти честитав за работите за кои ми се пофали, како привремената работна позиција, тоа дека повторно си почнал да одиш на тренинг, и новата тетоважа, се надевам дека ја почувствува иронијата во мојата изјава.
Мојот живот е далеку од совршен, но барем не се обидувам да го претставам како таков. Која е поентата да претставуваш лажна слика за себеси на некоја што ти ги знае сите слабости и ти ги има избројано сите бенки на грбот? Никогаш не научи.