Порака до бившите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ganimed
  • Време на започнување Време на започнување
Да не беше полу-ретардиранион колега шо си го сакам да не чепни и големата доза на ракија во мене и убавиот Дизни амбиент на апсолвентска вечер, којзнае дали некогаш ќе имавме relapse како некни. My bet is no. Али еднаш е апсолвентска, нали. Како и да е, интересна вечер и беше интересно да се анализира нашиот однос сега веќе оладени еден кон друг, но со одредена доза респект и шарм во муабетите. Како да бевме нови особи во исто физичко пакување во некоја рандом епизода од Твајлајт Зоун. Интересно пецкање цела вечер, денсање like no one's watching и уште поинтересен plot-twist крај. Многу посмирено и постабилно ми е сега во психава кога си го кажавме најперфектното можно збогум наместо она мизерноно од претходно. Поубав крај амин - ти заспана на моето рамо, впиена како некое маче околу мене полу-пијана и полу-уморена после двата оргазми со штиклите до кревет кои јас ти ги извадов пошто секогаш забораваш; Јас уз цигара гледам во таванот и со блага насмевка длабоко вдишувам димови и размислувам колку сум само среќен што барем еднаш во животот сум осетил љубов for realzies. Сепак, веќе ја нема, не беше ни 1% од она што беше... Ни кај мене, ни кај тебе. Тоа беше само еден тажен sneak peek на она што некогаш жареше и палеше, еден краток поглед во Матриксот и ништо повеќе. Не мислев дека ќе можиме да коегзистираме во иста средина, но сега сум убеден дека можиме, посебно со трезниот муабет кој го имавме утрото. Биди среќна, сега добив потврда дека и јас ќе сум.
 
Не си ми потребен повеке мој бивши. Можеше да имаш се, а избра да немаш ништо...Сеедно ми е... Ти изгуби личност која те сакаше, а јас изгубив идиот кој не знаеше да го цени тоа.. :icon_lol: Ќе сфатиш еден ден.. Никоја нема да те сака како што те сакав јас.. Да, минато време. Љубовта помина. Никоја нема да те трпи ко јас. Доста беше. :pos:
 
Денови! Месеци! Години! Годишните времиња си доаѓаа и си одеа.Лисјата паѓаа и си одеа.Мршојадците доаѓаа и си одеа.И, сè уште мислам ли мислам на тебе т.е. да не се лажеме, само кога сум у веце и смесата се спушта како торпедо во длабоки води........
 
Ќе ми недостига чекањето на железничка станица гледајќи ги луѓето кои брзаат некаде умислени. И моментите кога се качувам во некој ЈСП автобус за да стигнам побрзо до тебе а ти кога ќе ме видеш ќе се "израдуваш" ко мало детенце.
Ќе ми недостигаат и оние моменти кога ќе ми пишаш порака за добра ноќ а јас со насмевка на лицето ќе ти вратам: И јас те сакам Дани.
И моментите кога ме молиш да јадам а јас експресно одбивам.. А највеќе, твојата прегратка. Тоа ќе ми недостига.
Не сакам да кријам ништо, туку ќе бидам искрена.. Во животот никогаш никого немам сакано толку. Во животот за никого се немам потрудено ко за тебе. Тешко ми е, признавам. И немам сила во себе. Немам. И ми е страв од тоа што следува.. Страв да се соочам еден ден со тебе..
Не знам дали се уште те сакам, или можеби сум лута и се уште несвесна дека е готово. Но едно нешто научив. Дека не треба да верувам секому. Дека не треба да давам лесно шанси. Јбг.. сите ми зборуваа против тебе а јас не сакав да слушам. Сакав само да бидам среќна, и сакана и почитувана. Не барав ништо. Ми беше доволна и твојата Голф кола, за мене беше најубавата на свет. Не барав ни да ме носиш на вечери, ми беше доволно и една кајгана кај тебе во кујна. Ми беше доволна една прегратка.. тоа за мене вредеше многу отколку илјадниците поклони кои партнерите им даваа на своите девојки. Само тоа барав. Многу ли барав? Бараше искрена девојка а кога ја доби не знаеше како да ја повредиш, уште на кој начин. И сега? Кој уште е виновниот? Јас? Затоа што покрај мене ништо не ти недостигаше и самиот кажуваше? Кој е виновен? Јас или ти? Од другарство на крајот јас излегов губитник. Од другарство кое се претвори во нешто повеќе? Повторно јас виновник затоа што секој момент ти бев подршка, затоа што секој момент ти давав љубов и внимание а ти не го искористи и после друг бил крив?

Останав без зборови. Само ќе ти посакам среќа со нејзе, и чувај ја и почитувај ја зошто не знаеше мене. И внимавај да не останеш стар ерѓен заради твоето детско и кукавичко однесување.
 
Незнам дали можам воопшто бивш да те наречам, можеби треба некој тема да отвори порака до првиот ( секс ) ...Јас сигурно нема да ја отворам,ќе заиграат модераторите со бан,бан :)
Тие пет шест пати додека ме товареше во твојата кола,која сега ја продаде,бев бетер од пеперутка,треперев цела кога ќе ги видев твоите очи,твоето негувано лице,меките дланки... Ми рече дека сакаш само забава, јас знаејки ме каква сум,знаејки дека ќе се затрескам, ти се дадов со душа и тело,21 Јули 2012,недела дена пред мојот 20 ти роденден. Ти шо направи? На мојот роденден,28 Јули од полноќ до сабајле беше со мене , не ти ни текна да ми честиташ роденден, енос во 17 часот веќе ми стигна една смс : НЕ СУМ ЗАБОРИЛ, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! А јас како да воскреснав тогаш, веднаш измислив сто причини да заминам од кај твојата куќа и да те поканам на торта. Абе глупача си е глупача. Ко заминував како кукавица се скри некаде и не се појави ни чао да ми кажеш.

Поминаа 2 години, пред некој месец кога го видов твојот остар поглед се трзнав,како струја да помина низ мене. Најболно ми беше ко ми напиша на фб дека не сум знаела да се сексам, дека не сум била невина ко прв пат легнав со тебе, тоа ме сруши. Го виде тоа и татко ми, кој ти беше најдобар ортак, и нормално оваа твоја изјава ги премина сите граници па затоа и го изгуби ортакот засекогаш.
Како можеше да помислиш дека не ми беше прв кога до тој миг само за тебе се чував,за тебе сета треперев уште кога се туширав...

Знај оти никогаш никоја нема да те сака како јас. Никогаш не ти значев знам. Невозвратената љубов посебно боли. И незнам зошто го пишувам сето ова, но ова се само последните зборови упатени кон тебе морону. Би сакала да страдаш еден ден за некоја како што страдав јас за тебе.
 
Последно уредено од модератор:
После 4 години ми ѕвониш доцна во ноќта и ми пишуваш смс пораки, и ми се извинуваш за нешто што си го направила одамна? Да простам за што? Дека покрај мене си го имаше Кичевчанецот? Дека ме изневеруваше? И што, сега се сруши кулата од карти па ме бараш мене?
Минато си е минато. таму и ќе остане. Има премногу лоши спомени кои ги убија убавите спомени. Ти си црна дупка во мојот живот. Период во кој имам амнезија.
 
Порака до бившото минато!
Док се онаквуваше со кого ќе стигнеше, јас бев убеден дека ќе си правиме наш заеднички рај и меур во кој ќе бевме среќни во ова време на дволичност и глума.
......................THANKS FOR FUCKING UP 7 YEARS OF MY LIFE!
 
Имаш ли гледано How I Met Your Mother? Епизодата кога на Тед му стига порака дека Барни и Робин се верени? И кога тој подоцна објаснува колку болно било?

Еве ти ја мојата ретроспектива за тоа колкава болка си ми ти во животов.

Немам скршено ништо јас. Ни рака ни нога, фала Богу. Ама колку имам паѓано во животов, е тоа е веќе нешто. Можеби и затоа не станав спортист, две леви нозе имам, на прав пат ќе паднам.

- Бугарија, три или четири години, кога паднав на носот. Го памтам само трчањето, падот не. Ден денес имам последици, до пред осум години имав и девијација.

- Паднав во дворот од точак. Белег на челото.

- Паднав од ограда. Се лулав со мојата најдобра другарка. Брадата ми отиде у офсајд, и нели нормално, белег.

- Направив салто нанапред со точакот. Не памтам дали имам белег, ама некоа деформација на коленото секако.

- Паднав на школки во Радожда мислам беше. Белег на колената.

- Паднав на скалите кај нас дома, на мермер. Белег имам на половината. Ден денеска го паметам погледот на дедо Ќиро, Бог да го просте, кога ме гледаше како паѓам.

- Викендица на другарка, пијана во тушот. Ден денеска имам белег на левата рака.

- Скали во една дискотека, изгубив телефон, скали во друга.. Уствари сите скали во сите дискотеки во родното ми место. И во неколку кафани и во Скопје.

- Сватив дека неа ја сакам – твој цитат.

- Пред Филолошки, минус десет, сето замрзнато, само јас и братучед ми и тој чичкото што продава банички. Одвај одев.

- Плочки во Сеник. Скали едни во Сениќ. Во вецето во Сеник. Имав модрици месец дена, не можев да легнам салам.

- Скали во Кузман. Цело јадење што го носев се разлета како ништо. Двајца одвај ме кренаа.

- Свадба на погоре спомната другарка, со која паднав од оградата.

- Вашата виза не е одобрена.

Но кога ја видов таа порака од тебе “ Не се двоумам, не се враќам” беше како сите овие падови, сите болки, цела тага.. Помножена со илјада.
 
Не знам како од сите скопски кафани налетав на тебе. Немаше потреба од горчина, немаше потреба да ми ја пееш песнава пред сите дур камен пијана нозете ме пресекуваат. Знаеш дека ме здоболе и очите со солзи ми ги наполни, колку и да сум расчистила со тебе.
До вчера свршуваше пред да ме допреш, а денес го колнеш денот кога си ме запознал. Копиле едно, во име на се убаво што сме имале, продолжи понатаму со животот, не плукај по љубов, грев е.
Имај убав живот. А јас ќе го заборавам секој збор кажан во бес. Пошто.. од очите ти се чита љубовта...
 
Последно уредено од модератор:
Сакам да ве соберам сите во една летна бавча, да си пиеме чајче од ѓумбир, да ви зготвам некој вкусен минимализам на мал простор и на крај да оргијашаме. И така ве имаше дебели, слаби, со облини/даски, црни, плави, смеѓи, црвени, жолти, добри, лоши, себични, спонзоруши, поштени, невини/виновни....и да ви кажам ФАЛА за сето искуство и моменти кои ги споделивме заедно. Нешто налик на презентација во пауерпоинт само во по-профи издание. Пред да си заминам во поход по нови клиториси, ве сакам сите љубичици кои сте биле дел од мојов ни малку скромен живот. <3
 
Колку беше пијан од еден до десет кога ми прати порака?
:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom