Поради инцидент откажана трибина во Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Пријавен ли е физички напад од “гнасните хулигани“ ?
Онака ме интересира.

Овака како се опишани таму како колење да имало, вадење бубрези итн....
 
Bratot напиша:
Токму ова атмосфера на зацврстување на националната свест и одговорност, го прави теренот непристапен за разните пропаганди на туѓите интереси дали за промена на име, дали за јазик..идентитет... севкупно.

Тоа им смета на овие луѓе кои пропагираат национален ерес, бидејќи не само што нивните позиции во јавното мислење стануваат се' по минорни, ќе ги изгубат и привилегиите - оние финансиските се разбира, кои им ги нуди дејноста која ја извршуваат по нарачка.
Тоа што го напиша е прекрасно, барем првиот пасус кој го цитирав. Е сега, овие луѓе кои велиш “шират ерес“ имаат различно мислење од твоето, а признавам одамна на темава и моето. Но како по ѓаволите ќе знаеме јас и ти дека сме во право ако некој не се обиде да ни се спротистави. Како ќе знаеш дека навистина си во право, ако секој оној кој ќе сака да ти противречи го удриш по муцка? Не си тогаш во право, тогаш си заслепен со некоја идеја која во моментот ти паднала, па макар тоа било патриотизмот кој ни е насушен.

Иако ти е доволно рашитен постот да можам и јас да се заборавам од пишување ќе скратам. Упадот на група пензионири (макар биле) го карактеризирам како неправилен а мотивите на трибинашите признавам дека се сомнителни (алудирам на пари и поткупување).

Но, сеуште, зошто мислиш дека некои луѓе навистина не можат да размислуваат така? Човеку, не ги интересира нација, немаат потреба од патриотизам, историја, и сакаат да сторат се што можат да го исфрлат тоа, и да влезат во таа фамозна ЕУ, по секоја цена. И сериоскиот убиец има неверојатни мисли во глава, ама не му плаќа ниеден грчки политичар за тоа, така размислува.
 
Колку изгледа розов светот кога го гледаш со тие очила. :pipi:

Братот ако го прашаш утре доколку ДУИ упадни онака со огнено оружје ќе ти кажи дека тоа биле група протестанти за човекови права а не терористи.
 
Тоа што го напиша е прекрасно, барем првиот пасус кој го цитирав. Е сега, овие луѓе кои велиш “шират ерес“ имаат различно мислење од твоето, а признавам одамна на темава и моето. Но како по ѓаволите ќе знаеме јас и ти дека сме во право ако некој не се обиде да ни се спротистави. Како ќе знаеш дека навистина си во право, ако секој оној кој ќе сака да ти противречи го удриш по муцка? Не си тогаш во право, тогаш си заслепен со некоја идеја која во моментот ти паднала, па макар тоа било патриотизмот кој ни е насушен.

Иако ти е доволно рашитен постот да можам и јас да се заборавам од пишување ќе скратам. Упадот на група пензионири (макар биле) го карактеризирам како неправилен а мотивите на трибинашите признавам дека се сомнителни (алудирам на пари и поткупување).

Но, сеуште, зошто мислиш дека некои луѓе навистина не можат да размислуваат така? Човеку, не ги интересира нација, немаат потреба од патриотизам, историја, и сакаат да сторат се што можат да го исфрлат тоа, и да влезат во таа фамозна ЕУ, по секоја цена. И сериоскиот убиец има неверојатни мисли во глава, ама не му плаќа ниеден грчки политичар за тоа, така размислува.

Упадот е морално исправен,доколку се водиме од националните интереси и повеќе е одбрамбена реакција отколку напад.

Денеска насилството не може да се поистовети нели само со физички напад бидејќи се појавија многу посовремени облици, така што го имаш медиумското “силување“, психичко влијание/тортурирање на јавното мислење за манипулирање.
Тоа го прават секојдневно нашите медиуми. Посебно овие т.н. Соросоиди.
Реакцијата на нивното медиумско насилство, народот (дел од него) реагира природно. Сигурно нема сите да организираат трибини и да се убедуваме, па да купиме некој медиум и да шириме идеологија.

Се сеќаваш на гневот после протестите кога не оцрнуваа по сите медиуми, токму за тоа зборам.
Ајде повторно после тоа нека се обидат кај истите луѓе, неможе да нема реакција.

А тоа дека сум свесен за луѓето кои се оперирани од националната свест и за недостигот на тие чувства, приоритетни за опстојување на една нација направив една споредба, која сепак изостана од вака жестоко коментирање најверојатно бидејќи не се спомнува ВМРО и СДСМ па нема можност за плукање, а нашиве луѓе се навикнати да реагираат полесно на кратки бранови должини без потреба многу да мислат, но сепак... пишанато стои за оној кој умее да чита и размислува со своја глава.
 
Најновата книга издадена, а посветена само на Герљошшшки:

33kcdms.jpg
 
Ok, lets see...

zakonzajavnisobiri.png

...значи организаторот може да ја извести МВР, а не е обврзан. Меѓутоа организаторот е обврзан да обезбеди свое обезбедување во тој случај.

Очигледно кривична пријава заслужува и организаторот.

Колку изгледа розов светот кога го гледаш со тие очила. :pipi:
Од исто место со Латас ги купивте?

Ејј.. не ја приметив финтава со Латас. Нека ти служи на чест, него....

Прекршочни пријави за инцидентот во Струга
Скопје /25/02/

Поднесени се прекршочни пријави против десет лица за инцидентот во Струга, во кој беше спречена трибина на граѓанското здружение „За Европска Македонија“.

Сите десет лица се од Струга и против нив се поднесени пријави поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти денеска полицијата.

Трибината требаше да се одржи минатиот четврток во Домот на културата во Струга.
„На разговор беа повикани вкупно 26 лица според кои, трибината не била јавно закажана, туку со доставување покани или со телефонско известување на одреден број жители на Струга. Тоа предизвикало негодување кај дел од граѓаните“, се наведува во полициското соопштение

Полицијата наведе дека „кон организаторите биле упатени навредливи зборови. по што настанала меѓусебна вербална расправија во која спротивставените страни си упатиле пцовки и непристојни навреди“.

-----

Ама сега претпоставувам не ти се збори.
 
Но, сеуште, зошто мислиш дека некои луѓе навистина не можат да размислуваат така? Човеку, не ги интересира нација, немаат потреба од патриотизам, историја, и сакаат да сторат се што можат да го исфрлат тоа, и да влезат во таа фамозна ЕУ, по секоја цена. И сериоскиот убиец има неверојатни мисли во глава, ама не му плаќа ниеден грчки политичар за тоа, така размислува.
Проблемот не е во тоа да се има став, тоа е индивидуално право на секого, проблемот се појавува кога тој став е деструктивен за пошироката заедница е некој сака безобразно да го наметне...
 
Трибината требаше да се одржи минатиот четврток во Домот на културата во Струга.
„На разговор беа повикани вкупно 26 лица според кои, трибината не била јавно закажана, туку со доставување покани или со телефонско известување на одреден број жители на Струга. Тоа предизвикало негодување кај дел од граѓаните“, се наведува во полициското соопштение

Полицијата наведе дека „кон организаторите биле упатени навредливи зборови. по што настанала меѓусебна вербална расправија во која спротивставените страни си упатиле пцовки и непристојни навреди“.

-----

Ама сега претпоставувам не ти се збори.
:pos: Трибинава можеле и по мобилен да си ја праат.
Туку, кој дел од текстов треба да го наведе Јован да не му се збори, и дали и тебе ти е смешно тоа што некој се изреволтирал од што не му се јавиле да дојде на трибина?

кцхсхт напиша:
Проблемот не е во тоа да се има став, тоа е индивидуално право на секого, проблемот се појавува кога тој став е деструктивен за пошироката заедница е некој сака безобразно да го наметне...
Тоа се сложувам, и токму тоа го мислам за политиката на владеачката партија, која безобразно наметнува став, кој е ултра конзервативен, националистички и за широките (простите) народни маси, да ги направи уште попрости. Ограничувачки, затворачки и изолирачки.

И сега кажи ми, кој е исправен, нивниот ултра либерален и глобализаторски став, или твојот националистички и конзервативен?
 
Тоа што мислиш дека е ултра конзервативен, националистички и за широките (простите) народни маси, зборува за тоа колку твојата свест е сеуште прочистена што е последица на претходниот систем во кој живеевме а и периодот на транзиција кој беше само продолжување на идеалите на претходниците. Ако за тебе самосебеспознавање и повеќе почитување на тоа што сме и кој сме е ултра конзервативен и националистички, тогаш полемиката со тебе тука завршува. Јас не можам да ти помогнам...
 
Не мора да ми помогнеш, остави ме да си умрам со моето незнаење :wink:
А за тоа време, ако некој ден бидеш мнооогу пијан, и некако магично ти текне на муабетов (знам дека нема, ама хипотетички), размисла за ова шо го зборам и дали можеби е вистина.

Себеспознавањето нема никаква врска со национализмот, конзерватизмот или Дедо Мраз. И никаква патритска должност или чувство нема да ти помогне да стигнеш до тоа. Гледањето во минатото никогаш нема да ти помогне да бидеш сит и среќен. Игнорирањето на сегашноста и реалноста пак, ќе допринесат да умреш од глад насмеан, мислејќи дека си најаден, што и не е толку лошо, ако спознавањето кое го спомна не ти претставува приоритет.

Потоа, конзервативниот став не ми се допаѓа но го почитувам. Некој да ме набеди дека не знам што сум не ми се допаѓа и не го почитувам. Тоа што мене и околината ги гледаш низ призма на политички систем, ми се допаѓа и го почитувам, бидејќи ме смее и расположува до срж. Тоа што знам дека нема да се смени твојот поглед откако ќе престанам да се смеам, ме растажува до коска.
 
Јас кажав и ќе повторам, не можам да ти помогнам... А во контекст на спомнати некакви партиски должности, на жалост твоја и на многу мизерии како тебе, има луѓе во Македонија на кои не им треба партија за да се чуствуваат МАКЕДОНЦИ. Изгубена душо, јас пијан или не, сиромав или не, гладен или не, пак ќе бидам МАКЕДОНЕЦ. А ТИ ШТО ЌЕ БИДЕШ???
 
„На разговор беа повикани вкупно 26 лица според кои, трибината не била јавно закажана, туку со доставување покани или со телефонско известување на одреден број жители на Струга. Тоа предизвикало негодување кај дел од граѓаните“, се наведува во полициското соопштение
Дефинитивно и апсолутно сТрам да им е, како можеле да не објават јавно дека планираат трибина...

Ве молам не ме цитирајте и не ме терајте повеќе да учествувам на темава.

Мислам дека има многу убави женски на Кајгана кои заслужуваат повеќе внимание од луѓето кои дежураат во подфорумот политика и вести.

Со секоја почит,

Ваш Јован
 
Какво обвинение неверојатно. Па Ниту Геровски ниту Груевски не ни наложува како ќе се викаме себе си. Групата има поинаква замисла за Македонија од таа што ја има мнозинството, што е тоа толку неверојатно. Пак ќе ти ја споредам ситуацијата со милошевиќевата Србија, каде народот беше напален на Аркан, а кога Балашевиќ се појави со песна како “Слобода-не“ и форсирајќи една друга Србија без национјализам го обвинија за предавник. Денес, Србија се лечи од болеста која ги нападна. Ние, сме веќе заразени, ама не одиме на доктор.

Ма да, само прикажи му го тоа убаво на народот, и тој ќе ти поверува. Среќа што никој не настрадал односно бунтовниците биле толку фини, или другата страна на медалот, среќа што Геровски со време се сетил дека може да го изеде стапот па објави дека нема да има трибина.
На акцијата трибина, реакција е контра трибина, односно дебата, за која имало место во моментот.
На акцијата повишување тон има реакција закана по физички интегритет.
А мене ако ме прашаш, потреба да повиши тон и да се закани физички има само прост човек во ситуација каде некој нешто се обидува да му каже. Само и не ме прашуваш, па во ред е.
Јас пак ќе те замолам со факти да ми ги изнесеш симптомите на болеста "национализам" од која што е зафатен нашиот народ.
И конкретно да ми ги повлечеш паралелите со Србија.

Патем, не знам како воопшто споредуваш...Милошевиќ беше американски пулен, инструмент кој ги потпали национализмите, заедно со Туџман и остали, се со цел да се разјебе и без тоа кревкото единство во СФРЈ и да се уништи таа држава. Потоа, истите тие Американци направија хајка против Милошевиќ, во која еден моќен инструмент беа српските студенти, преку организацијата Free your mind, за која добија и MTV award (доволно иронично, чинам). И Србија не се лечи од нејзниот национализам или Милошевиќ. Се лечи од плановите на САД кои ја кутнаа на колена, како и од држењето ко слеп за стап, за Косово кои сами си го дадоа уште во '70-те. Па ако веќе правиш споредба со Србија, истата би имале некаква логика само погледната низ перспектива на конфликтот во 2001.

Се на се, српскиот национализам беше илузорен.
Кај нас се работи за заштита на основно човеково право. И тоа сигурно не е националистичка доктрина.

Нејсе, уште еднаш, те молам, конкретни паралели, кои очигледно ми промакнале.

Што се однесува пак до реакцијата на на Стружани...Не може у случајов да се изолира природата на особите кои ги организираат трибините, ниту нивното финасирање, кое ЈАСНО говори дека имаме работа со безмалку грчки платеници. Истото, кај секој нормален ствара револт.
"Дипломатските" начини се исцрија. Официјалните изјави и негодувања ги игнорираа. Сега беше шанса тет-а-тет да се демоснтрира колку се непожелни и колку нивните мотиви се ниски и штетни.

И ќе повотрам...Им повишиле тон. Имале поостар јазик.
Леле мајко.
Шо мислат, идат на енглески чајанки?
Предлагаат промена на име на маалско дуќанче?

Не, туку си играат со емоциите и идентитетот на цел еден народ, кој за разлика од нив, нема финансиска сатисфакција од грчкото негирање.

Пази со болдираното каква контрадикција правиш. Значи “срам да им е“ на оние пред 15 години и ние сега ќе направиме ревизија. А кога ќе дојде прашањето “кога ќе ни се качи стандардот?“ одговорот е “епа прашјте ги оние пред 15 години“.

Сеедно, мене воопшто не ме интересира ниту знам да заглавам со тебе во дебата за правно - политички прашања.

Всушност, го читав тој “манифест“ на Геровски, и морам да признаам дека нема нешто Бог знае колку страшно за толкава паника да се крене. Блогерот “волан“, убаво си рекол веднаш, “не знам зошто баш сега пред избори манифест“. Значи да, атакува на партија, и тоа онаа на власт, но тоа секако на таа партија и одговара да каже дека е тоа атак на народот бидејќи така повеќе ќе ги боли, па ќе се тргнат од таа офанзива политичка.

Исто така, во манифестот никаде не е спомената промена на името, туку се наведени маани на оваа влада, тоа е напад на владеачката партија. И тоа се нешта кои држат вода. Дека владата немала само погрешни потези можам да признаам, но дека не ми се допаѓа нивната работа и дека лудилото кое го предизвикува свесно, исто така морам да кажам дека не го поднесувам. Сакам патриотска Македонија, не сакам налудничави македонци. Токму заради ова кое ни се случува не можам да ги смислам србите. А сега и јас да бидам како нив, фак ит.
Кога реков ревизија, воопшто НЕ алудирав на власта од пред 15 години.
Туку мислев на правна МЕЃУНАРОДНА ревизија на таа спогодба, која очигледно Грците ја сметаат за НЕ важечка.
Тогаш, еве, нека повелат од Хаг и нека ни објаснат на што треба, а на што не треба да се придржуваме.

А, во манифестот можеби не наведуваат, но во колумните на истиот тој сајт НЕДВОСМИСЛЕНО и директно е наведена промената на името како единствена опција.

И ако имаат проблем со Грујо и неговата политика, бујрум, нека се расправаат.
Но, тие во таа расправа го вовлекуваат и нашиот идентитет...Идентитетот на сиот Македонски народ.
Е тоа, нече мочи.
 
:pos: Трибинава можеле и по мобилен да си ја праат.
Туку, кој дел од текстов треба да го наведе Јован да не му се збори, и дали и тебе ти е смешно тоа што некој се изреволтирал од што не му се јавиле да дојде на трибина?

Procitaj gi zakonskite obvrski na onoj koj organizira javen sobir.

Дефинитивно и апсолутно сТрам да им е, како можеле да не објават јавно дека планираат трибина...

Ве молам не ме цитирајте и не ме терајте повеќе да учествувам на темава.

Мислам дека има многу убави женски на Кајгана кои заслужуваат повеќе внимание од луѓето кои дежураат во подфорумот политика и вести.

Со секоја почит,

Ваш Јован

Sega fraer ispadna?

Ili od denes pocna da se interesiras so zenski :pos2:

Ova nekoja finta od predavanjeto na Gerovski ke da e, i toj taka se vadel.
 
За жал во оваа наша Македонија имаме некои себични луѓе со кои сум имал прилика да разговарам и знам како размислуваат. Тие не се интересираат ни сантиметар подалеку од својот двор, се декларираат за космополити, сакаат да им е фрижидерот полн(секогаш спомнуван во дискусија), а се секогаш глуви за проблемите на своите сонародници Македонци се додека не се соочат со некој од проблемите кои ги мачат овие нивни сограѓани. Значи се се сведува повторно на неединството помеѓу нас и незаинтересираноста за добробит на својот брат-Македонец, со резонирање "ако е далеку од мене не ме интересира и додека не затропа проблемот кој го мачи мојот брат во Гостивар или Струга кај мене на врата не ме интересира".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom