Какво обвинение неверојатно. Па Ниту Геровски ниту Груевски не ни наложува како ќе се викаме себе си. Групата има поинаква замисла за Македонија од таа што ја има мнозинството, што е тоа толку неверојатно. Пак ќе ти ја споредам ситуацијата со милошевиќевата Србија, каде народот беше напален на Аркан, а кога Балашевиќ се појави со песна како “Слобода-не“ и форсирајќи една друга Србија без национјализам го обвинија за предавник. Денес, Србија се лечи од болеста која ги нападна. Ние, сме веќе заразени, ама не одиме на доктор.
Ма да, само прикажи му го тоа убаво на народот, и тој ќе ти поверува. Среќа што никој не настрадал односно бунтовниците биле толку фини, или другата страна на медалот, среќа што Геровски со време се сетил дека може да го изеде стапот па објави дека нема да има трибина.
На акцијата трибина, реакција е контра трибина, односно дебата, за која имало место во моментот.
На акцијата повишување тон има реакција закана по физички интегритет.
А мене ако ме прашаш, потреба да повиши тон и да се закани физички има само прост човек во ситуација каде некој нешто се обидува да му каже. Само и не ме прашуваш, па во ред е.
Јас пак ќе те замолам со факти да ми ги изнесеш симптомите на болеста "национализам" од која што е зафатен нашиот народ.
И конкретно да ми ги повлечеш паралелите со Србија.
Патем, не знам како воопшто споредуваш...Милошевиќ беше американски пулен, инструмент кој ги потпали национализмите, заедно со Туџман и остали, се со цел да се разјебе и без тоа кревкото единство во СФРЈ и да се уништи таа држава. Потоа, истите тие Американци направија хајка против Милошевиќ, во која еден моќен инструмент беа српските студенти, преку организацијата Free your mind, за која добија и MTV award (доволно иронично, чинам). И Србија не се лечи од нејзниот национализам или Милошевиќ. Се лечи од плановите на САД кои ја кутнаа на колена, како и од држењето ко слеп за стап, за Косово кои сами си го дадоа уште во '70-те. Па ако веќе правиш споредба со Србија, истата би имале некаква логика само погледната низ перспектива на конфликтот во 2001.
Се на се, српскиот национализам беше илузорен.
Кај нас се работи за заштита на основно човеково право. И тоа сигурно не е националистичка доктрина.
Нејсе, уште еднаш, те молам, конкретни паралели, кои очигледно ми промакнале.
Што се однесува пак до реакцијата на на Стружани...Не може у случајов да се изолира природата на особите кои ги организираат трибините, ниту нивното финасирање, кое ЈАСНО говори дека имаме работа со безмалку грчки платеници. Истото, кај секој нормален ствара револт.
"Дипломатските" начини се исцрија. Официјалните изјави и негодувања ги игнорираа. Сега беше шанса тет-а-тет да се демоснтрира колку се непожелни и колку нивните мотиви се ниски и штетни.
И ќе повотрам...Им повишиле тон. Имале поостар јазик.
Леле мајко.
Шо мислат, идат на енглески чајанки?
Предлагаат промена на име на маалско дуќанче?
Не, туку си играат со емоциите и идентитетот на цел еден народ, кој за разлика од нив, нема финансиска сатисфакција од грчкото негирање.
Пази со болдираното каква контрадикција правиш. Значи “срам да им е“ на оние пред 15 години и ние сега ќе направиме ревизија. А кога ќе дојде прашањето “кога ќе ни се качи стандардот?“ одговорот е “епа прашјте ги оние пред 15 години“.
Сеедно, мене воопшто не ме интересира ниту знам да заглавам со тебе во дебата за правно - политички прашања.
Всушност, го читав тој “манифест“ на Геровски, и морам да признаам дека нема нешто Бог знае колку страшно за толкава паника да се крене. Блогерот “волан“, убаво си рекол веднаш, “не знам зошто баш сега пред избори манифест“. Значи да, атакува на партија, и тоа онаа на власт, но тоа секако на таа партија и одговара да каже дека е тоа атак на народот бидејќи така повеќе ќе ги боли, па ќе се тргнат од таа офанзива политичка.
Исто така, во манифестот никаде не е спомената промена на името, туку се наведени маани на оваа влада, тоа е напад на владеачката партија. И тоа се нешта кои држат вода. Дека владата немала само погрешни потези можам да признаам, но дека не ми се допаѓа нивната работа и дека лудилото кое го предизвикува свесно, исто така морам да кажам дека не го поднесувам. Сакам патриотска Македонија, не сакам налудничави македонци. Токму заради ова кое ни се случува не можам да ги смислам србите. А сега и јас да бидам како нив, фак ит.
Кога реков ревизија, воопшто НЕ алудирав на власта од пред 15 години.
Туку мислев на правна МЕЃУНАРОДНА ревизија на таа спогодба, која очигледно Грците ја сметаат за НЕ важечка.
Тогаш, еве, нека повелат од Хаг и нека ни објаснат на што треба, а на што не треба да се придржуваме.
А, во манифестот можеби не наведуваат, но во колумните на истиот тој сајт НЕДВОСМИСЛЕНО и директно е наведена промената на името како единствена опција.
И ако имаат проблем со Грујо и неговата политика, бујрум, нека се расправаат.
Но, тие во таа расправа го вовлекуваат и нашиот идентитет...Идентитетот на сиот Македонски народ.
Е тоа, нече мочи.