F
FilipMacedon
Гостин
За жал во оваа наша Македонија имаме некои себични луѓе со кои сум имал прилика да разговарам и знам како размислуваат. Тие не се интересираат ни сантиметар подалеку од својот двор, се декларираат за космополити, сакаат да им е фрижидерот полн(секогаш спомнуван во дискусија), а се секогаш глуви за проблемите на своите сонародници Македонци се додека не се соочат со некој од проблемите кои ги мачат овие нивни сограѓани. Значи се се сведува повторно на неединството помеѓу нас и незаинтересираноста за добробит на својот брат-Македонец, со резонирање "ако е далеку од мене не ме интересира и додека не затропа проблемот кој го мачи мојот брат во Гостивар или Струга кај мене на врата не ме интересира".
Го знам тој тип на луѓе,просто да се чудиш како можат толку глупаво да размислуваат,но така е,кај нив важи поговорката-Мојата овца ке умре ,ама и на комшијата