Поради инцидент откажана трибина во Струга

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Не се инаетам, сакав само да појаснам како си ги бранеле луѓето своите демократски права.

За луѓето и целите не ни планирам да правам муабет на форумов.
 
Какво манипулирање со термини.... па каде имало НАСИЛСТВО?

вербалното насилство, и то е насилство.

и дали полицијата и владата треба да изигруваат Приватно Обезбедување?

Не. Не на фабрики, сергии и т.н. Но на public meetings, манифестации, демонстрации - да.

Полициското присуство требаше да биде побарано од организаторот пред почетокот на трибината,

мож да си прав, ако не са побарали/казали организаторите. Но веке има 1-2 дена. Каде са апсените провокатори? Кога ке судат некоj (ако го судат)?

а во спротивно ќе слушавме обвинувања како полицијата вршела притисок преку своето присуство, дека ова е полициска држава..дека нема слобода на изразување,удар против граѓанското општество..

Даже да си прав, технически, во детаjлите и во индигнациjата си, нема веза. Впечатокот пред меггународната заедница, биди сигурен, ке е 100% негативен. И ке се намерат организации/соседни држави кои ке трупат активи, поенти од глупоста на властите да не обезбедат против возможни инциденти.

Краен резултат: вие, вашите родители плакате пари, ваши пари на власта, а in return получавате poor customer service, получавате poor return for your bucks и по-нататошно понижуване и осмиване во меггународен план. И нема абсолутно никаква веза дека трибината била на 'соросоиди' или на джедаи или на бахаисти. Do you catch my drift? - Вопросот е чисто технически, about a technical service the authorities are obliged to provide.
 
И јас сум за демократија ама некои работи не можат да се решат со разговор.Гледајте со спорот со Грција 15 години преговори и сеуште ситуацијата не е ни блиску до договор.За делењето на јазични смени на училиштето во Струга сеуште се разговара и нема решение.Мислам дека помина една година од кога почнаа преговорите дали да се дели школото или не.
За Васил: Дали вие Бугарите мислите дека влеговте во ЕУ зошто оставивте добар впечаток.Не пријателе , влеговте од нивни интереси да имаат излез на Црно море.И кај вас има глупости од корупција до сиромаштија сеуште имате јака мафија ама сте во Еу.Јас викам кој ги е*е на ЕУ нека си ги средат нивните морални вредности прво после нека кажуваат за овде.Ебати педофилите европски...
 
вербалното насилство, и то е насилство.

Не. Не на фабрики, сергии и т.н. Но на public meetings, манифестации, демонстрации - да.

мож да си прав, ако не са побарали/казали организаторите. Но веке има 1-2 дена. Каде са апсените провокатори? Кога ке судат некоj (ако го судат)?

Даже да си прав, технически, во детаjлите и во индигнациjата си, нема веза. Впечатокот пред меггународната заедница, биди сигурен, ке е 100% негативен. И ке се намерат организации/соседни држави кои ке трупат активи, поенти од глупоста на властите да не обезбедат против возможни инциденти.

Краен резултат: вие, вашите родители плакате пари, ваши пари на власта, а in return получавате poor customer service, получавате poor return for your bucks и по-нататошно понижуване и осмиване во меггународен план. И нема абсолутно никаква веза дека трибината била на 'соросоиди' или на джедаи или на бахаисти. Do you catch my drift? - Вопросот е чисто технически, about a technical service the authorities are obliged to provide.

Ok, lets see...

zakonzajavnisobiri.png

...значи организаторот може да ја извести МВР, а не е обврзан. Меѓутоа организаторот е обврзан да обезбеди свое обезбедување во тој случај.

Очигледно кривична пријава заслужува и организаторот.
 
А да го прочиташе прво то шо си го потцртал?

Заради интересите на безбедноста организаторот може да го извести МВР. Ако сака.

Ако сака и ако побара и ако дојдат треба да биде спремен да плати колку што ќе му побараат.

Е, ако дојде до загрозување на животот и на здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот организаторот мора да го прекине собирот. Тоа е и направено во случајов.

И плус е известено МВР.

Се според процедура.

Организаторот е чист! Не ја извртувај работата.

И плус мислам дека не се работи за истата работа, ова шо си го ставил е за јавни собири (протести, штрајкови и сл...) али ај...
 
Организаторот е чист! Не ја извртувај работата.

И плус мислам дека не се работи за истата работа, ова шо си го ставил е за јавни собири (протести, штрајкови и сл...) али ај...

Јованче, ако може накратко да објасниш каква страна уствари застапуваш на темава? Те молам.

П.С. Организаторите се прљави ко чергари без куќа. Најголема прљавштина се грчките пари.

П.М.С. И трибина Е јавен собир.
 
Ти изгледа слеп си..или ептен те погодува темава за омилениот професор чим вака се истрчуваш.

Напишав:

...значи организаторот може да ја извести МВР, а не е обврзан. Меѓутоа организаторот е обврзан да обезбеди свое обезбедување во тој случај.

Прочитај ги и неподвлечените делови и после ко прле пред магаре...

СЕКОЈ ОРГАНИЗИРАН СОБИР НА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГРАЃАНИ Е ЈАВЕН СОБИР! - Според Член 2, став 1.

http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=261
 
Јованче, ако може накратко да објасниш каква страна уствари застапуваш на темава? Те молам.

П.С. Организаторите се прљави ко чергари без куќа. Најголема прљавштина се грчките пари.

П.М.С. И трибина Е јавен собир.
Реков дека нема да пишувам за „соросоидите“.

Само бидејќи ми е на следење темава си се вметнувам на некои моменти за некои „споредни работи“.

Ти изгледа слеп си..или ептен те погодува темава за омилениот професор чим вака се истрчуваш.

Прочитај ги и неподвлечените делови и после ко прле пред магаре...
Кај пишува дека организаторот треба да обезбеди свое обезбедување жити се.

Должен е да организира редарска служба. Еве јас ќе ти кажам дека имало уште неколку батковци што ги носеле звучниците и плакатите од кола/комбе до просторијата. Тужи ги па ќе ти речат дека тие биле „редарската служба“.

Ај сеа објасни за што организаторот заслужува кривична.

СЕКОЈ ОРГАНИЗИРАН СОБИР НА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГРАЃАНИ Е ЈАВЕН СОБИР! - Според Член 2, став 1.
Предминатата сабота организиравме кајгана собиранка во еден скопски кафич. Таму имаше 30-тина души. Што ако не истепаше келнерот?

Ние ќе бевме криви што не сме викнале приватно обезбедување?

океј де, нека нема врска, онака само си напишав :kafe:
 
Ајбе ќе се натегам, имаш линкови читај, ако не ти одговара ондак чао пријатно... поздрави го Геровшшки на предавање утре.
 
Ајбе ќе се натегам, имаш линкови читај, ако не ти одговара ондак чао пријатно... поздрави го Геровшшки на предавање утре.
Е ајде де, само прашањево одговори ми го.
Должен е да организира редарска служба. Еве јас ќе ти кажам дека имало уште неколку батковци што ги носеле звучниците и плакатите од кола/комбе до просторијата. Тужи ги па ќе ти речат дека тие биле „редарската служба“.

Ај сеа објасни за што организаторот заслужува кривична.
 
Не обезбедил обезбедување, претпоставувам ниту ја известил полицијата за јавниот собир.

Доколку имало “редарска служба“, како прво лицата кои “насила“ влегле, немаше да стојат повеќе 20 минути да се препираат-вербално, а немаше да се чувствува Геровшшки “загрозен“ и ќе се одржеше трибината.

А ти не се секирај за Геровски, ќе си напише тој во извештајот што обезбедил за одржување на трибината и дали пријавил во МВР.

Еве како изгледала групата “хулигани“:

Incident1.jpg
Incident2.jpg
Incident3.jpg

...од 50+ годишни мажи.

И уште поинтересно како ги избројал тие 20 души... ги множел по 10 валда.

http://www.soros.org.mk/

И мене страв би ме фатило од “насилничкава“ група :kesa:

А како што може да се прочита на сорос сајтот, повторно имало група “хулигани“ ... ама сега се поминало “без“ проблеми, оти Геровшшки со убаав збор ги скротил “раздивените“ вмровски бестии.
 
Колку изгледа розов светот кога го гледаш со тие очила. :pipi:
Од исто место со Латас ги купивте?
 
Па шо го дрвиш тогаш?! Не ти се допаѓал ставот на "некои луѓе", а се потепа да го одбраниш ставот.
Зошто друже се обидуваш да ме обвиниш за нешто кое не го кажувам, или не можеш да разбереш некои зборови што значат? :toe:

Ставот (мислењето, идеите) на организацијата не ми се допаѓаат и не ги поддржувам.
Правото да го искажат својот став, и правото да организираат собир каде ќе се дискутира (дебатира, разговара, муабети) комплетно го поддржувам и мислам дека мора да му биде загарантирано на секој. Како и на мене и тебе кои смееме да си кажеме став тука на форумот, и да не не избришат.
Bratot напиша:
Какво манипулирање со термини.... па каде имало НАСИЛСТВО?

и дали полицијата и владата треба да изигруваат Приватно Обезбедување?

Полициското присуство требаше да биде побарано од организаторот пред почетокот на трибината, а во спротивно ќе слушавме обвинувања како полицијата вршела притисок преку своето присуство, дека ова е полициска држава..дека нема слобода на изразување,удар против граѓанското општество..и пак ќе се обвинеше владата.

Повели, еве со слики од “инцидентот“, па ве молам сите вас...да го посочите критичниот момент кога се случил инцидентот на насилство:

http://www.soros.org.mk/

Каде е тоа “насилно“ спречена?????????????????????????????????

Само игра на зборови и монтирање инциденти.

Погледнете само колку “посетени“ им се трибините, онаму каде не можеле да го соберат членството на СДСМ, не се обиделе ни да сликаат освен себе си се разбира.
Друже, на неколку пати си покажал дека ставот ти е повеќе патриотски од партиски, но исто така многу пати си покажал обратно.
Во случајов конкретно, не можам да сфатам како можеш да напишеш нешто вакво. Клипот го гледавме, сликите се навистина не убедливи, но за некој кој нема поим за што се работи, а сосема јасно е дека трибината не е одржана затоа што група луѓе не дозволиле. Па нема потреба да влезам на маалски фудбалски натпревар и да удрам некој од играчите за да ги прекинам, доволно е да влезам во играчкиот простор.

Мислам дека твоето форсирање на теорија дека тие луѓе немале лоша намера (и под лоша мислам физичка пресметка со организаторот и не дозволување на одржување на таа трибина) не е исправно, бидејќи работите се решаваат мирно и на маса, а не со насилство кое несомнено го има, колку и ти да не го гледаш. И што требаше да се случи за да има насилство воопшто? :toe:
 
Без оглед каква е твојата перцепција на она што го пишувам, па и она што се однесува за мене лично, вниманието насочи го исклучиво на аргументите кои стојат пред тебе:

1. Групата која ги организира овие трибини отворено води општа кампања за промена на името и идентитетот, прочитај по ред за што се залага овде.

2. Не само што оваа кампања е политички синхронизирана со политичката агитација - што подразбира освојување на популистичка поддршка за политичка промена, во корист на опозиционата партија од која и најголемиот дел од нив произлегле, меѓу другото и самите присутни на трибините се од партиските локални комитети.
Потврда можеш да добиеш и на нивната страна за поддршка како и во локалните комитети на СДСМ кои ги организираат.
Па не случајно оваа активност се актуелизира со предизборната кампања.
Впрочем небаре препишани се пресовите и на едните и на другите.

Значи таа “граѓанската“ платформа е чисто партиска.

3. Во врска со инцидентот во Струга.

На сликите па и видеото гледаме постари лица, претпоставувам сите над 50 години.

Дали ти би пратил 50+ годишни луѓе да се тепаат?
Доколку еве си имал намера да ја спречиш трибината.

Следно, од организаторите на трибината овие луѓе беа наречени “хулигани“ и бројката која беше истакната е околу 20тина.

- На сликите и видеото гледаме стари луѓе во поодминати години

- Можеме да забележиме максимум 3ца кои се расправаат.

Потоа со бомбастичен наслов - НАСИЛСТВО- ИНЦИДЕНТ-ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА-ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ - се обидуваат да напумпаат импресија дека едвам извадиле жива глава.

Следниот чекор им беше автоматско обвинување за партиска припадност на тие луѓе и претставување на нивниот револт и негодување кон она што го пропагираат исклучиво како Владин. ( бидејќи не им одговара реалноста дека кај секој македонец кој негува почит кон своето потекло, нивното пропагирање не проаѓа)
Истото се случи и за протестите на Пела и оние претходните на 19.02.

Цел- класично политичко поентирање.

Технички детали на трибината:

- Како организатори, имаа должност да донесат и обезбедување на трибината.

- Наместо 25 мин. да се расправаат, можеле веднаш да викнат полиција и да ја одржат трибината откако ќе беа отстранети пречките. (приведени проблематичните лица)

- Уште пред почетокот можеа да се обратат за полициско присуство на настанот.
Не го сториле тоа.

И целото нагласување и потенцирање на крајот од своите соопштенија дека Владата им го скратила “граѓанското“ право, дека овде владее тоталитаризам и сл. уште повеќе потврдува за нивната мотивираност и манипулација со јавноста.

Бидејќи од сликите можевме да забележиме не повеќе од 50 присутни на сите трибини ( на добар дел 0),со оглед на тоа и те како им одговараше еден исцениран инцидент за да добијат на значајност и да можат да ги експонираат своите интереси.

Па овие луѓе се новинари, сите се медиумски потковани со искуство, зарем се сомневаш во нивната способност за манипулирање и анимирање на јавноста.

4. Паралелно, од истиве актери на трибиниве, читаме секојдневно колумни и разни омаловажувачки текстови за македонската античка историја - нејзино изедначување со заразна болест како “заушки“, потоа обид за историско поткрепување преку пишување полу-вистинито толкување на историјата и давање на причини зашто ете ние сме немале потреба од таа античка историја.

Ја би ги прашал тогаш зошто воопшто имаме потреба од историјата, особено па зошто само онаа “Словенската“.

Очигледни се работите барем за мене, во поглед на интересите кои стојат позади овие трибини.

И напротив, луѓето кои дошле револтирани да ги прекинат трибините воопшто немале лоши намери.
Нивната реакција искрено ми е природно оправдана и мило ми е што конечно луѓето се будат, што конечно ги препознаваат вредностите за кои треба да се борат.
Лоши намери имаат оние кои сакаат да не лишат нас и идните генерации од основните човекови права на сопствен идентитет, негување на историјата и националната гордост.

Нивната медиумска хистерија, која самите ја креираат преку своите медиуми е резултат на оваа политика на регенерирање на националното ткиво и континуитет во историјата.
Колку и да постојат различни вкусови и гледишта за она што го прави Власта во тој поглед, преку афирмирање на историјата, културата, традицијата, макар било тоа и популистички,кичовато,аматерски итн. итн. макар и собирале политички поени, никој неможе да го оспори ефектот кој тие го постигнуваат - а тоа е многу посилна свест за припадноста и одговорноста кон самите себе и земјата.
Конечно постои заинтересираност и почитување кон сопственото потекло, како никогаш досега се присутни историските дискусии, се трага по аргументи, се создава атмосфера на оптимизам, верба во себе и ценење на своите вредности.

Токму ова атмосфера на зацврстување на националната свест и одговорност, го прави теренот непристапен за разните пропаганди на туѓите интереси дали за промена на име, дали за јазик..идентитет... севкупно.

Тоа им смета на овие луѓе кои пропагираат национален ерес, бидејќи не само што нивните позиции во јавното мислење стануваат се' по минорни, ќе ги изгубат и привилегиите - оние финансиските се разбира, кои им ги нуди дејноста која ја извршуваат по нарачка.

Делумно ти го пишав ова и на претходно мислење, но ме изигнорира.

Во овој момент толку од мене,
поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom