Малку си конфизен, ем Германија, ем долари

Нејсе, сепак ќе ти кажам дека пошто ти си кривецот, ТИ да си ја платиш сметката. Не се домаќините ништо криви. Нема бегање од тоа дека треба да се плати глобата. Тоа како прво.
Како второ, тоа што имаш кракован виндоус и сл, ништо не значи. Нема нешто што може да биде скриено. Треба да си ептен добар за да можеш да сокриеш или смениш некоја ствар во твоето ПЦ. Викаш имале податоци од твоето ПЦ. ДА, имаат се' што си имал внатре, од фајови до видео и музика, кои програми ги имаш, ......СЕ'
Колку за пример, што мене ми се случи пред 1 недела. Комуникација со пријател преку маил, разменивме по 1 маил, јас на него еден, он ми возврати. И пред некој ден дискутираме во живо за тоа, и ај да видиме што и како, ....... бараме кај мене во инбокс, аутбокс ......... НЕМА. Аиииии, ај сега кај него, ..... и кај него ЈОК. Батковците ни ги избришале маиловите. И кога размислуваме како тоа сме биле маркирани, ни текна дека насловот на комуникацијата или дел од неа е тоа нешто што го алармирал системот да не обележи и избрише се'. Сега верувам дека знаат и кога идеме да мочаме, ....... пошто нели со тел сме сите поврзани. Ете ти ја мојата најнова прикаска. Како начин на комуникација сега преферирам со ворд или сл документ. Особено ПДФ.