Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Имам едно прашање. Дали има некој начин/шема што ќе ми ја олесни работата обична функција да ја претворам во рекурзивна? Или некоја постапка за полесно да дојдам до рекурзивната функција од нула?

Конкретно сега имам обична функција што проверува дали бројот е прост или не, ама ми треба функцијата да ја претворам во рекурзивна. За Ц се работи.
http://www.refactoring.com/catalog/replaceIterationWithRecursion.html
Ѕирни го ова, може ќе ти биде од корист.
 
Да, ама со готови примери малце потешко ќе ја совладам рекурзијата. Мислев ако има некој совет, нешто, за сам да пробам да дојдам до неа.

Фала сепак, ќе биде и ова од помош. :)
Не те разбирам точно на кое ниво не ја разбираш и неможеш да ја направиш рекурзијата, така да можеби примеров е под твоите знаења, но да го напишам за некои други за полесно да ја разберат.

Ти доаѓа пријател на гости и го нудиш пиво, седнуваш со него и го маваш дур е ладно. Потоа жена ти/девојка ти цела вечер на пола саат ве прашува дали сакате уште пиво, притоа нормално правејќи фаци, аман кога овој ќе си иде дома.
Си оди пријателот дома и твојана мрчи - аман до кога јас ќе ве служам дур се пијанчите и оговарате, ви ибем и фудбал и тикети и се по ред.
Фино ставаш прст на глава и размислуваш како да љокаш а никој да не ти вришти и мрчи. Седиш така во замислена положба, без разлика што ти е јасно дека и да го средиш проблемот пак ќе има мрчење ... нејсе, убаво ти е така.
Следното доаѓање на пријателот, не ја повторуваш истата грешка да го прашуваш дали сака пиво и да му го носиш, туку настапуваш со решението до кое си дошол по минатата пијанка - рекурзивна молба која ќе ти ги спаси нервите: Слушај пеер, ај тркни до кујна, земи едно ладно за тебе, дојди да го дрмнеме дур е ладно, и не ме чекај да те прашувам, земај дур можеш како да си дома и не заборавај после пред одење да ја поздравиш мојана што цел ден не е станата од фејсбук.
И фино, гледате фудбал, ти нозете на маса, пријателот ги носи ладни таман на време, твојана реди лајкови на глупи постови ... се е таман. После 7-мото како вистински јунаци се предавате, пријателот пошто е полн како свиња пред колење, решава дека е доста и ја прекинува рекурзијата, а при излез од неа куцнуе кај домаќинката со муабет поздрав, баш ми беше мило што се видовме, фала на пивото јас отидов ... Она нормално му фрла поглед на игнор и продолжува да клика на слики, а ти полн со меурчиња, ќебапи и кромид фаќаш хоризонтала да дремнеш и тоа благодарение на една проста рекурзивна молба без никој да ти бамбори.
 
Не те разбирам точно на кое ниво не ја разбираш и неможеш да ја направиш рекурзијата, така да можеби примеров е под твоите знаења, но да го напишам за некои други за полесно да ја разберат.


Ја разбирам во суштина рекурзијата како функционира, функција сама шо се повикува, само уште сум во совладување во пракса.

Добра прича, ќе ја имам во предвид за понатаму. :D
 
qXKD4WE.png

Незнаев каде да ја ставам ама еве
Работам и на друг проект ама има време и за него
 
Како да ги најдам елементите над споредна и над главна дијагонала,и под споредна и под главна дијагонала т.е како да го поставам for циклусот и ако може мало објаснување околу тоа.
 
@DotCom
i - редици, j-колони, матрица [n x n]
1. елементи над главна дијагонала се оние за кои j>i, a под неа се оние за кои i>j.
2. елементи над спoредна дијагонала се оние за кои i+j < n, а под неа се оние за кои i+j > n
 
Како да превртам интеџер што завршува на 0?

Ако ми е бројот да речеме 18750, ми треба мене 05781. Се што успеав да добијам е 5781.
 
Како да превртам интеџер што завршува на 0?

Ако ми е бројот да речеме 18750, ми треба мене 05781. Се што успеав да добијам е 5781.
Ако треба и нулата да ја принта, наједноставно би било во низа да ги сместуваш цифрите како што ги сецкаш.
 
Како да превртам интеџер што завршува на 0?

Ако ми е бројот да речеме 18750, ми треба мене 05781. Се што успеав да добијам е 5781.

Или можеш да ставиш еден flag со кој ќе бележиш дали првата цифра е 0. на пример
int flag=0;
if(broj%10==0) flag=1;
И сега ако flag-от е единица при печатење ќе испечатиш само една 0 пред да го печатиш бројот, во спротивно само ќе го испечатиш бројот.
 
Потребно ми е од еден број да ги принта сите цифри помали од 5, ама да ги принта од најбитна до најнебитна како што се подредени во бројот (рекурзивна функција). Првично со тие услови што ги направив ми ги принташе обратно, од најнебитна до најбитна (број%10, број/10). Е сега, во еден while циклус стаив да ми го превртува бројот,па тој превртен број да иде во рекурзивната и да ги принта, работи програмата за сите броеви, освен за тие што завршуваат со 0...

Еве ја задачата:
Код:
Од стандарден влез се читаат N цели броеви. Да се напише програма која за секој прочитан број ќе ги отпечати на стандарден излез само цифрите помали од 5, како и бројот на цифри кои се отпечатени. Печатењето на цифрите помали од 5 да се реализира со посебна рекурзивна функција.
 
Пример:
 
за бројот 8423871 треба да се отпечати 4231 : 4
 
Ако не се лажам, мислам дека има теми за C, C++, C#, python, Java и слично, можеш да постираш таму пошто предпоставувам за факултет ти се задачите ,а форумџиите што постирале погоре читaат мисли и знаат за кој јазик станува збор па ти кажуваат како да решиш, пошто нели ако користиш C е малце поразлично c++,java, C# е ептен проазлично и то.
 
користам MPC-HC за гледање видеа, ама од нопаку имам снимано со тлефонот, можно е некако да се свртит сликата?
 
Ми треба некој софтвер за да преку сериал порт уклучува/исклучува релеи, а влез на податоци да му биде ова http://martybugs.net/electronics/tempsensor/hardware.cgi да речеме.....се наоѓа ли такво нешто? Или наместо тој сензор да се стави сензор за влажност. Може и тајмер(временско реле) на пример
 
Како да ги најдам елементите над споредна и над главна дијагонала,и под споредна и под главна дијагонала т.е како да го поставам for циклусот и ако може мало објаснување околу тоа.
Сите задачи со матриците ти се прилично едноставни кога ќе сфатиш каде треба да го насочиш вниманието.

Прво нешто пред да почнеш да решаваш испиши ја матрицата и пробај да најдеш врска помеѓу елементите.

00 01 02 03
10 11 12 13
20 21 22 23
30 31 32 33

Овие се над главна

01 02 03
12 13
23

Овие се над споредна

00 01 02
10 11
20

Овие се под главна

10
20 21
30 31 32

Овие се под споредна

13
22 23
31 32 33

Еве помош за првото(над главна) одма ќе приметиш дека левиот индекс е секогаш за еден помал од десниот и ќе вметнеш услов на пример i<j(во зависност како ќе ги крстиш променливите или rows<columns)

П.С Пробај сам/а да дојдеш до решението ако сметаш дека не можеш искористи го google овие задачи се веќе решени, со најобично пребарување ќе го добиеш целиот код.
 
Последно уредено:
Некој да се понуди за изработка на дипломски труд?

Предмет: Бази на податоци, Тема: Онлајн аптека (pharmacy)

Инбокс.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom