Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ве молам помош со Гарванот!
Знам дека има веке напишано нешто за него на темава, го прочитав али сепак имам уште некои прашања у глава..многу ме замисли поемава ја обожавам!
значи вака, знаеме дека По бил љубител на алкохолот и дрогите за жал, е сега, дали гавранот бил стварно реалност, или тоа било халуцинација? нормално тоа НЕВРМОР е халуцинација неможе птицата да збори нели -.- али сепак самата појава на гавранот дали тој ја замислил или вистина било тоа? исто и пред тоа, со тропањето на вратата..дали и тоа е измислено или..?
ве молам појаснете ми ке спобудалам, морам да го знам одговорот.
фала мн^^
Од 11 октомври излегува во продажба книгата Љубовта за Ана од Иле Милевски.
Во сите КИОСЦИ во следниве градови: Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Велес, Штип, Куманово, Кочани, Кратово и Пробиштип.
Налетав на делчево од книгата Љубовта за Ана од Иле Милевски и се внесов бидејќи е како автобиографска за секој студент во студентските домови.
Прашав денес во 3-4 киоска, ми рекоа дека ја нема, а во еден ја имало па ја вратиле, а пишува на страната дека демек количините се ограничени. Може да се најде уште некаде знае некој? По книжарниците низ центар???
линк:
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/6724-citajte-ljubovta-za-ana
Иан седна во првата клупа веднаш до прозорецот. За момент ја виде прекрасната зелена трева и неколкуте зелени дрвја коишто допираа дури до прозорецот.
Влезе еден од професорите.
,,Тоа е шефот на катедрата”, рече студентот којшто седеше заедно со Иан во првата клупа.
Се запознавме. Се викаше Маки.
,,Од каде доаѓаш?” го запрашав.
,,Од Виница. A ти од каде си?”
,,Од Пробиштип”, му одговорив.
Го читав тоа што е објавено како e-book, имам забелешки во врска со правописот, има премногу грешки, но веројатно целосното издание е лекторирано, а и некои делови ми се малку конфузни, на пример тоа како нараторот од 3 лице (er форма) се префрлува во јас (ich форма) е многу невешто изведено.
Прво зборува за ликот, а потоа ликот го кажува настанот од своја перспектива. Збунувачки. :icon_conf
Сепак имам желба да ја прочитам цела.
Се разбуричкав по нетов и најдов група на фејсбук, во информации пишува: Романот „Љубовта за Ана“ можете да го најдете во книжарниците во Скопје: Или Или, Египетска Сонувалка и Матица Македонска.
Да, да баш и мене ме збуни ова, но не ми пречи се додека темата е интересна!
Е баш па овие книжарници не знам кај се, в центар се некаде или????