- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.424
- Поени од реакции
- 9.316
Не е негативно, реално е тоа што му го напишав. Со Табернакул и Матица само ќе губи време. Издавањето на книгата е сосем возможно, ама во помали издавачки куќи или ако му го прифатат ракописот на нeкој конкурс. На конкурсите од министерствата најверојатно има непотизам, меѓутоа има добри шанси ако е добра збирката, не е толку страшно.Мака ми е да пишам колку што изнапиша ти, башка цело постирано ти е скроз негативно, но се' што посочив погоре можи да го направи... и ако успее да ја издаде книгата тогаш да го частиш ручек!
Писателите ќе ги најди во ДПМ, професорите на факултет, а издавачите се знае каде. Ако седи тука и те чита па во старт се разочара, тогаш сигурно нема да направи ништо од горе напишаното ниту пак нешто различно...
п.с. во министерството ќе добие пари ко ќе си го видам тилот. таму се' е партиски така да не лупај зелени.
Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Професорите ќе ги најде на факултетите, ама тие не губат време со читање и рецензирање книги на непознати луѓе. Нивното мислење е резервирано за луѓе што лично ги познаваат или за студентите на коишто им предаваат. Во ДПМ не знам дали ќе најде некој, не е тоа класичен пензионерски клуб каде што Веле Смилевски и Матеја Матевски секое сабајле се собираат и шах играат.