- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.299
- Поени од реакции
- 8.777
Табернкул и Матица се едни од најголемите издавачки куќи и водат построга политика на издавање, со други зборови нема шанси да издадат дебитантска збирка поезија на непознат автор. Научна фантастика е дека Табернакул би се согласиле да му ја издадат книгата. И како би консултирал постари автори ако не познава приватно некого? Ќе ги среќава на улица и ќе побара оцена за ракописот? Или како би консултирал професори на ФЛФ, ќе оди во термин за конслтации и ќе побара да се врати за недела дена, па да му ги споделат импресиите? Особено Венко Андоновски ќе нафати на тоа.во која и да објавиш ќе те одерат за печатењето пошто имаат профит на скоро се' (подготовка за печатење, лектура, самото печатење...)
исто така, авотрските права врз книгата ќе ги има издавачката куќа така да не знам дали ќе можеш потоа да ја шерниш онлајн без нивна согласност или самостојно да ја продаваш/подаруваш пошто ќе ти остават во твоја сопственост малку примероци.
од др страна, доколку му правиш промоција и доколку се договориш да ја вадат кај нив по книжари ваљда ќе доприш до повеќе публика...
во однос на тоа дали вреди или не, .... ако консултираш писатели од постарата гарда ќе наидиш на суети, ако консултираш професори на филолошки (од кои еден е Венко А.) ваљда ќе добиеш некое океј лингвистичко мислење...
табернакул (ако издава се' уште) и матица консултирај ги и имај ги во предвид.
Може да се обиде на Македоника, постои шанса да ја објават збирката во електронско издание на нивниот веб-сајт, само претходно ќе треба да се направи јазична редакција, компјутерска подготовка и дизајн на корица. Од издавачките куќи може да се побара контакт од некоја помала, помалку позната издавачка куќа и да се договори. Паралелно може да се следат конкурсите од Министерството за култура и таму да се направи некој обид. Табернакул, Матица, Или-или и други поголеми издавачки куќи нема да ја издадат книгата, освен ако не познава лично некој од издавачите или е многу познат, па може да продаде цел тираж уште на промоцијата (пр. Дарко Лешовски).