Полуматура

  • Креатор на темата Креатор на темата kajganauser
  • Време на започнување Време на започнување
Па не е нешто посебно, нас не носеа во ресторант јадење пиење музика жива таму, и после не ми текнува колку беше часот ни рекоа слободни сте може да одите дека сакате, па викнавме жива музика цела вечер ни свиреа, па му ојдовме на класниот дома абе остаи живи пези :pos::pos:
 
Отидовне се сликавне влеговне али слабо јадењето ја чекав шведска маса 700 денари даовне.Завршивне во 12 и сите по дома.
 
аман де со темава како од марс да си паднат.
што може да се прави на полуматура? се игра, се јаде.....
и што има врска што се прави, што ќе прават сите тоа ќе правиш и ти
 
Полека полека младинава отиде у неповрат. Лично по мене најдобро и да не се слави полуматура, сепак си има матура и си има дипломска што е далеку поважно. Ако не ај и за 4-то одделенка да викнеме трубачи ( ќе биде и тоа кад тад )
Море и јас се мислам да се прави и МАТУРА за првиот чекор.
Еве внуката кај да е ќе прооди овие денови и што само шерпата со мекици и викај комшиите. Не бре ќе правам мини голема МАТУРА еј детето станало чевек.
Ајде како да ја викаме оваа „вертикална МАТУРА“ а да така ќе биде оти има и друга за на крај „хоринзонтална МАТУРА“ од која нема бегање сакал нејќеш не те прашаат и мора да се прави. Дајде адреса го викам Ферус и кумановски трубачи, правам Матура.
 
Си ја најдов сликата од полуматура. :pos:

Колку била крш модата тогаш, а ни 10 години не поминале. Ццц :pos:

Мислам оти во 1 бев дома. :cautious:
 
Јас колку што се сеќавам, кога правев полуматура, сите ко генерација се собиравме пед ресторанот.... потоа влеговме, се сликавме, па си се сместивме кој на која маса ќе седи... па ни честитаа, па почна музика во живо, ни дадоа предјадење, главно јадење у десерт, па таму со баставниците ќе се сликаш, ќе играш со нив, сите ќе играте танго, оро и така нешто слично..... и кога ќе дојде 12 часот на полноќ ќе ви речат ,, Ви посакуваме се најубаво и многу успех''... и така ќе заврши полуматурата.... но некои од вас ќе продолжат уште и тоа........ вечер која нема да ја заборавиш :)
 
од прилеп си ??
ако си на почетоко после сликањето со партнери требаше шутка да прајме, незнам таков бил адето
 
Кога славев ја полуматура им отидов таму све им изедов им испив и си дојдов дома.
 
Еве скоро 1 часот по полноќ а во моето маало ечи музика , и тоа жива музика со најмен "пејач" , типот слави замислете ПОЛУМАТУРА на синчето. Одсекогаш сум бил против сите тие квази "прослави" , нова година , матура , а за полуматура да не правам ни муабет. Свадба без невеста како што би рекол мојот дедо. :) ... Замислете да пречекаш 30-40 гости дома ти одат најмалце 250 евра , на синчето/ќерката да го спремиш за 3те вечери , зошто сеа купуваат алишта и за 2ра и 3та вечер ти одат минимум 400-500 евра , а верувам дека некои даваат и многу повеќе од тоа. Да се барем малце паметни директорите на школите , не многу , само малце , со тие енормни суми на пари што се трошат за 3 пијани вечери на кои повеќето од нив и нема да се сеќаваат , би организирал некоја добра 10 дневна екскурзија низ европава , барем нешто ќе им остане во спомен на тие деца. И така секој викенд им е матура , се пијанчат како ненормални.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom