Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Мене и тебе треба да не засега дали власта (некоја) ликвидира политички противници кои не ги знаеме?Не е исто, и јас сум на тој став. Да, абортусот можеби не ја засега само мајката, еве ги засега и нејзините најблиски. Ама тој круг обично е релативно мал. На пример мене и тебе не треба да не’ интересира дали абортирала некоја жена која не ја познаваме, ниту некогаш сме ја запознале. Тоа дали таа решила да абортира никако не може да влијае на нашите животи. Од друга страна, ако некој одбие да се вакцинира може да стане преносител на заразна болест од која може да има фатални последици целото општество. Иако тој што не се вакцинирал е странец за нас, тој може лесно да ни го уништи животот.
Тоа не е точно. Ако ти имаш развиено имунитет со вакцина, нема да се заразиш. Опасно ќе биде само за оние кои не се вакцинирани.
Прашањето е дали е хумано и дали е во ред ти да поставуваш ограничувања? Или еве, што ако мнозинството од жени во една држава се против абортусот? Има и такви држави во САД!

Автоматски споено мислење:
Се сложувам, но аргументите се тие.Ме мрзеше да барам кај беше напишано... не си земај на душа
И воопшто не е истиот аргумент! Тоа е само глуп слоган на некој "сакам да сум ин, квази-феминистки".
Кога се работи за добробитот на колективот, тешко дека може да зборуваме за некаква "длабока повреда" на хуманоста, посебно кога вакцина е во прашање.
П.С. на првата забелешка имаш одговор во заградата (морален аспект на страна).
Секогаш се ставаат силувањата и инцестот (колку имало лани вакви случаи кај нас и колку од тие завршиле со бременост?) во колективот! Тие се промил.
Кај задолжителната вакцинација си играш со личното право на избор и заштитата на здравјето на поединецот. Вакцината е цивилизациска придобивка, но и правата се цивилизациска придобивка. Човек без права е роб. Човек само во обврски е поданик. И да, јас сум децата да ги примат сите задолжителни вакцини. Ама паралела постои.
@Sawyer88 , знаеш дека црквата ги има поставено ограничувањата кај инцестот, така? Истите правила важат и денес.
Последно уредено: