За да кажеш дека социјализмот е мртов првен види колкав % од Европа со пратеници држат социјалистичките партии, и не мислам дека од калето ќе даваат пари за кредити да имаме подобар систем и подобро здравство. И овие пари што ги имаме ако се искористат подобро продуктивно (да нема крадење како до сега) со добри политики и кадри пред се ќе се подобрат тие сектори
Јас колку сум шарено куртонче ти толку жив и здрав да си куртон еден
Скопје 2014 беше едно големо перење на пари. Зградите за државните институциии се супер и редно беше да ги направат, ама објектите претплатени, фасади од стиропот исто претплатени, споменици по цени x 10 од реалните за фамилијата и луѓето околу неа да се обезбедат генерации унапред и 3-4 врби во Вардар од пола милион евра е класична пљачка за која треба да се лежи 20+ години во затвор
Колку контролираше се Мијалков не знам, ама знам дека во тоа време се изградија огромен број џамии ширум Македонија со пари од Арапските држави и овие ќутеа како мивки (слатки се парите, макар и муџахедински). Знам и дека во тоа време Дпмне со Дуи редовно правеа меѓуетнички тензии за да дигаат национализам и собираат гласачко тело, ете на пример во тоа време на Мијалков - Груби му симнуваше лисици на Омер Буњаку за неказнивоста да дојде до тоа денеска да влегува и во контролна кула на Мнав да дели боксови. И тоа дека прислушкувале само комуњари па не е важно не ти држи вода, бидејки од снимките видовме дека ги прислушкувале и нивните а веројатно и бизнисмени што само по себе ја прави Македонија не толку атрактивна за инвестирање со таква власт.
Викаш и Дпмне направил Вмровска олигархија која е таа ? Јас како што видов истите бизнисмени што беа активни во транзицијата екипата комуњарска стана уште појака сега само сменија страна на финансирање, единствени бизнисмени што Дпмне ги направи се тие на штета на буџетот и тие од типот на Ратко Капушевски да носат отровен валкан мазут за греење од Босна да го трујат народот.
Дпмне, Сдс се прилично слични партии што гледаат пред се џебот свој да го наполнат, само трета Македонска партија како Левица има шанси да сменат нешто. Без нив да не може да се направи влада, и они да диктираат добар дел од политиките на таа влада инаку нема ништо суштински да се смени - пак ќе се лапаат тендери на сметка на државата, пак албанците ќе ја доминираат политичката сцена итн
ПС. Не сум ни член на Левица, еве ако сакаш поточно сум бил член само на Дпмне мноогу одамна ама начинот на кој функционираше партијата тие години а верувам и сега не ме бендисуваше па затоа брзо заврши мојата „кариера“ таму.