Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Подобро би било да се учи од туѓите грешки ама за жал повеќе учиме од своите.
 
Од сопствени грешки највеќе ќе остави последица (било позитивна, било негативна) и највеќе ве се врежа во главата. А од туѓи, пак може да се научи, ама не толку колку првото.
 
Досега многу работи имам сфатено од сопствени грешки:icon_conf
 
Па и од свои и од туѓи ама повеке од свои мислам
 
Дефинитивно од свои. Секога грешка си има своја последица. Ако еднаш се изгорам јако од некоја грешка, ќе подразмислам дали ќе си играм со оган втор пат.
 
Ако еднаш се изгорам јако од некоја грешка, ќе подразмислам дали ќе си играм со оган втор пат.

Ако се подзамислиш, НЕ ЗНАЧИ дека НЕМА да ја повториш... Според мене, од туѓи... Некогаш самите лично сме во заблуда, не сме ни свесни дека грешиме. А кога ќе видиме туѓа грешка која влече последици, секогаш се јавува она: А што би било ако ми се случеше мене?
 
Ако се подзамислиш, НЕ ЗНАЧИ дека НЕМА да ја повториш... Според мене, од туѓи... Некогаш самите лично сме во заблуда, не сме ни свесни дека грешиме. А кога ќе видиме туѓа грешка која влече последици, секогаш се јавува она: А што би било ако ми се случеше мене?
Пази, не само последиците кои настануваат како резултат на грешките на другите луѓе не учат да не грешиме.
Според мене, не можеш да сфатиш колку боли ако не почуствуваш на своја кожа, и сметам дека само сопственото искуство е најдобар учител во понатамошниот живот.
 
Од свои!!! - од искуство , ретки се луѓето кој навистина учат од туѓи грешки...
 
Мислам дека најдобро се учи од сопствените грешки,ама не замислуваат и не тераат да размислиме туѓите.
 
своите грешки не ги учиме затоа и многу често ги повторуваме за разлика од оние грешки кои ги прават другите и според тоа повеќе го согледуваме патењето на другите.Јас учам повеќе од туѓите грешки а не од сопствените.
 
Секако од своите кога на своја кожа ке почуствуваш дека си згрешил нема да ја повториш грешката.:smir:
 
Подобро би било да се учи од туѓите грешки ама за жал повеќе учиме од своите.

Се согласувам. Колку и да слушаш совети од туѓи искуства, додека не почувстуваш на своја кожа нема да ти дојде памет.
 
Подобро е од туѓи, ама кој да се замара со туѓи животи и неправди. Сепак треба да се одживее со полни гради, полно срце исполнета душа со она што не прави среќни,па грешните или вистинските постапки би биле маргинализирани од убавината на животот и единствено времето ќе покаже дали биле исправни нашите постапки и дали сме направиле грешка или чекор напред. Понекогаш грешката може да значи чекор напред.
 
Dodeka ne osetis na tvoja koza ne svakas dali ti e toa greska,iako drugarot ti vika ne.
 
А кој жив научил нешто од туѓите грешки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom