Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

значи се учи од тујѓите грешки и тоа премн али зависи у која тема се раб ако е за љубов тогасх само од свој грешки
 
Блазеси му на оној кој учи од туѓите грешки , меѓутоа како што велеше Бред Пит во еден филм , постојат 2 начини да научиш лекција , едниот е ако веќе веќе си ја згрешил , другиот е кога имаш пиштол вперен кон главата. Ниеден од тие начини не е безболен.
 
Од свои нормално. Искуството се стекнува преку свои грешки никако преку туѓи. Тоа што ќе го "пробаме" тоа е тоа. :D
 
Од своите се знае ако сме учеле од туѓите грешки сите ќе сме биле безгрешни:salut:
 
Сепак сакам да учам и сеуште учам од туги грешки зошто знам како боли кога е на моја сметка :smir:
 
Се учи од свои грешки... Ако направиш некоја ГОЛЕМА грешка во животот...богами и нема да ти текне во животот пак да направиш нешто такво или слично сеедно... :nesvest:
 
Секако дека е подобро да учиме од туѓите грешки, но ефектот е подобар кога учиме од сопствените.
 
Сепак на своите грешки се учи подобро... Доколку некој друг има направено нешто слично шо ти се има случено денес... е причина повеке да се потсекаш и на лоши моменти//
 
Од свои грешки е подобро, според мене.:smir:
 
Зависи, некогаш и од туѓи... :toe:
 
Од свои..100 посто ДОКАЖАНО...Жив пример сум јас со милион грешки...за кои се каам а една најголема и доколку би имала втора шанса а ќе немам веднаш би ја поправила...xD
 
има три видови на луѓе
-глупите кои не учат ниту од своите ниту од грешките на другите
-паметните кои учат од сопствените грешки и
-среќните кои учат од грешките на другите
 
Додека не осетиш на своја кожа никогаш нема да прифатиш совет од некој кој веќе го поминал истото.
Ми зборувале многу за икс работи но не сум обраќала внимание.Кога осетив на своја кожа почнав работите да ги гледам какви што се!
Значи ништо површно ... Кога ќе ја вочиш сопствената грешка ќе се потрудиш да не ја повториш никогаш повеќе.Се додека тоа не се случи ќе веруваш во исклучоци кои за жал се поретко ги има.
 
поубаво е да се учи од туѓи грешки, затоа што ти не си ја доживеал таа грешка и веќе знаеш како да се справиш со неа. а добро е да се учи и од свои грешки, еднаш си ја направил таа грешка и нема да дозволиш уште еднаш
 
паметните учат од туѓите грешки
а глупавите од сопстваните грешки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom