Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Па исто така тоа зависи од личноста ако може да сфати и да научи од туѓите грешки
ке сфати ако нможе тоа си е негова грешка
 
Мислам дека подобро се учи од соопствените грешки затоа што повеќе би се замислила што направив ако ја осетам грешката на моја кожа отколку кога ќе ми кажи некој каде згрешил.
 
Без разлика од чии грешки учиме кога пак истата грешка ќе ја повториме.не е само да научиме каде да не гршиме туку кога ке се најдеме во таква ситуација да ја примениме лекцијата. Според мене грешки ке постојат секогаш колку и да сме претпазливи, важно е да ја поправиме грешката бидејќи ако не ја поправиме правиме уште една.
 
:olee: TOCNO TAKA! no sepak poveke ucime od nasite greski..zatoa sto poveke boli koga na nas ke ni se sluci..otkolku na tuga ...:smir: :salut:
 
Сепак најдобро се учи од сопствените грешки затоа што сме ги искусиле и осетиле на своја кожа, но и туѓите грешки не треба да се занемаруваат - и од нив се учи. Јас често знам да примам совет, да ги ислушам моите најблиски, другари, пријатели кога ми се доверуваат за некои нивни грешки кои за жал премногу е доцна за да ги поправат и тоа некако ме повредува. Па затоа знам да учам и од туѓите грешки, се трудам да бидам повнимателна и претпазлива затоа што грешките секогаш оставаат последици.

Но како и да е, дали учиме од сопствените или туѓите грешки, важно е дека никогаш не научуваме - порано или подоцна пак ке згрешиме......
 
Џабе е се, ако не се изгориш самиот. То е исто како да се изгори некој друг, а да речиш ти дека тебе те печи.
Не оди то така. Мора сам да искусиш, џабе ќе бидат сите совети и сите видени туѓи грешки.
Мора сам да го осетиш на своја кожа. Ќе беше многу убо ако сите учевме од туѓите грешки. Тогаш ќе имаше многу совршени луѓе на земјава.
 
Ахам баш така... додека не осеташ самиот на себе нема да знаеш како е...сепак луѓе сме учиме од сопствените грешки...
 
па точно е дека е многу подобро кога учиме од туѓите грешки,но факт е дека кога лошото ќе го осетиме на своја кожа многу повеќе ќе знаеме како да го избегнеме во иднина.............и точно- дека треба СЕКОГАШ да учиме од туѓите грешки затоа што паметните луѓе го прават тоа...........ДА,секој човек греши но не секогаш свесно..............
 
Како и во бизнисот - Секогаш учи од туѓи грешки. Ако учиме од сопствени... некако баш и не ќе донаучиме...
 
Абе најдобро е да учиш од туѓите грешки.Ама па подобро ќе научиш ако го осетиш тоа на сопствена кожа.Позаебано ама па поубаво ќе си знаеш за друг пат :)
Сепак.мој конечен одговор...Од туѓи грешки.
 
Дефинитивно најдобро се учи од свои грешки, бидејќи никогаш нема да дознаеш ако тоа не го почувствуваш самиот. Јас имам такви милион случаи, и секогаш ја повторувам грешката од другиот, со надеж дека тоа мене никогаш нема да ми се случи...и кога ке се освестам веќе е доцна, грешката е направена.
 
Од свои бе како од туѓи ако се заебе некој друг ке си кажеш ''он/a се забеа може јаc нема'' а кога ке се заебеш ти ке си знаеш да не повторуваш пак исто освен ако не си малумник/мазохиста невиден
 
Најдобро се учи од сопствените грешки.Зошто кога еднаш ќе осетиш на своја кожа како е тешко дека пак ќе ја направиш истата грешка.
 
Ако не научиш од своите грешки сигурно нема ни од туѓите =)
 
Сите викаат дека е подобро да се учи од туѓите грешки ама јас не го применувам тоа, додека не осетам на моја кожа никако да научам!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom