Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Најубаво од туѓите грешки да се учи, да не ставаме рака во оган кога веќе некој пред нас се изгорел. Многу пати сум учела од туѓите грешки, но не и секогаш. За некои работи додека сам не увидиш, не ти се случи неможеш да знаеш.
 
Најправилно и најдобро е да се учи од туѓи грешки...
Бидејќи боли кога се учиме од своите... Но токму поради тоа, подобро се учи од своите грешки, мислам, после тоа сигурно два пати ќе помислиме пред да направиме нешто... бидејќи убаво сме осетиле на своја кожа како е!
Зависи кај кого како.... јас на пример кога сум осетила на своја кожа после тоа ептен внимавам да не ми се повтори...
а кога е од туѓа грешка, не обрнуваш многу внимание!
мада, боли кога е од своја :nesum:
Значи најдобро се учи од своја грешка, а подобро е да се учиме од туѓите!
 
Учиме повеќе од своите затоа што е осетено на наша кожа,но и од туѓите.Сепак,од туѓите само гледаме,а на нашите осеќаме.:)
 
отсекогаш ми викале: учи од туѓите грешки
ама за џабе.секогаш нешто мора прво да осетиш на своја кожа за да се опаметиш и да знаеш како да го избегнеш наредниот пат
 
Ние луѓето пред се се ситиме на туѓите грешки и пропости.

Учиме исклучиво од своите грешки.
Лошо е кога ќе ти се случи една грешка, да дозволиш тоа да се повтори уште еднаш-тоа е знак дека не си доволно зрел и дека уште не сфатил и разбрал дека се она што ти се случува во животот можеби е случајно но сепак е школо за понатаму.
 
Pametnite luge se ucat na tugite greski ,za zal, poveketo se ucime od sopstvenite.:smir: :smir: :smir:
 
На туѓи грешки само може да се увиди, што не значи дека ти нема да ја направиш истата таа грешка. Се прават грешки и се повторуваат, но најмногу се учи кога ќе се почуствува на сопствена кожа!
 
а како можеш да се учиш од туѓи грешки , кога никој не ти кажува каде и кога згрешил ?!
E да, има луѓе кои ги кријат своите грешки, т.е. не ги признаваат. Гордост, најверојатно.

Учам и од туѓите (не сечии) грешки и од своите. Без разлика што не ги чувствувам директно на своја кожа, сепак последиците од некоја туѓа грешка несакајќи ги доживувам блиску. Не сум рамнодушна кога некој ми ја доловува грешката и така учам. А сопствените грешки гледам да не ги повторувам. Од друга страна пак, може да се случи да знам за туѓа грешка, а да сакам самата да искусам. Некогаш чувствувам дека треба да ризикувам и јас без разлика што некој имал лошо искуство во врска со истото.

Ги имам предвид туѓите грешки, а се трудам да не ги повторувам сопствените.
 
Од туѓите грешки единствено нешто што можам да извлечам како корисно е некаков вид на искуство. Може да ми се најде корисно некогаш (пример, да бидам во иста/слична ситуација и да си кажам „Еј да беее, на оваа и оваа и се деси тоа, дај ќе бидам претпазлива.) Сепак, шансите да се сетам на тоа се минимални кон непостоечки, освен ако личноста не ми е премногу блиска или фамилија.

Згора на тоа, кога некој друг ќе згреши, секогаш си викам дека нема шанси и мене да ми се случи истото, и не толку обрнувам внимание на туѓите последици. Нормално-затоа што се туѓи.

Од друга страна, кога јас лично ќе се изгорам еднаш, ретко ја повторувам истата грешка (ретко исклучок да ми се деси да се изгорам по втор пат, ама се дешава :icon_lol:).

Се` на се`, подобро се учи од сопствените грешки.
 
Од сопствените.

Кога ќе почувствувам нешто на своја кожа тешко дека ќе се обидам да го направам пак, последиците од грешката паѓаат врз мене, а со тоа и претпазливоста да не ја повторам истата.
„Кој еднаш се изгорел од врело млеко, дува и на матеница“. :)

Од туѓите грешки се учи исто така, ама повеќето од нас не обраќаат внимание, не ги засега, не ги допира туѓата болка.
„На туѓ грб и сто стапа се малку“. :)
 
Најубаво се учи од своите сопствени грешки...После секоја направена, знаеш дека мораш да се трудиш да не го повториш тоа шо си го направил и она кое си го згрешил..И тогаш стануваш свесен за тоа и сигурно ако си се изгорил еднапш не си будала да се изгориш по втор пат..
 
Во целост се согласувам. Но некогаш треба да се учи и од туѓи зошто и тое е едек квалитет на личноста.Поз.
 
Od sostveni normalno. Tie imaat pogolem i direkten efekt vrz tebe. Trgnuvajki od egoisticnosta na covekot sekogas poveke boli koga ti samiot si sgresil otkolku nekoj drug.
 
E да, има луѓе кои ги кријат своите грешки, т.е. не ги признаваат. Гордост, најверојатно.

Учам и од туѓите (не сечии) грешки и од своите. Без разлика што не ги чувствувам директно на своја кожа, сепак последиците од некоја туѓа грешка несакајќи ги доживувам блиску. Не сум рамнодушна кога некој ми ја доловува грешката и така учам. А сопствените грешки гледам да не ги повторувам. Од друга страна пак, може да се случи да знам за туѓа грешка, а да сакам самата да искусам. Некогаш чувствувам дека треба да ризикувам и јас без разлика што некој имал лошо искуство во врска со истото.

Ги имам предвид туѓите грешки, а се трудам да не ги повторувам сопствените.

токму така
егото

само прво дефиниција за поимот ГРЕШКА
 
ucenje od tugite grseki-teorija
ucenje od sopstvente greski-praksa za vo zivotot
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom