Подобро се учи од свои или од туѓи грешки?

Туѓите грешки не оставаат доволно голем импакт врз тебе за да ги сфатиш сериозно.
Односно,не мислиш,додека во твојот живот не ти се појави причина да мислиш.
 
Дефинитивно повеќе можеме да научиме од сопствените грешки него ли од туѓите.
 
Колку што можете од своите, можете и од туѓите грешки да научите. Разликата е во тоа што, на ваша кожа повеќе боли, а не дека повеќе ќе научите. Ќе научите и така и така :toe:
Мое мислење.:smir:
 
Релативно исто, ако знаеш како.
 
Колку што можете од своите, можете и од туѓите грешки да научите. Разликата е во тоа што, на ваша кожа повеќе боли, а не дека повеќе ќе научите. Ќе научите и така и така :toe:
Мое мислење.:smir:
Море остај, кога ќе осетиш на своја кожа, ќе подразмислиш за друг пат. Мада и од други грешки се учи, не викам не:smir:
 
Па нема човек што не згрешил у било каква смисла...
Најдобро е да се учи и од своите грешки и од пријателските грешки .... :D :D :cheeky1: :)

______________________

OveR..!! This is my destiny..!!!
 
Море остај, кога ќе осетиш на своја кожа, ќе подразмислиш за друг пат. Мада и од други грешки се учи, не викам не:smir:


Јас не размислувам само кога ќе осетам на своја кожа. Туку и кога се наоѓам во ситуации каде што други згрешиле, за да не згрешам и јас. :smir:
 
Финтата на изреката ако воопшто има финта е да бидеш доволно паметен за да учиш од туѓите грешки, а за од своите тоа се подразбира, од своите грешки и онака ќе научиш (што друго ти преостанува).
Предлог-принцип за учење од туѓи грешки (се ставаш во кожата на другиот и размислуваш како би се снашол/би ти било ти да си на неговото место.
Ако и од сопствените грешки не научиш тогаш имаш проблем со паметење. Нема лабаво во животот, суров е. Една грешка-мака тешка.
 
Абе поуката како поука арна си е, можеби за туѓи грешки како следниов пример: Мојата најдобра другарка не внимавала и останала трудна. После јас може ќе внимавам (а и не мора да значи). :pos2:
Инаку, мислам дека од туѓите грешки никогаш не може да научиш како кога ќе осетиш на своја кожа, ама ако можете од туѓа, подобро ви е. :pos2:
 
Туѓите грешки најчесто се како предупредување,што значи дека не мора да ги сфатиме сериозно.Ама нашите сопствени се лекција што би требало да ја запамтиме.За мене ова не важи секогаш,поготово не во љубовта.Ако се изгорам еднаш,следниот пат сум спремна да ми се случи истото,доколку сметам дека вреди да жртвувам.Сепак,сум донекаде претпазлива и се трудам да учам од сечии грешки.
 
уф, мислам дека од сопствените. дур не осетиш на своја кожа, не е исто и со тоа да ти каже некој како/што згрешил и колку оставило тоа последици.
се учи и од туѓите, ама од сопствените највеќе.
 
Јас не размислувам само кога ќе осетам на своја кожа. Туку и кога се наоѓам во ситуации каде што други згрешиле, за да не згрешам и јас. :smir:
Сепак не е тоа тоа. Не викам дека не учиш од туѓи грешки, ама подобро ги учиш кога ќе ги доживееш на себе.:smir:
 
Подобро се учи од сопствените грешки, затоа што секој си тера по својот пат, што ќе ми се грешките на другите, воопшто не ми ги треба, ја сум си свој, идам напред со свој разум.., ако некој погрешил за некоја работа, ако не испаднала добро, ако доживеала неуспех некоја негова идеа или слично тоа си е негова грешка, и сега ја не смеам да ја сфатам како демек еј тој згреши шо го стори тоа, не смејам и ја тоа да го направам, можеби и ја ќе доживеам неуспех..тоа е недостиг на храброст...ма што ми е гајле ако некој се заебал негов проблем, ја морам да го сторам тоа што сум си го замисли, без разлика на искуствата што ги доживеале другите ... е тогаш ако згрешам, ќе научам.., ама ќе го доживеам тоа..Јас лично, а не преко некој друг да го присвојувам...:):)
 
Дефинитивно повеќе се учи од сопствените грешки. Мене на пример џабе некој ми кажува не прави вака, не прави онака, ти кажувам од лично искуство....Што ќе ми е неговото искуство, кога самата не сум го осетила на своја кожа. Ако е толку лошо, откако ке го искусам ќе се помислам дали и друг пат ќе го повторам тоа. Од грешките се учи. Па не сме во стаклени звонци да не ни се случуваат и лоши работи. :) :icon_roll
 
Според мене подобро е да се учи од туѓите грешки за да знаеме што е убаво да правиме а што не..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom