K.Warrior
Why So Serious?
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 415
- Поени од реакции
- 675
Настапите на Блажевски и Маринова се болната вистина и ситуација во спортот кај нас, особено во пливањето.
Од спорт во кој имавме солидни резултати барем на балканов па и европа, ние сме на најниско ниво паднати, и нема никаква надеж дека во иднина ќе крениме гла. Прво основни услови нема... Освен во Скопје во друг град нема затворен базен со олимписки димензии кој би бил за тренирање на пливачи, па и тој во Скопје не е во функција голем дел од годината. И која е мотивацијата кога треба се сам да си плаќаш и да немаш никаква подршка?
Пливањето кај нас е спорт само за деца на богаташи кои освојуваат медали само на натпревари во србија и бугарија во конкуренција на давеници.
Од страна на нивни колега ги оправдувам и двајцата дека се најмалку виновни за тоа што им се случи во Лондон, а вашето исмејување тука воопшто не е продуктивно и потребно.
Зошто никој со прст не мрда и покрај тоа што олимписката екипа можи да ја собери во едно фичо?
Тоа со пријавените и испливаните времиња е редовна појава, редовно се бламираме на секое првенство, и за тоа треба да си понесат одговорност и пливачите и тренерите и федерацијата која ги пуштила таму.
Можеби не е,но која е алтернативата?Ние сме виновни што државата ја интересираат повеќе споменици на Антички генерали отколку на младите,потенцијални генерации на спортисти(и уметници,режисери,музичари,итн.)?
Сликата секогаш била истата.Цаци Миладиновски ми е другар 20 години,знам низ што се поминуваше низ кариерата,кога буквално молеше спонзори за витамини,бидејќи неговите немаа доволен приход за нормална егзистенција,а камо ли да подржуваат финансиски Балкански шампион и 2-кратен Олимпиец.
15 години пливаше по 4-5 часа дневно и сето тоа беше на грб на неколку спонзори и на неговите кои редовно позајмуваа пари за да може да тренира и да јаде нешто покорисно од ајвар.
Во 2000 олимписки беше поделен на два,едната половина за нашите аспиранти којшто имаа подготовки за олимпијадата а другата за рекреативци.Такви беа условите за тренинг.
И сега е истото,само што тогаш имаше поупорни,потврдоглави спортисти,коишто имаа цел и даваа максимум без разлика на предиспозиции или околности.
Се додека не се создаде атмосфера за креирање успеси,додека не се обучи кадар,додека не се втемели спортот уште во основно,сарказамот ќе биде начин да се изрази незадоволство и гнев.