Пливање, ватерполо и останати спортови на вода, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Настапите на Блажевски и Маринова се болната вистина и ситуација во спортот кај нас, особено во пливањето. :sick:
Од спорт во кој имавме солидни резултати барем на балканов па и европа, ние сме на најниско ниво паднати, и нема никаква надеж дека во иднина ќе крениме гла. Прво основни услови нема... Освен во Скопје во друг град нема затворен базен со олимписки димензии кој би бил за тренирање на пливачи, па и тој во Скопје не е во функција голем дел од годината. И која е мотивацијата кога треба се сам да си плаќаш и да немаш никаква подршка?
Пливањето кај нас е спорт само за деца на богаташи кои освојуваат медали само на натпревари во србија и бугарија во конкуренција на давеници.

Од страна на нивни колега ги оправдувам и двајцата дека се најмалку виновни за тоа што им се случи во Лондон, а вашето исмејување тука воопшто не е продуктивно и потребно. :unsure:
Зошто никој со прст не мрда и покрај тоа што олимписката екипа можи да ја собери во едно фичо? (n)

Тоа со пријавените и испливаните времиња е редовна појава, редовно се бламираме на секое првенство, и за тоа треба да си понесат одговорност и пливачите и тренерите и федерацијата која ги пуштила таму.

Можеби не е,но која е алтернативата?Ние сме виновни што државата ја интересираат повеќе споменици на Антички генерали отколку на младите,потенцијални генерации на спортисти(и уметници,режисери,музичари,итн.)?

Сликата секогаш била истата.Цаци Миладиновски ми е другар 20 години,знам низ што се поминуваше низ кариерата,кога буквално молеше спонзори за витамини,бидејќи неговите немаа доволен приход за нормална егзистенција,а камо ли да подржуваат финансиски Балкански шампион и 2-кратен Олимпиец.

15 години пливаше по 4-5 часа дневно и сето тоа беше на грб на неколку спонзори и на неговите кои редовно позајмуваа пари за да може да тренира и да јаде нешто покорисно од ајвар.

Во 2000 олимписки беше поделен на два,едната половина за нашите аспиранти којшто имаа подготовки за олимпијадата а другата за рекреативци.Такви беа условите за тренинг.

И сега е истото,само што тогаш имаше поупорни,потврдоглави спортисти,коишто имаа цел и даваа максимум без разлика на предиспозиции или околности.

Се додека не се создаде атмосфера за креирање успеси,додека не се обучи кадар,додека не се втемели спортот уште во основно,сарказамот ќе биде начин да се изрази незадоволство и гнев.
 
Имаат Американците еден во штафетата, пливаше у Пекинг, не ми текнува на името само :)
Слабо пратам пливање па ме интересира, имало ни некој црнец пливач шампион или со некој друг позначаен успех?
Инаку тоа што не ги бива црнците е сигурно заради некоја специфичност во физичката конституција (моја претпоставка), ама дали знае некој да ми објасни подетално зошто е тоа така?
 
Kако да не ја исмејувам, нели пливаат секојдневно, нели имаат тренинзи, и на тие тренинзи да има 20 секунди послаб резултат од тој што го направила (ако воопшто го направила), а минута и повеќе зад најдобрата во оваа дисциплина.
Па некој овој резултат ќе го прае и со 4 тренинзи месечно.
Срамно е, а жалосно што се лажиме дека не бива, а уствари далеку сме од барем Б норми.
 
Александар Маленко (младински европски првак) и Мирјана Бошевска (четврта во Европа на сениорско ЕП)

Колку сега тоа изгледа неверојатно...
 
Vremeto na 400m na Marinova(od trkata na 800m) bese 4:38.41, dodeka vo kvalifikaciite legendarnata Saryyeva Jenet imase vreme od 5:40.29.

Barem ke bese pretposledna Simona ako plivase na 400m .:facepalm:
 
Александар Маленко (младински европски првак) и Мирјана Бошевска (четврта во Европа на сениорско ЕП)

Колку сега тоа изгледа неверојатно...
Маленко и сега да се врати со едномесечни тренинзи ќе биде подобар од сите овие наши пливачи заедно.
 
Vremeto na 400m na Marinova(od trkata na 800m) bese 4:38.41, dodeka vo kvalifikaciite legendarnata Saryyeva Jenet imase vreme od 5:40.29.

Barem ke bese pretposledna Simona ako plivase na 400m .:facepalm:
Па и сеа е претпоследна, ја дисквалификувале пливачката од Ирска, на листата нашата е пред неа.:icon_mrgr:
 
Sidney Samson... како Марко Блажевски немал основни услови кога тренира и студира во Америка? Или одговорот е, не е и Америка тоа што беше.

Сосема си во право, тренира во Америка 3-4 години уназад... Како стигнал до таму, само тој и татко му (главен тренер во ПК Вардар и репрезентација).
Ако си приметил медиумите само за него пишат дека остварил најдобри резутати во тој колеџот или што јас знам. Лично против него немам ништо, ама или колеџот е во некое последно село или цела вечер не спиел после отворањето на олимпијадата па 3 секунди испливал послаб резултат.

Мојот пост не беше дека ние треба да се гордејме со Марко и Симона, него да сфатиме дека тие се можностите и тие се квалитетите.

Се сложувам со K.Warrior, 20 години во Битола термини на лето за клубовите се од 8-10 и 5-6 и 30 поручек, а останатиот дел е за рекреативци (селани шо се мочат во базенот). Не е вложен ни денар во базенот, дури нема ни бројки повеќе на стартните столбови, газдата си кладе тобоган, еден куп лежалки значи вложи во се наоколу (дискотеки, ресторани, кафич...) а базенот е истиот од пред 30 години.
И покрај ова, 2005/6 имавме резултати кои беа 2-3 секунди до норма. Океј, 2-3 секунди се цела вечност во пливањето, ама со 2 месеци годишно пливање и 10 месеци трчање и занимавање со друг спорт требаше да бидат поттик некој да дојди и барем еден затворен базен да има надвор од Скопје. Единствено спонзорство во мојот клуб е ако некој се сожали и ни дај 20 мајци со натпис за да се знај дека сме клуб ништо повеќе.
Ја знам ситуацијата и во Скопје како е горе-долу пошто таму и студирам веќе 2 години. Се дури тренираат 'еден над друг' пливачите оти тоа им е единствен приход на тренерите, ние нема да имаме ни еден единствен пливач. И жално е што за пливањето па и за другите спортови кои се веќе изумрени на новинарите им текнува само кога им останува последната страна празна во весникот па ај ќе напишам и за овие нешто.

Да имаше дисциплина крадење и лажење, тогаш сите рекорди ние ќе ги држевме и ќе бевме неприкосновени ;)
 
Ауу што прокоцкаа србиве,имаа чиста победа,и на крај мораа да спасуваат нерешено.
 
Братска поделба бе, не им е прв пат вака да одиграат... На ЕП во Ајндховен одиграа нерешено и отпадна Хрватска... И имаше заебанција низ интернетот, "Што испаѓа кога ќе се договорат Србија и Црна Гора? - Хрватска" :pos:

Види Фотос друже, ти си по програмата :D... Од колку вечерва е полуфиналето на 100 метри пеперутка, каде пливаат Чавиќ и Фелпс? :)
 
Ме разочараа колегиве мои, не знаев дека се преваранти, поготово Симона. Кој кур пријавуваат такви времиња..... За Блажевски немам коментар, знам кој е татко му.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom